Овиј симптом ( заедно со повраќање, тврда столица... ) за среќа не е индикатор за посериозни проблеми.Имам ши цу, 60 дена старо, мислам дека има проблеми со мешето. Има пролив, не знам дали е од промената, оти го зедов пред 2-3 дена, или нешто друго. Да го носам на ветеринар??
Прво осигурај се дали во изметот има крв. Ако има, обавезно однеси го на ветеринар. Во спротивно дај му вода во која ќе раствориш соли за рехидратација кои не дозволуваат кучето да дехидрира за време на повраќање или дијареа. Исто така, давај му испасирана храна, на почеток во помали количини и во период од 12 до 24 часа.