Сепак потребите на Македонија од НАТО мислам дека се минимални скоро незначителни,имаме дел од народот претежно Албанци кој мислат дека НАТО е рај на земјата,и имаме Македонци кој мислат дека НАТО е само помало зло од две зла.Ако добро се резонира и се пребројат придобивките од НАТО секој би можел да констатира дека Македонците се маргинален интерес на НАТО како народ но суштинска и стратешка точка како територија,што впрочем со векови било исто.
Па тоа го знае и го разбра дури и Буш кој има коифциент од 80 а не го разбираат некои кој имаат повеќе од 100.
Значи реално гледано НАТО има потреба од Македонија како територија многу повеќе одколку Македонците како мал народ од НАТО.Знам дека сега ќе се јават дудлачи кој ќе кажат дека без НАТО Македонија односно Македонската нација ќе престане да егзистира за 10тина години,но ќе им одговорам дека генетскиот код е толку јак што не успеале да го уништат ни појаки и многу помилитарни сојузи одколку НАТО,па така и сега ќе опстанеме како што сме опстојувале со милениуми на овие сурови простори.