Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Koга кучето има кашлица, дали да му купам некаков сируп за искашлување? И каков би бил соодветен?
[/COLOR]

Твоето куче не кашла за сируп, не настинуваат. Или е коска, драсканица од коска, или пак има глисти- цревни паразити. Посоветувај се со ветеринар, има таблетки кои се додаваат во шема по килажа. И воопшто не се скапи, а има и карамели, но не ги држат во секоја вет аптека и догшоп.
 
Kaко тоа не настинуваат? :) :)
Знам луѓе кои им даваат сирупи, а познавам и ветеринар кој советува такво нешто ама јас пак не бев сигурна што е најдобро.
Благодарам!

--- надополнето ---

-За првиот болд
ДА се правело и ќе се прави поради тоа што има несовесни сопственици на кучиња.
Затоа јас настојувам да им објаснам на луѓето дека тоа не е во ред.
А кој ќе го прифати моето мислење нека го прифати,кој не го прифаќа нека не го прифаќа неможам со сила да го натерам да ја гледа реалноста кога е убеден во некоја друга негова реалност.

-За вториот болд
Под квалитетно куче се подразбира дека тоа куче има убав и здрав изглед како што е пропишано во стандардот на расата и куче што е со добра генетика.
Инаку и квалитетното и неквалитетното куче ќе ти се радува кога ќе дојдеш дома и ќе ти пружи љубов,значи јас не правам разлика во тоа туку во здравјето и генетиката.

-За третиот болд
Всушност јас се трудам да има што поздрави кучиња со помалку наследни болести и со подобра генетика а ако тоа што го правам не е КВАЛИТЕТНА љубов (како што кажа ти) тогаш јас незнам што е.
Јас никаде не реков дека не ги сакам неквалитетните и уличните кучиња,види ги само моите мислења во темата „Дали се согласуваме да ги успиваат здравите кучиња скитници„ и мислам ќе добиеш малку поинаква слика за мене.
А да не кажувам само колку улични кучиња имам причувувано дома додека не си најдат дом и колку имам хрането пред влез.
И баш заради тоа што ги гледам секој ден како уличните кучиња се мачат надвор и се изложени на секакви опасности затоа сум против на парење на кучиња без педигре или кучиња од различни раси.
Бидејќи секој сака да чува расно и убаво куче и за нив секогаш ќе се најде дом,но тие што се нерасни за нив потешко се наоѓа дом и затоа најчесто завршуваат на улица.
И затоа јас се трудам да се намалат нерасните кучиња за да помалку страдаат во лошата судбина што ги чека.

Како би се превземало нешто против тоа?
Зарем може да се надгледува/контролира парењето на сите кучиња во земјава? Планетава?

Ако веќе нешто се превзема, подобро е да се фокусираш/ме на подигнување на свеста на луѓето околу нас за кучињата кои тие секојдневно би ги шутнале, опцуле и удриле со камен.
 
Kaко тоа не настинуваат? :) :)
Знам луѓе кои им даваат сирупи, а познавам и ветеринар кој советува такво нешто ама јас пак не бев сигурна што е најдобро.
Благодарам!

--- надополнето ---

Како би се превземало нешто против тоа?
Зарем може да се надгледува/контролира парењето на сите кучиња во земјава? Планетава?

Ако веќе нешто се превзема, подобро е да се фокусираш/ме на подигнување на свеста на луѓето околу нас за кучињата кои тие секојдневно би ги шутнале, опцуле и удриле со камен.

Има предлог за тоа да се кастрираат/стерилизираат сите кучиња без родовник.Меѓутоа со кастрирање на мажјак се губи неговата примарна намена,да биде чувар.

Сепак треба прво да се издејствува на луѓето да се подигне свеста(тоа никогаш нема да се случи) за да може нешто да се смени.

Жално е што толку добри животни завршуваат на ваков начин. И запамтете најголемите херојства се од кучиња кои биле нерасни,без педигре,без шампионски титули...
 
Во врска со првиот дел од твојот коментар, јас мислам дека не само што тоа е скоро неизводливо, туку и дека е и крајно арогантно.
До мешање на расите дошло по природен пат. Кои сме сега ние да ги кастрираме сите кучиња без родовник затоа што сме опседнати со квалитетот на гените? (Да, свесна сум за проблемите кои можат да настанат, ама ништо не е и никогаш нема да биде совршено, така треба и да биде.)
Ако е така, зошто не земеме да ги кастрираме и сите мажи кои имаат семејна историја на потешки болести?
Или не, тоа не би било хумано...

Со вториот дел апсолутно се согласувам.
 
Скокна од раце кога ќе го пуштав на земја изгледа незгодно падна на предната десна нога. Помина една недела и пак почна да трчка по малку ама ногата ја накривува нанадвор и гази на нејзе само на прстите. Совет некој?
 
Би ве замолил некој на форумов ако знае да ми каже каде можам да најдам добро снабдена продавница за миленици во Скопје каде што има голем избор.. поточно продавница која што е добро снабдена со работи за рептили.. имам желка
 
За рептили најдобра продавница е Zoovivarium на Војо,петшопот се наоѓа карши кинескиот ресторан,во близина на соборната црква.
 
Вака,имам малтешка пудлица,има една година.Имаме проблем,многу се чеша!
На ветеринар ни рекоа дека на очите се чеша заради што и се затнати солзните канали,а на телото заради жлездата.Чаре ни рекоа операција на солзниот канал на секои три месеци.Нус појава после тоа е дека ќе му солзат очите!
Дали има некој вакво искуство,да помогне?!
 
Малтешка пудлица сигурно немаш, имаш Малтезер :smir:
На кој ветеринар го имате носено малтезерчето? (прашувам бидејќи има ветеринари кои не ја заслужуваат ни буквата В а камоли титулата Ветеринар)
Дали сте отишле и на друг ветеринар да побарате друго мислење?
 
Имам далматинка, стара е 11 години и беше болна деновиве, имаше температура, повраќаше па примаше инекции и пошо ветеринарите се срциња, лошо и ги стаиле инекциите и има хематом. -.-
Денес почнав да и давам апчиња, и напраив лесна храна, само ориз, моркови, компири и малце пилешко.
Јаде и пие вода нормално, али гледам дека носето и е суво па загрижена сум да не има пак температура. Имам чуено дека сувото носе значи дека е болна, ама не сум сигурна дали и се враќа настинката или може да е од хематомот...
Совети некои....?
 
Магде однеси ја на друг ветеринар. Побарај низ форумиве за миленици кој го фалат и нека ја провери. Кај и ги ставаше инекцииите?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom