Гркот толчи, Македонецот молчи...

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Celo vreme mene ne mi e jasno?!!!?!!?
Neli Amerika ni e prijatel i sojuznik,
zosto da menuvame ime?????????!!!!!!!!!????
Zosto za nekoj kompromis zbori Amrika??
Ima li nekoj koj ke mi odgovori?
Зошто Америка им е 10 милиони пати “пријател“ на Грците а само 2 милиони пати “пријател“ на Македонците.Па сега ти види зошто Америка збори за компромис.:toe:
 

IvicaPunK

Старо нов член
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.084
Поени од реакции
85
Celo vreme mene ne mi e jasno?!!!?!!?
Neli Amerika ni e prijatel i sojuznik,
zosto da menuvame ime?????????!!!!!!!!!????
Zosto za nekoj kompromis zbori Amrika??
Ima li nekoj koj ke mi odgovori?


Грција си има право на Вето другар, а "Пријателот" Америка ништо не може да направи!
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
ебете се сите у гс... само ме нервирате... кои народ... каков народ... каде сте досега, каде бевте пред парламентот... оставивте све на 200-300 МАКЕДОНЦИ последниот пат... не очекувајте НИШТО од НИЕДЕН наш политичар... и тие се коркачи, како вас... само на зборови сте силни...
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Еден е лекот:

СТОП НА ПРЕГОВОРИТЕ

Поздрав
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Најдобра одбрана е нападот. Треба да го практикуваме тоа. Ама треба и да бидеме постојани. Ако некој политичар (дај боже да има таков) го стори тоа (нападот) не треба после тој/тие да ни е/се крив/и. Треба да го поддржиме бидејќи свеста која паметните македонци ја имаат денес е таа. - ДА НЕ СЕ ВЕДИМЕ КО МЛАДА НЕВЕСТА, оти оваа "невеста" е стара илјадници години. -
Ај сложно и заедно прво да удриме тука http://www.macedoniaontheweb.com/forum/ и се така натаму... но брзо и ефикасно да е, оти ме вадат од такт, ми го реметат душевниот мир и просто станувам алергичен и на зборот грција и се што е со нив сврзано.

Здравиот национализам е основа на секоја нација.
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
ај не серете, доста со тие грцки педери, дома бре луѓе... ДОМА ТРЕБА ДА СИ РАСЧИСТИТЕ...
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Ај сложно и заедно прво да удриме тука http://www.macedoniaontheweb.com/forum/ и се така натаму... но брзо и ефикасно да е, оти ме вадат од такт, ми го реметат душевниот мир и просто станувам алергичен и на зборот грција и се што е со нив сврзано.

Здравиот национализам е основа на секоја нација.
Јас веќе сум таму:
http://www.macedoniaontheweb.com/forum/

Дури и пост за мене лупнаа
Perseus_II here I'm back :smir:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Патриотштина на македонски начин!

Едночинка - мала сцена.
На сцената две момчиња на околу 25-30 години и еден постар човек со засукани мустаќи.
Момчињата се туркаат и расправаат. Им се приближува човекот.
Ги прекинува во расправијата.

Човекот - Зошто се расправате, не чини така, не е ли поубаво да поразговарате, отколку да викате, да се тепате и да се карате? А за што се расправате?
Трпе- Се караме кој е поголем патриот. (Трајко молчи и гледа во човекот како да го познава, ама не може да се сети кој е)

Човекот - Како те викаат сине??
Трпе - Ме викаат Трпе!
Човекот - а тебе дете?
Трајко - мене ме викаат Трајко!

Човекот - А бе вие македонци сте биле!
Обајцата- Од каде знаеш, бе чиче?

Човекот - Еее, деца, деца, само вие македонците имате имиња како Трпе и Трајко, само вие трпите и траете додека ве газат.
Трајко - не бе чиче, ние сме многу јаки, особено позади компјутер, ние водиме војна со секого и сме најјаки!

Човекот - Да бе дечња, ама битките ги биете од Табановце до Богородица, преку компјутер, а на улица каде сте?
Трпе - Е да, да, така е, ама мора така.

Човекот - Е зошто да мора?
Трајко - Чиче, па ако се побуниме може да не истепаат, нели ни закачија Вето за НАТО. Вака полесно е. Ќе потрпиме, ќе потраеме, има кој да ни ги бие битките.
Трпе - Америка, Америка ке ни помогне.

Човекот - Америка ке ви помогне? Како ќе ви помогне? Не ми се чини дека нешто многу ќе ви помогне. Да не ви помогне како Бугарија на времето? Или Србија, Франција? Не ја бива така.
Обајцата – Како да не, ти знаеш. Зошто не ја бива така?

Човекот - Треба самите, оти никој не ви се вистински пријател и нема да ви помогне ако претходно самите не си помогнете. Досега не научивте ли?
Трајко - Хмммм.....ама Трпе е за ВМРО, а јас сум за СДСМ. Како да се договориме. Нема шанси.
Трпе - Ти си некоја комуњара, чиче, како оваа гнасава, Трајче да му ебам мајче, изрод.

Почнуваат да се кошкаат и да се туркаат. Човекот ги разделува.

Човекот - Де, де, не мора да се расправате и тепате, секој нека верува во што сака, ама најмногу во Македонија, нели. Нели сте патриоти?

Заедно, Трпе и Трајко, викаат (не се знае кој кого ќе надвика ) – Јас сум патриот, најголем!

Човекот - А има некој кој не е ни за ВМРО, а ни за СДСМ?
Истовремено и Трпе и Трајко - Нема шанси, ако не за моите, предавник е, мора да е за другите. А ти од каде си? И кој си ти да ни солиш памет. Сигурно и ти си некој предавник. Како те викаат?

Човекот (полека ја ниша главата вчудоневиден на гневот од обајцата, се насмевнува, ги сука мустаките и полека мрморејќи, како сам со себе, заминува) - Мене? Ме викаат Гоце, Гоце Делчев!

Еее, Македонијо моја мајко, сестро и невесто....тешко и горко на тебе.

Трпе и Трајко се чешкаат за глава, како да не можат да се сетат на нешто важно.

Одеднаш Трпе му се врти на Трајко.

Трпе - Трајче, ајде бе на пиво пред кооперација, батали го, не гледаш дека е некој предавник, намерно пуштен да провоцира.
Нашол некојси Гоце па уште и Делчев да ни кажува нам како треба да се бориме за Македонија. Провокаторче некое, гледај какви му се мустаќите, пих. Предавник.


Трајко - А бе познат ми е од некаде, ама не можам да се сетам. Некој предавник со гаранција, го имам видено некаде на слика. Ај, не можам да се сетам, нека крши глава.
Туку, добра идеја за пивото, ама ти частиш, ти имаш повеке пари, ти си сега на власт.


Трпе (му удира на Трајко една тупаница по плеки) - Како не бе, а кој крадесе 15 години? Србоман комуњарски!


Трајко (му враќа по стомак) – Бугарашиште едно, предавник.

Почнуваат да се тепаат.

Завеса.
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
плес, плес, плес... ракоплескање.... овации .... стоечки овациии .... да не беше вистина, ќе беше дури и смешно... браво мајсторе...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да се потсетиме (патем, ова што ќе следи се историски крајно прецизни и објективни факти)

Почнувајќи од 1913-та, сите цркви во Егејска Македонија беа прегледани и прекрстени со грчки имиња, словенското писмо и сите црковно-словенски натписи беа отсранети, а пронајдените црковни или словенски книги беа уништени. Се отстрануваа дури и надгробните споменици на македонски јазик.
Се рушеа илинденските споменици, како "Братска могила" во село Апоскеп, Костурско, каде што беа погребани легендарните војводи Митре Влашето, потоа главата на Поп Трајков и други.


Грчката националистичка организација, т.н "Грчко-македонска тупаница" , ги предупредуваше Македонците дека строго им се забранува употреба на македонскиот јазик, ако сакаат да го дочекаат следното утро. Се забрануваше употреба на македонскиот јазик дури и во маѓусебната комуникација меѓу родителите и децата, меѓу селаните, на свадби, седенки и погреби.
Јоанис Метаксас во 1936-та, го забранува употребувањето на македонскиот јазик и во семејната комуникација дома. Прекршувањето на оваа невидена забрана во светски рамки повлекува тешки и сурови физички казни, но и плаќање на таканаречен физички данок. Поради кршењето на забраната за користење на македонскиот јазик во јавниот живот или во рамките на семејството, над 4500 Македонци биле осудени и пратени на грчките острови.

По протерувањето после граѓанската војна, останатото македонско население кое броеше околу 150.000 лица, беше подложено на најсурова политика на денационализација; македонското име и македонскиот јазик најригорозно беа забранети, а Македонците беа принудувани да даваат колективни заклетви дека во иднина ќе зборуваат само грчки јазик. Во 1953-та година, грчката држава носи закон за лишување од грчко државјанство на учесниците во граѓанската војна, со конфискација на имотот.
Во 1982-та се носи закон за враќање на политичките бегалци, но само оние кои биле по род Грци. Македонците биле исклучени од овој закон. Доволно било некој да пополни формулар дека знае македонски јазик, или да изрази македонска етничка припадност, за да му се одговори негативно.
...
Мислите нешто во меѓувреме се променило?
Не баш...

Во 1995-та година, грчките националисти предводени од Леринскиот градоначалник, ги нападнаа канцелариите на "Виножито", го отстранија двојазичниот натпис на организацијата, и ги запалија книгите и мебелот кои се наоѓаа во просториите. Основниот суд во Лерин, во меѓувреме, одби да го регистрира Домот на македонската култура, со образложение дека се фабрикува непостоечка македонска нација и дека тоа претставува директна закана за јавниот ред и мир.

*Грчка демократија, фино документирана: Јавниот обвинител од Долно Котори на 24. Април 1939. го повикува Македонецот Георги Митри од село Нерет, за да му суди како обвинет затоа што на 19.02.1939, бил фатен од органите на полицијата како зборува и пее со други лица на не-грчки јазик.
Судската покана овој грчки Јавен обвинител ја завршува со тоа дека на тој начин е повреден член 697 од Кривичниот закон и согласно со полициската наредба 15/36, ако истиот лично не се јави, ќе му се суди во отсуство.

ПА ЧУКНЕТЕ СИ ЈА ГЛАВАТА, како ЕУ и НАТО примаат во своите редови ДРЖАВА ВО КОЈА СЕ СУДИ САМО ЗАТОА ШТО НЕКОЈ ПЕЕ И ЗБОРУВА НА МАЈЧИН ЈАЗИК.Фино размислете дали некој сака само да ни смени неколку збора во името, или сака да ја заврши финалната фаза на ГРЧКИОТ ГЕНОЦИД врз МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ, и конечно ДА НЕ ЗБРИШЕ КАКО НАРОД!

Крени се Македонецу! Искупи ги коските и маките на твоите браќа и сестри! Зачувај се себе и твојот пород, зачувај си ја Македонија!

Не ни треба партија, водачи, Европа...НИ ТРЕБА НАРОД! НАРОД МАКЕДОНСКИ! Случете се Македонци!
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
210
Поени од реакции
3
Na Amerika mu treba samo kontrol vrz balkanskite zemji vo NATO a toa sto najmalku mu interesira e imeto dali ke pobedi grcija ili Makedonija za niv e e seedno.
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14

Не ни треба партија, водачи, Европа...НИ ТРЕБА НАРОД! НАРОД МАКЕДОНСКИ! Случете се Македонци!
Народ се случува, ама никогаш во Македонија... се случуваат неколкумина луѓе во Македонија... се нервирам само... “абе будала“... така ми се смеат... ми се закануваат, анонимни педери...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom