- Член од
- 22 април 2008
- Мислења
- 405
- Поени од реакции
- 28
Некој да ме информира каде можам да најдам Хаска до колку пари е??? Со педигре се разбира...фала однапред...:smir::smir::smir::helou:
Да не има глисти?Малиов нешто деновиве избегава да јаде.
Му дадов се да проба и ништо несака...пробува малце од рака но сам несака воопшто.
Му дадов готова храна, месо, млеко, сега и конзерва му купив и му дадов и таа не ја јаде.
А активно е...скока, лае, трча...се нормално.
Што може да му е?:/
Малиов нешто деновиве избегава да јаде.
Му дадов се да проба и ништо несака...пробува малце од рака но сам несака воопшто.
Му дадов готова храна, месо, млеко, сега и конзерва му купив и му дадов и таа не ја јаде.
А активно е...скока, лае, трча...се нормално.
Што може да му е?:/
Земав апче за глисти ама ми рекоа да причекам да не има проблеми со стомакот дека поврати прееска да не му се слоши само.Грлото,крајниците можда?
И јас имав ист проблем се најнормално,ама несакаше ништо да јаде,ја однесов на ветеринар излезе дека крајниците се малце отечени и има мала температура
Температура вака:земи топломер и стави му го во анус,почекај малце и извади го,па пиши колку си измерила.Земав апче за глисти ама ми рекоа да причекам да не има проблеми со стомакот дека поврати прееска да не му се слоши само.
А температура како се мери кај кучиња? И и дадоа некои апчиња или...? Дека малце тешко е носењето на ветеринар
Иначе еве сеа едвај со молење и од рака изеде една конзерва од кучешкана храна
Јас ова да го направам на вакво хиперактивно куче?Температура вака:земи топломер и стави му го во анус,почекај малце и извади го,па пиши колку си измерила.
јас имам женски пекинезер 4 год стар..вчера накривуваше во одењето со задните нозе,а денеска воопшто неможе да ги движе...дали се работе за ист случај и какви превентиви да преземам? ве молам кажете!За тебе и сите што имаат голдени- најосетливи кучиња на настинка се овие, и се манифестира со тоа што им откажуваат нозете! Им се воспалуваат нервите на нозете(така барем ми кажа ветеринарот) и криват, и не можеш да им допреш нога, а ако не го лечиш, наредниот ден веке не ни оди! Затоа право на ветеринар, ке го набоцкаат инјекции, ке му даваш Б12 и само на топло. Ако нема ветеринар, капсули за настинка какви што пиеш ти,или ке побараш во аптека за куче од 30 килограми (претпоставивам дека 1годишен голден е од 20-30 кила), и според килажата можат да ти кажат дали детски или некои за возрасни ке му дадеш.И обавезно супа!!
Мислиш згужвано, мишелинка ? Не ти го сваќам тоа ко крпи?Ај да си прашам јас, како се викаат едни дебели кученца, ко крпи се..не знам повеќе како да објаснам :pos2:?
Тоа е тоа, фала и се извинувам на катастрофалното објаснување:pos2:Мислиш згужвано, мишелинка ? Не ти го сваќам тоа ко крпи?
шар-пеи ако е ова тоа што мислиш.
Читајќи го проблемов случајно наидов на нешто што можеби ќе ве интересира. Не би сакал да ве плашам и да давам претпоставки дека вашето милениче го има токму ова заболување, но можеби е добро да се обратите до ветеринарната амбуланта која ги подготвува овие прилози во Вест.Дечки помош! Имам женски пекинезер старо е 4 години.Вчера имаше потешкотии во движењето со задните нозе,а денеска неможе да ги движе,здрвени му се,како укочени неможе да ги свитка. Однесе го на ветеринар незнаат со му е. Едната нога му е отечена и незнам со да направам..сакам да му помине..Незнам шо да правам,помагајте!:se_ molam
јас имам женски пекинезер 4 год стар..вчера накривуваше во одењето со задните нозе,а денеска воопшто неможе да ги движе...дали се работе за ист случај и какви превентиви да преземам? ве молам кажете!
Интервертебралните дискови се наоѓаат помеѓу пршлените на рбетот. Тие делуваат како шок-абсорбери за да се намалат или изгубат силите кои делуваат на рбетот. Составени се од два дела, надворешна фиброзна покривка и внатрешен дел кој е составен од желатинозна маса. Кога интервертебралниот диск ќе се оштети состојбата се нарекува заболување на интервертебралните дискови. Како што домашните миленици растат и стануваат возрасни така дисковите почнуваат да ја губат постепено содржината на водата и стануваат помалку способни да ја издржат компресијата што се создава врз нив. Во вакви случаи, при зголемен притисок над нив, тие може да се стиснат, прошират или да прснат. Прекинот обично се случува во нагорна насока и дискот избива во рбетниот канал каде што се наоѓа рбетниот мозок. Во овој случај, дискот врши компресија на рбетниот мозок. Заболувањето на интервертебралниот диск може да се јави на било кое место на рбетниот мозок. Догите се предиспонирани поради тоа што дегенеративните процеси на дисковите се јавуваат побрзо од другите кучиња. Средновечните кучиња се почесто засегнати. Кај кучињата помлади од една година мошне ретко се јавуваат вакви проблеми. Старите кучиња ретко се засегнати.
Клиничката слика кај мачките е исклучително ретка. Знаците на заболувањето се со широк дијапазон, од повремена болка до невозможност да се движат. Колку е пооштетен рбетниот мозок толку е и полоша клиничката слика. Пациентите со јаки оштетувања ја губат можноста да се движат и да ги чуствуваат екстремитетите. Доколку пациентот не ги чуствува екстремитетите, шансите да прооди се околу педесет проценти а доколку ги чуствува до седумдесет и пет проценти. Иницијално, дијагнозата се поставува на основа на клиничката слика. Неопходен е миелограм кој ќе ја потврди дијагнозата и ќе лоцира точно каде е оштетувањето. Ваквите случаи можат да се излекуваат исклучиво оперативно. Полесните случаи можат привремено да се лекуваат конзервативно со медикаменти.