Лунапаркови

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.244
Поени од реакции
964
Локација
Скопје
luna-park-sydney-2.JPG


Luna_Park_Sydney_01.png


Дали и колку сте љубители на луна-парковите?
Сега не сум сигурен што работи од нашиот Луна Парк (во Скопје), ама знам како помал многу сакав да го посетувам. Најмногу страв ми беше да се качам на панорамата ама после некое време сепак се повозив и на неа :) А и сега би се повозил, само не знам дали работи.

Сте посетиле ли луна-парк во странство? На што сте се возеле?
 
Не сум била надвор во некој луна парк,али обожавам луна паркови.:vozbud:

Којзнае од кога не сум била и криво ми е.А баш ми се иде на панорамата да се повозам и на оние количкине што се удираат.:vozbud:
Ко малечка бев редовен гостин таму и на се што имало на све сум се возела.:pipi:
 
не сум имал можност да идам негде во странство, ама кај нас интересни ми се количките што се маваат, и бродот
 
Многупати сум била во лунапаркови надвор од Македонија, и уште одам! И тоа каков лунапарк уфф!! супер е!
 
Штом видам некаде да се продава зашеќерено јаболко или шеќерна волна, веднаш асоцијација луна парк :)
 
Штом видам некаде да се продава зашеќерено јаболко или шеќерна волна, веднаш асоцијација луна парк :)

Ауу не, не ми се појавува таа слика. Јас штом видам шеќерна волна и шеќерни јаболка ми се појавува слика на „Ѓурѓовден“ (црквата кај мене во населба го слави). Повеќе ни балончињата со хелиум не ме потсетуваат на луна парк, секаде ги има :crying:
Во луна паркот во Скопје сум била мноооогу пати:happy: , мајка ми често ме носеше порано. А надвор од Македонија како многу мала сум била некаде во Бугарија и не се сеќавам на голем дел од работите :)
Обожавам луна паркови, сите пари таму би ги оставила :shy:
 
Magic Kingdom во Орландо

p101420-Orlando-Mickey_Very_Merry_Christmas_Party.jpg


Нашиов е за нигде, но знам дека како мал многу сум ги терал да ме носат тамо.
 
Пред некој ден онака шетајќи се влегов во нашиов и...

Мислев дека се наоѓам во STALKER играта... Баш ко у Чернобил е. Се е за'рѓано, пусто, не работи, нема деца воопшто.
 
Не сум посетила луна-парк во странство, инаку многу сакам луна-паркови, само нашиот е без врска веќе, скоро ништо не работи, запустен е ептен, се сеќавам до пред некоја година колку беше убаво и живо...Ахх тие времиња.... А кога бев мала и јас се плашев да се возам на панорамата, сега демек помалку се плашам, ама кога ќе погледнам од високо пак ми се дига косата... :ija:
 
Обожавам луна-паркови, и атмосферата која ја нудат. Од самото гледање на сите тие реквизити и тракатанци ми се крева адреналинот. А иначе, повеќе сакам да гледам како други луѓе се возат, отколку јас сама да седнам. Лесно ми се слошува, а тоа у пакет со тазе изедени мрсни крофни не е најсјајна комбинација.

Македонија не може многу да понуди од ваков вид забава, но сепак добро е што барем имаме панорама.:icon_lol:
 
ММмммм не сум некој опасен љубител на луна паркови пошто не сум ни адреналински тип најверојатно... Од нашиот луна парк најзабавни ми беа они како ракети што се креваа и спуштаа, некој филинг на летање ми создаваа и се радував. Позабавни ми се флиперниците мене:vozbud:
 
Пред една недела бевме во БАКЕН вториот по големина луна парк во Данска после ТИВОЛИ, то морам да признаам ми беше прво искуство во такво чудо (пред то мислев е за деца) но беше фантастично за 200 ДКК или 25 еу на сите тие возбудливи “играчки“ штета што немам слики али 3 машки не се многу по фотки...
 
Не сум била одамна, ама во нашиот ми е страв да влезам, да не се разочарам...а како мала сакав да се вртам на балерината и да вриштам, а лани летото пак го направив тоа, во Охрид, само што после ми се вртеше:)
 
На Балканот сум бил само Македонија и Косово :), сега за брзо треба и САД и Шфедска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom