B
Borg_Drone
Гостин
Американецот толчи, гркот молчи и ПУШИ ЕКОЛОШКА..
Фрид: Постои македонски јазик и Македонци
МИА Коментари (1)
08.04.2008 11:15
Даниел Фрид
„Не мислам дека македонскиот јазик е „таканаречен“. Македонскиот јазик постои. Постојат Македонци“, изјави Даниел Фрид, помошник државен секретар на САД.
„Како што знаете, во „Foreign Service Institute“ (дипломатска школа на Стејт департментот) предаваме на македонски, како што предаваме на српски, на хрватски, а сега предаваме и на босански јазик. Сите јазици се творештво на човекот. Затоа постои и македонскиот јазик“, додаде Фрид.
„Секако, постои и историска македонска провинција која е различно нешто од државата. И тоа е важно. јасно е дека Владата во Скопје, како што ние Американците ја викаме Владата на Македонија, нема претензии. Ние ја признаваме разликата меѓу историската територија Македонија, која е секако, поголема отколку државата. И ние го поддржуваме процесот за изнаоѓање решение за името што го води медијаторот Метју Нимиц“, смета Даниел Фрид.
„Етничката припадност е факт откако знам. Прашањето за името е на мaса. За него се разговара. Јас не сум преговарач и не сум антрополог или етно-историчар“, рече Фрид.
Атина изрази незадоволство поради изјавата на помошник-државниот секретар на САД Даниел Фрид дека постои македонска националност и македонски јазик.
„Такви изјави не помагаат за решавање на спорните проблеми меѓу Атина и Скопје“, изјави по тој повод грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани. Таа додаде дека „Атина нема да биде вовлечена во таков вид дискусии“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=91572