НАТО самит во Букурешт: СИТЕ ДИСКУСИИ ЗА САМИТОТ - ТУКА!

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Грција инсистира САД да бидат исклучени од НАТО
Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денес објави дека Грција ќе стави вето на постојното членство на САД во НАТО, доколку САД не го промени своето име во "Соединети Држави на Централна Северна Америка."

"Грција е конзистентна. Како што ставивме вето на FYROM (Former Yugoslav Republic of Macedonia) бидејќи сме единствени кои што имаат право на тоа има на целата територија на Македонија, исто така даваме вето на FBCOA (Former British Colony of America) кои полагаат права за користење на името 'Америка'," порача госпоѓа Бакојани на денешната прес конференција.

Таа истакна дека територијата на FBCOA покрива помалку од половина од континентот Северна Америка, што всушност е само еден од двата континенти Америка.

"Загрижени сме дека користењето на името 'Америка' од страна на FBCOA, што имплицира нејзина територијална претензија кон соседите," објаснила Бакојани.

Таа додала: "Лидерите на оваа нова земја со популација од 300 милиони, инсистираат својата татковина да ја викаат 'Америка,' и покрај тоа што тоа име е дел од индијанската култура и историја илјадници години наназад," притоа реторички прашувајќи, "Дали и Покахантас била Англо-саксонка?"

Медијаторот на О.Н. се обидува да најде решение за "проблемот со името," кое ќе биде прифатливо за двете страни, и кое ќе му дозволи на САД да остане во НАТО. Пратеникот на О.Н. Метју Нимиц, даде неколку предлози, вклучувајќи ги и "Демократски Соединети Американски Држави," "Нови Соединети Американски Држави," и "Соединети Американски Држави (Вашингтон Д.Ц)," меѓутоа сите беа одбиени од Атина.

Претседателот Џорџ Буш го прифати фактот дека оваа недела на самитот на НАТО во Букурешт, САД може да го изгуби своето членство во Алијансата доколку Грција инсистира на тоа.

"Ќе продолжиме да бараме заедничко решение за ова прашање," изјавил Буш.

Бакојани најавила дека Атина размислува да побара промена на името и од Обединетото Кралство, истакнувајќи дека "Британија" е името на соседниот француски административен регион. Постојат индикации и дека Грција може да инсистира Обединетото Кралство да биде преименувано во "Обединетото Кралство на Северна Британија и Северна Ирска," доколку сака да остане во НАТО. Атина допрва треба да го формализира ова барање.
КЕ СЕ МОЛАМ И КЕ ПАЛАМ СЕКОЈ ДЕН СВЕЌИ ДА СЕ СЛУЧИ ТОА !!! КОЈ ПОСЛЕДЕН СЕ СМЕЕ НАЈСЛАТКО КЕ СМЕЕ.. ЧИЧО БУШ НЕ Е ГЛУП... МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ ГЛУП НО ГЛЕДАЈТЕ ПОСТЕПЕНО СЕГА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО АМЕРИКА И ГЕЈЕЛАДА !!!
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.542
Поени од реакции
2.727
Грција инсистира САД да бидат исклучени од НАТО
Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денес објави дека Грција ќе стави вето на постојното членство на САД во НАТО, доколку САД не го промени своето име во "Соединети Држави на Централна Северна Америка."

"Грција е конзистентна. Како што ставивме вето на FYROM (Former Yugoslav Republic of Macedonia) бидејќи сме единствени кои што имаат право на тоа има на целата територија на Македонија, исто така даваме вето на FBCOA (Former British Colony of America) кои полагаат права за користење на името 'Америка'," порача госпоѓа Бакојани на денешната прес конференција.

Таа истакна дека територијата на FBCOA покрива помалку од половина од континентот Северна Америка, што всушност е само еден од двата континенти Америка.

"Загрижени сме дека користењето на името 'Америка' од страна на FBCOA, што имплицира нејзина територијална претензија кон соседите," објаснила Бакојани.

Таа додала: "Лидерите на оваа нова земја со популација од 300 милиони, инсистираат својата татковина да ја викаат 'Америка,' и покрај тоа што тоа име е дел од индијанската култура и историја илјадници години наназад," притоа реторички прашувајќи, "Дали и Покахантас била Англо-саксонка?"

Медијаторот на О.Н. се обидува да најде решение за "проблемот со името," кое ќе биде прифатливо за двете страни, и кое ќе му дозволи на САД да остане во НАТО. Пратеникот на О.Н. Метју Нимиц, даде неколку предлози, вклучувајќи ги и "Демократски Соединети Американски Држави," "Нови Соединети Американски Држави," и "Соединети Американски Држави (Вашингтон Д.Ц)," меѓутоа сите беа одбиени од Атина.

Претседателот Џорџ Буш го прифати фактот дека оваа недела на самитот на НАТО во Букурешт, САД може да го изгуби своето членство во Алијансата доколку Грција инсистира на тоа.

"Ќе продолжиме да бараме заедничко решение за ова прашање," изјавил Буш.

Бакојани најавила дека Атина размислува да побара промена на името и од Обединетото Кралство, истакнувајќи дека "Британија" е името на соседниот француски административен регион. Постојат индикации и дека Грција може да инсистира Обединетото Кралство да биде преименувано во "Обединетото Кралство на Северна Британија и Северна Ирска," доколку сака да остане во НАТО. Атина допрва треба да го формализира ова барање.
Со сета почит Трну али од ова поголема глупост не сум слушнал.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Помина 1-ви април аман немојте вакви фрки :)
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Не се палете бе :) на Оннет го има :) Заебанција е
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.046
Поени од реакции
5.689
Трн, срцевнапад ќе добијам ееејјј...:))
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ај бе јас се израдував си реков конечно ќе ги бомбардираат...
 
Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Ајде малце објективно и реално да проанализираме во што е можно пократки црти што ни се случи и што е она што Македонија треба следно да го превземе.
Значи на самитот во букурешт како што на сите ни е познато не ја добивме посакуваната покана за влез во НАТО поради тоа што Грција е против нашата употреба на името Македонија,и како резултат на тоа малце ни го забави процесот на интеграција во оваа евро-атланска институција. Но далеку од тоа дека ваквиот моментален развој на настаните треба да го сватиме како трагедија и како конечен пораз.Јас колку што приметив утрово одново грееше сонце над Македонија а така ќе биде и утре и задутре итн.Целава оваа ситуација колку што на прв поглед изгледа лош,толку е и поволна ако малце подлабоко се проанализира.Македонија не изгуби ама баш ништо,и до сега бевме без НАТО,и одсега па натаму ќе се снајдеме некако,иамаме сила и сами да издржиме но на крајот на краиштата не сме сами,25 земји го подржаа нашиот прием,а на грчкото самоволие брзо ќе му дојде крајот.Грција пак стварно ја сожалувам,мислат дека не удрија нас,ама мене се ми се чини дека кај нив ќе се појави отокот,сепак за нив не би филозофирал многу,ајде да видиме што ние сега треба да превземеме.
Како за почеток да оставиме малце нека се смират страстите и да не превземаме никакви провокаторски дејствија со кои што само би ја оправдале грчката одлука за блокада на нашиот прием во НАТО(без гајле само по себе ќе си дојде времето и за контраудар,само малце стрпливост е она што ни е потребно во моментов).Сепак стрпливоста во никој случај не подразбира и пасивност,на Македонија во моментов и е потребно активно лобирање кај сите свои пријатели.Македонија никому ништо не згреши,токму ние сме тие на кои што им е згрешено,и затоа лесно би требало да ги добиеме симпатиите и од другите(Ме радува тоа што Буш на предстојната средба во Загреб подготвува некаков посебен пакет на заштита за нашава земја кој што на таа средба ќе им биде презентиран на Бане и на Грујо,би било добро и со турците да пробаме да склучиме некоја ваква спогодба).Сепак основен предуслов за активно лобирање кај меѓународниот фактор е ние самите овде внатрешно конечно да се обединиме,што значи да нема сдсмовци вмровци либералци тралалајци или незнам какви,туку сите да бидеме Македонци,и интересите на Македонија да ни бидат над личните и теснопартиските. Одкако би се постигнал ваквиот неопходен консензус,следно нешто што треба да направиме е да земеме далбок здив и потоа чекор по чекор врз база на издржани факти и аргументи гордо и достоинствено да тргнеме да си ја бараме правдината и да си ја браниме вистината(е тука веќе никој нема да има право да ни забрани гласно да проговориме за сите неправди кои што ни биле направени низ историјата,и да си го побараме она што си е наше).Сепак повторувам не треба да избрзуваме со големомакедонски апетити,дозволете времето и вистината да го зададат првиот удар на грција и на сите на кои што целта им е да се изживуваат со нас,верувајте многу брзо душманите ќе почне да ги гризе совеста.За крај би додал дека кон Грција треба да се поставиме лавовски цврсто како прави Македонци и прави пра внуци на Филип и Александар,но не и непријателски бидејќи факт е дека до одредена мера и сами си го начукавме со нашата идиотска,попустлива и пројугословенска државна политика од 1991 до 1995,сепак на крајот на краиштата можеби и најпемтно ќе ни биде со нив одредено време воопшто да не се замараме(се додека сами не ја сватат сопствената грешка).Како прво треба да ја разгледаме опцијата за апликација во ООН за наш прием под уставното име(Грција прва ја прекрши времената спогодба со букурештката блокада,така да ни ФИРОМ веќе не е наша судбинска обрвска),а како второ треба да се формира еден елитен тим на историчари кој што ќе биде наша ударна сила за сите понатамошни копјо вкрстувања со јужниот сосед.Ај за сега доста е.Поздрав Македонијо.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Грција не е свесна колку само добро ни направи пред очите на светската јавност...
Њујорк Тајмс напиша:
Срамота за Грција
Македонците си заминаа од самитот на НАТО во четвртокот и за тоа, ние не можеме да ги обвинуваме. Хрватска и Албанија добија членство во Алијанса на средбата во Букурешт, но Македонија беше исклучена поради апсурдна причина: Грција не го сака нивното име - пишува денеска во уредничкиот коментар на американскиот весник „Њујорк тајмс“.
Грција треба да се срами со одлуката и тоа е нечесно спрема НАТО кој има многу посериозни проблеми со кои се соочува и предизвици заради кои треба да биде загрижена.
Малата Македонија не е никаква закана за Грција под кое било име, пишува понатаму весникот. Всушност, со влегување во НАТО се зајакнува регионалната стабилност.
Сега, постои загриженост дека неуспехот на Македонија да се влезе во НАТО може да ги зајакне национализмот и анти-западното расположение како и да се загрози влегувањето на оваа земја во Европската унија.
Претседателот Буш и европските лидери треба да работат посилно да се изнајде решение за овој корозивен проблем пред Грција пак да испрактикува вето. Сега тие мора да го засилат притисокот врз Грција да се изнајде компромис и со тоа навредата од НАТО кон Македонија да биде заборавена што е можно побргу – пишува во уредничкиот коментар днешниот американски дневен весник Њујорк тајмс.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ајде малце објективно и реално да проанализираме во што е можно пократки црти што ни се случи и што е она што Македонија треба следно да го превземе.
Значи на самитот во букурешт како што на сите ни е познато не ја добивме посакуваната покана за влез во НАТО поради тоа што Грција е против нашата употреба на името Македонија,и како резултат на тоа малце ни го забави процесот на интеграција во оваа евро-атланска институција. Но далеку од тоа дека ваквиот моментален развој на настаните треба да го сватиме како трагедија и како конечен пораз.Јас колку што приметив утрово одново грееше сонце над Македонија а така ќе биде и утре и задутре итн.Целава оваа ситуација колку што на прв поглед изгледа лош,толку е и поволна ако малце подлабоко се проанализира.Македонија не изгуби ама баш ништо,и до сега бевме без НАТО,и одсега па натаму ќе се снајдеме некако,иамаме сила и сами да издржиме но на крајот на краиштата не сме сами,25 земји го подржаа нашиот прием,а на грчкото самоволие брзо ќе му дојде крајот.Грција пак стварно ја сожалувам,мислат дека не удрија нас,ама мене се ми се чини дека кај нив ќе се појави отокот,сепак за нив не би филозофирал многу,ајде да видиме што ние сега треба да превземеме.
Како за почеток да оставиме малце нека се смират страстите и да не превземаме никакви провокаторски дејствија со кои што само би ја оправдале грчката одлука за блокада на нашиот прием во НАТО(без гајле само по себе ќе си дојде времето и за контраудар,само малце стрпливост е она што ни е потребно во моментов).Сепак стрпливоста во никој случај не подразбира и пасивност,на Македонија во моментов и е потребно активно лобирање кај сите свои пријатели.Македонија никому ништо не згреши,токму ние сме тие на кои што им е згрешено,и затоа лесно би требало да ги добиеме симпатиите и од другите(Ме радува тоа што Буш на предстојната средба во Загреб подготвува некаков посебен пакет на заштита за нашава земја кој што на таа средба ќе им биде презентиран на Бане и на Грујо,би било добро и со турците да пробаме да склучиме некоја ваква спогодба).Сепак основен предуслов за активно лобирање кај меѓународниот фактор е ние самите овде внатрешно конечно да се обединиме,што значи да нема сдсмовци вмровци либералци тралалајци или незнам какви,туку сите да бидеме Македонци,и интересите на Македонија да ни бидат над личните и теснопартиските. Одкако би се постигнал ваквиот неопходен консензус,следно нешто што треба да направиме е да земеме далбок здив и потоа чекор по чекор врз база на издржани факти и аргументи гордо и достоинствено да тргнеме да си ја бараме правдината и да си ја браниме вистината(е тука веќе никој нема да има право да ни забрани гласно да проговориме за сите неправди кои што ни биле направени низ историјата,и да си го побараме она што си е наше).Сепак повторувам не треба да избрзуваме со големомакедонски апетити,дозволете времето и вистината да го зададат првиот удар на грција и на сите на кои што целта им е да се изживуваат со нас,верувајте многу брзо душманите ќе почне да ги гризе совеста.За крај би додал дека кон Грција треба да се поставиме лавовски цврсто како прави Македонци и прави пра внуци на Филип и Александар,но не и непријателски бидејќи факт е дека до одредена мера и сами си го начукавме со нашата идиотска,попустлива и пројугословенска државна политика од 1991 до 1995,сепак на крајот на краиштата можеби и најпемтно ќе ни биде со нив одредено време воопшто да не се замараме(се додека сами не ја сватат сопствената грешка).Како прво треба да ја разгледаме опцијата за апликација во ООН за наш прием под уставното име(Грција прва ја прекрши времената спогодба со букурештката блокада,така да ни ФИРОМ веќе не е наша судбинска обрвска),а како второ треба да се формира еден елитен тим на историчари кој што ќе биде наша ударна сила за сите понатамошни копјо вкрстувања со јужниот сосед.Ај за сега доста е.Поздрав Македонијо.
МНОГУ ЈАСНО И ТРЕЗВЕНО...БРАВО !!!:bravo:
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
MAKEDONIJA i na plochata na vistinata vo RIM - ITALIJA

Ova nesto go dobiv na blog,pa sakav da go spodelam so vas.

Kartata vo prilog e edna od 4-te mermerni mapi sto
se naogjaat vo Rim na zidna ploca na stranata na ulicata Via
Imperiali koja sto vodi od Colloseo Romano do rimskite forumi (Foro Romano, Foro Traiano i dr.).

4-te mapi se oznaceni so razlicni vremenski periodi koi go
oznacuvaat pojavuvanjeto i podemot na gradot-drzava Rim od najrano vreme
od nekade 700-800 godini pred Hrista pa navamu.

Interesnoto za nas e toa sto barem na 3 od ovie 4 mermerni mapi stoi jasno ispisano imeto Makedonija (i toa vo vremeto koga rimskata drzava se sostoela samo od gradot Rim); voedno, Makedonija e oznacena nastrana, razlicno od imeto Grcija koja vo najgolem del od mapite ne e nitu narecena kako Grcija tuku Egej, Epir i sl.

Znaci, vistinata za Makedonija i za nas Makedoncite koi ziveele i
ziveeme vo nea lezi na dofat na rakata, so brojni artefakti i istoriski
crtezi i zapisi od damnina, samo treba da se potrudime tie fakti da se
soberat, sistematiziraat i soodvetno prezentiraat kako takvi na site vo
svetot.

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Покрај вакви Македонки и мене ми е чест да се наречам Македонец,секоја чест пријателке ,БРАВО!!!!!
 
B

Borg_Drone

Гостин
Амбасадата на Италија изразува силна надеж дека поканата за членство на Република Македонија ќе биде упатена во најскоро можно време

Амбасадата на Италија во Македонија денеска испрати известување дека Италија до последен момент ја поддржа неопходноста од проширувањето на Алијанса со Албанија, Хрватска и Република Македонија, пренесува МИА.
- Таквата позиција константно завземена од страна на Италија во секоја прилика беше повторена од страна на италијанскиот Премиер Романо Проди кој имаше свое обраќање на Самитот во Букурешт - се вели во известувањето.

Италијанската Амбасада ги демантира сите информации „за наводното спротивставено мислење на Италија во врска со поканата за влез на Република Македонија во НАТО“.

Амбасадата на Италија изразува силна надеж дека поканата за членство на Република Македонија ќе биде упатена во најскоро можно време.

Повеќето грчки медиуми, меѓу кои и многу весници, вчера јавија дека дека Франција, Шпанија и Италија дале до знаење дека го делат ставот со Грција во однос на членството на Македонија во НАТО, додека другите земји, на прво место САД, а потоа и Словенија, Турција, Чешка, Литванија и Естонија зазеле исклучително негативна позиција.

„Етнос“ пишуваше дека е интересен фактот што лидерите на Канада, Велика Британија и Португалија не зазеле став, додека според грчките извори, германскиот канцелар Ангела Меркел покажала „разбирање“ кон позицијата на Грција, но го поддржала членството на Македонија.

Електронското издание на „Нафтемборики“ вчера јави дека лидерите на Франција, Италија и Шпанија, на Луксембург и на Исланд се изјасниле „за“ грчката позиција за спорот со името на Македонија.

И пак нашите глупи новинари нека земаат информации од грците
Ебате глупиот народ ебате..
Катимерини и сите тие весници од таа земја треба да се заборават...
 
P

Princ

Гостин
Не прочитав никаде дека Италија рекла НЕ за приемот на Македонија во НАТО, туку дека Италија рекла НЕ за приемот на Македонија во НАТО СЕ ДОДЕКА ИМА СПОР СО ИМЕТО СО ГРЦИЈА. Така да, ова коментарите на италијанциве би ги оценил само како "гола вода" во народот познато и како "дипломатија" - дружи се со сите и не стварај непријатели.
 
Сепак Груевски и Црвенковски рекоа дека сите ја подрржале Македонија освен Јужниот Непријател
Груевски рече дека Македонија како никогаш досега немала толку многу пријатели
А тоа дека Италија го подржала ставот на таа земја го пишувале весниците на таа земја(и овие нашите новинари од таму ја презеле веста)..
Да не заборавиме дека јужниот непријател е одличен пропаганданист....

И големи лажговци се...
А нашите новинари се ептен глупи што земаат информации од весниците на таа земја
 
P

Princ

Гостин
Да, Италија го поддржала ставот на Грција но во никој случај не рекла НЕ за нашиот прием во НАТО. Едноставно, малку покасно рекла (како и грција). Затоа сега нивниве коментари кои се објавуваат во многу медиуми ме курчат и нервираат. Лицемерие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom