Свадба - да или не?

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Пошто коса на глава ми се крева, и останува така во текот на наредните две недели по само една вечер проведена како гостин на македонска свадба nowadays... Сериозно ќе размислам кога ќе дојде тој ден (АКО дојде :icon_lol: ).
Не, не ми е венчавката испланирана уште од ерата на барбиките, немам цртежи со предлог - фустани, ниту куќа на Симс во која ќе живеам, чак ни имиња за деца немам смислено. :icon_lol:
Едно време беше "никогаш нема да се омажам", па "никогаш нема да се омажааааааам...!" (у очај, ова второво :icon_lol: ), па само деца ќе си напрам и после ќе се разведам, па у една прилика на маса пуна луѓе мртва ладна, најљубезно им` соопштив да не очекуваат зет, бидејќи по се` изгледа ќе биде снаа (oстанатиот дел од описот на случката е изоставен од постов)а кутрите мои мама и тато, што се` им` приредив, иако не ме замарале со мажачки и свадби никогаш! :pos:

Уствари, сега, во овој момент и на овие години, претежно јадам бурек кога е свадба тема на разговор, ама при самата помисла на другарчињата ми камен пијани и распеани ми е убаво. :) (Почна(в)...:pos: )

И да биде, нема да биде со братучеди од дваесшесто колено. Реков другарчиња, тоа значи... Прослава, не калак...ца. :icon_lol:
Ак` врне дента, како на мајка ми и татко ми свадбата, се мажам. Ако не, шипинки.
Ете... :pos:
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Јас искрено сум ЗА свадба но да си има одредени граници.

Искрено.. тоа баш и не го гледам како непотребен трошок зошто многу пати сме биле во ситуации кога за сваштарии и непотребни глупости сме дале пари.. а свадбата е сепак момент на прославување на љубовта меѓу двајца млади (добро може и постари :pardon: ). Сметам само дека секој треба да си направи трошок колкав му прилега а не истрошисе и после да се туфка..

Исто како и една членка поназад.. не би ми пречело да видам роднини кои не ги гледам баш многу често.. баш напротив ете тогаш на тој таков момент за мене кој е сепак значаен момент во животот ќе ги видам луѓето кои немам толку често шанса да ги гледам.. пример сигурно имате роднини во друга држава.. зарем не би ги поканиле..Денес има преголем избор на ресторани и хотели и различни менија.. така да секој може да се вклопи некаде..

Некој од членовите спомена демек.. не сакам обичаи или не знам што.. па добро.. не мора сите обичаи да се прават.. но сепак мислам дека треба барем некој адет кој е карактеристичен за македонската свадба да се направи.. зарем не сакате да си ја продолжуваме традицијата ..

Вечера или ручек со најблиските.. може да се организира за родендени.. имендени.. свадба е нешто поинакво и сметам дека треба да се задржи како обичај. А и за тие што рекоа дека не сакаат да се центар на внимание.. па свадбата сепак е забава во чест на младенците.. па зарем треба некој друг да е центар на внимание?

Јас сум единствено против прекумерно пиење и расипување на нечија веселба.. тоа навистина не е фер.. и тоа не мора да го направи некој што е далечен.. може и најблискиот да "откачи" и да излезат работите од контрола.

Сепак.. секој како си сака, така е најдобро. :smir:
 
B

black angel

Гостин
Јас пак ич не сакам традиционална свадба и такви разни адети, па да ти дојде на свадба цела фамилија, па и од другата страна цела фамилија а ти нити ги знаеш нити ги познаваш. Многу ме нервира тоа.
Јас сакам свадба ама само со друштво свадба, без тоа баби, стрини и фамилии, со нив ако сакаат посебно ради-реда ќе ги почастам, а значи на свадба само друштво, рок музика да има пуштено и некаде на сред море или езеро на изнајмен брод. Е таква свадба сакам.
i jas sakam takva ama so moite malce potesko deka ke bide takva tuku ke mora tradicionalna
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
i jas sakam takva ama so moite malce potesko deka ke bide takva tuku ke mora tradicionalna

Е исто и моите би сакале традиционална свадба ама јас им имам кажано уште од сега да знаат што да си очекуваат :icon_lol::icon_lol: а ако сакаат на моја свадба нивни пријатели, фамилија и кого сакаат да викаат, јас немам против. Нека ја викнат во ресторан или кај они сакаат, јас ќе присуствувам на настанот ама тоа после свадбата. Свадба моја јас како што сакам и нити мајка ми нити свекрва ми не сакам да ми се мешаат.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.429
Поени од реакции
2.413
Море ја нејќам никаква свадба многу ми е напорна самата помисла на тоа..сите тие спремања за што?? За да викнеш дузина луѓе што првпат ги гледаш у твојот живот а може и последен:pos2: пошто се на твоите пријатели и колеги од работа и ај ќе си играме театар децава ќе ни бидат куклите а ние ќе си правиме претстава.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Како прво не знам како би идржала во штикли толку време, а не па да гледам некои роднини(кои можеби не ни знаат за мене, прв пат во живот ме гледаат) и пријатели(кои имам чувство дека поголем број ќе бидат колеги на мајка ми и татко ми, зошто знаете, после ќе биде Митрана ја омажи ќерка и, на свадба не викна).
Мала забава со родителите и најблиските, некаде 50тина во ресторанче би било супер.
 

cacikr

K@ŧ€ň©€ŧǾ
Член од
4 јануари 2008
Мислења
452
Поени од реакции
8
Да секако.Сакам раскошна свадба,ејјјјјј уште од сега планирам каква свадба сакам :pos2:сепак ќе видам ко ќе дојди времето за тоа каква ќе е ;)
 

Gabu

Les Paul
Член од
26 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
7
Ич нејќам класична свадба со разни адети :vozbud: А сум за отмена свадба со малце луѓе и интимна атмосфера :pipi:
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
Па не сум обожавател на класични сватби, со 200 човеци ѓупска музика скапи ресторанти БЉАК :pov:. Трошат претерано мн. пари и на крајо шо излева? За 3 месеца се разведуват. :tapp:

Искрено ако доживеам и до свадба ќе поканам само млади луѓе и тва најблиските, кај мене дома, ќе ставам јаки звучници и ќе се изжуркаме со електронска музика и многу алкохол. :toe::vozbud:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Јас сакам свадба и тоа сакам традиционална..Кај нас е три дена..Закон..
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Јас сакам свадба и тоа сакам традиционална..Кај нас е три дена..Закон..
па така бе срцка,да се знае кој сме и шо сме-МАКЕДОНЧИЊА,голема,убава,македонска свадба со ситеадети,а после во некој ресторан до сабајле,па наблаго итн..........едно големо ДАза свадба!
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
2.782
Поени од реакции
33
Зошто да не ...
Свадба - пиеш,јадеш,се веселиш ...
 

nelo

Смрта е сигурна, животот не е!
Член од
29 мај 2008
Мислења
109
Поени од реакции
0
Свадба хмммммм не е лошо ама јас сум повеќе за земи жена и бегај:vozbud:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
На старите ќе им приредам некоја мини збиранка, ќе поиграм орце за да им напраам мерак,а и богами на другаркиве мои кои едвај чекаат да се мажам за да ми играат на маса:)
А инаку, журче за младите, рок, ретро ју и останато,со многу зезање...Така ми се чини дека ќе биде:)
Ако се омажам, оф корс:helou:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Како што поминува времево, се помалку и помалку сакам свадба...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom