Јас луѓе незнам што сте се исплашиле за предвремени избори.Незнам што е тоа толку лошо,17 години сме независни,а ова ни се први предвремени избори.Неможам да сватам овие два дена се зборува како нетреба да има избори,дека е лошо во овој момент,дека сега не е време бидејќи требало да се реши името.Па нели кога се дискутираше пред НАТО самитот сите се сложивме дека рокови нетреба да ни се поставуваат,а сега ЕУ и нашиве алапачи кои се против предвремени избори бараат овој проблем да се реши за три месеци.Ама овој проблем е многу покомплициран за да може да се реши за толку кратко време,разберете не се работи за додавки и придавки на името туку се работи за нашиот идентитет.
Цело време се труби дека стандардот е лош,се е поскапено,луѓето немаат пари,незнам Груевски ја носи земјава во пропаст,а нејќат предвремени избори.Која е тука логиката,јас неможам да сватам,ем е лошо,ем да не си оди оваа влада.Незнам дали мене нешто ми фали или другиве имаат проблем.Па гледајте ја Италија скоро секоја година имаат избори,на секои 7 месеци паѓа владата,Чичолина им седи во собрание,а отидоа дотаму што една жена што ке се кандидира за во парламент беше или за градско собрание незнам,за нејзината кампања се разголе,односно на пропаганден материјал си го сликала задникот.Јас знам дека не сме Италија,но нели за нив викаме дека се демократски земји,а вие тука сте се исплашиле од едни предвремени избори.Едноставно неможам да сватам.Кажете ми која е разликата ако сега има избори,а која е ако има за 5,6 месеци.Демек за овие 5,6 месеци ке ги исполниме сите критериуму за влез во НАТО и ЕУ.Мижи асан да ти баам.Знаеме и ЕУ и НАТО што бараат од нас за да влеземе таму,да си го смениме името и идентитетот,а ние во овој момент не сме спремни за тоа.Па видете ге разните емисари како Шефери,Солајни,Ренови неможат ни името да ни го изговорат,што значи дека тие не не признават како народ,како нација.Затоа прво нека не признаат како македонски народ кој има јазик,култура историја,па после ке зборуваме за влегување во овие институции.Преголема е цената за да бараме прием обезличени.