Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
кај мене у маало има едно кутре што коа се испили изгледаше напуштено и почнаа сите одоколу да му даваат да јаде, па сеа полека станува џомба и собира друштва. муабетот ми е, има и деца си играат, не распознаваат џукац од расно куче, а ова па без стопан нешо сеа свакојако се понаша. има ли некоја служба као ветеринар на повик, кој може да дојде и на лице место да се погрижи за вакцини и слични работи, да нема проблеми на подолг рок?
 
Ај да си прашам нешто...моето куче во последно време почна да каса, само не знам дали сака да си игра или нешто друго... сака да гризе патиката или пак ако му подадеш рака (не дека силно гриза, ама пак ми е чудно)... веќе е 3 месеци.
И дали е тоа што сеуште е мало или пак нешто друго? Помош?
Благодарам.:smir:
 
Најверојатно го чеша од што му растат заби. :smir:
 
Можно е. Бидејќи кога гриза...не гриза цврсто...
Сега му дадов една издишана топка на неа нека ги тренира забите...па да видиме :)
 
Во дворот на сите цвеќиња, корените им ги искорна... не смеам 2 мин да го оставам само... :)
Е чудо големо што направило :)... земи весник и кога ќе откорне пак удри го... нема да го боли колку што ќе се исплаши од звукот.
 
Што куче е?Зависно од големината во пет шоповите има повеќе работи оди прашај ќе ти дадат,има да се мучи додека го изгризе.Или ако имаш некои гумени играчи дај му ги.Јас така правам со мојава.

И еден совет,кревај ги сите патики на високо да неможе да ги фати
 
Имаш во пет шоповите гумени сендвичи, топчиња, коски, секакви играчки на кои би си ги тренирал забите. Купи му некое такво, не се скапи :)
 
Помош

Станува збор за малечко маченце од околу 2 месеци преку сила. Два дена е кај нас, толку е мило но има еден проблем. Забележавме дека зениците нон стоп му се широко отворени , левото око многу често му солзи и некако имаме чувство како да е кратковидо или што знам...Еве 2 дена со чај од камилица со памуче му го миеме левото окце , но сеуште солзи...Дали некој има некаков предлог , можеби слично искуство и која е веројатноста да има вродена очна маана или можеби некоја бактериска инфекција на очињата???
OFF TOPIC
Пошто немаме искуство со мачиња , кога треба да се вакцинира (скоро 2 месеци е старо мачето) , што вакцина да побараме да се стави и дали е доволна возраста да се стави на грбчето од оние ампули неколку капки за против болви што се?
Поздрав
 
Ќе пробам така. :)

Хаска е, 3 месеци. Ќе одам и ќе видам што ќе понудат :) Благодарам.

Имаш во пет шоповите гумени сендвичи, топчиња, коски, секакви играчки на кои би си ги тренирал забите. Купи му некое такво, не се скапи :)

Добра идеа...гумен сендвич... :)
 
Станува збор за малечко маченце од околу 2 месеци преку сила. Два дена е кај нас, толку е мило но има еден проблем. Забележавме дека зениците нон стоп му се широко отворени , левото око многу често му солзи и некако имаме чувство како да е кратковидо или што знам...Еве 2 дена со чај од камилица со памуче му го миеме левото окце , но сеуште солзи...Дали некој има некаков предлог , можеби слично искуство и која е веројатноста да има вродена очна маана или можеби некоја бактериска инфекција на очињата???
OFF TOPIC
Пошто немаме искуство со мачиња , кога треба да се вакцинира (скоро 2 месеци е старо мачето) , што вакцина да побараме да се стави и дали е доволна возраста да се стави на грбчето од оние ампули неколку капки за против болви што се?
Поздрав

Сигурно е некоја инфекција, ако било улично маче.
Намачкај во со Хлорамфеникол маст за очи или стави му Цитерал капки за очи.

А за вакцинирањето, почекај уште малце. Нека му помине прво инфекцијата, па однеси го. Ама после треба да внимаваш на ревакцините. Треба да прими вакцина, па за месец дена е ревакцината, а после на една година.

:smir:
 
Najdobra vegetarijanska hrana e svinsko meso so pire i baklava so meleno meso.
 
Абре ова кучево ми укради 5 пешии и се прејади.Сега леже ни да мрде.Шо да му правам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom