ВМРО ДПМНЕ ПРОТИВ СИТЕ!

Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Против сите!
Скопје /30/03/ 14:41
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ застана против сите, настојувајќи да го одложи прашањето на името до референдум. Застана против светот, евроатланските институции, сопствениот народ, држава, иднина. Партијата на власт стана опозиција, наместо да управува со државата, наметнувајќи опасни поделби и закани во овие пресудни, историски настани.

ВМРО – ДПМНЕ застана против светот, кој речиси без исклучок повикува со разумен компромис да се надмине прашањето од историско значење за иднината на Македонија, клучно за стабилноста на регионот. Застана и против НАТО и против Европската унија (ЕУ). Против стратешките определби во сопствената партиска програма, против европските перспективи и визии за кои плебисцитарно се изјасни народот.

ВМРО – ДПМНЕ застана и против ставот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како јадро на знаењето и мудроста. Против економските експерти, интелегенцијата, граѓанската опција, медиумите, новинарите.

Застанувајќи против овие определби и ставови, ВМРО – ДПМНЕ застана речиси сама против сите. Наместо власт, се стави во улога на опозиција, кон сî. Нема, притоа, објаснувања какви ќе бидат последиците за евроатланските интеграции, за стабилноста и безбедноста на државата. Не се наведени ниту причините, поради што можат да се подразберат анахрони историски и квазипатриотски флоскули.

Сe од име на народот и на демократијата, дури и до отворени закани. Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се нагласува дека нема да дозволи во Парламентот да биде надгласана и дека за таа цел ќе ги „примени сите демократски средства“. Пратениците треба да ги усогласуваат мислењата под оваа закана, а пред сe со фактот дека владеачката партија управува со механизми на присила.

Застанувајќи сама против сите, со закани во име на демократијата, ВМРО – ДПМНЕ потсетува на настани од блиското минато во соседство, наместо да бега од нив. Како да заборава колку тешки и трагични последици донесоа таквите опции и дека таквите режими и лидери неславно завршија на буништетото на историјата. /крај/мф
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Аман.

п.с Кој ти го пиша составов? Не е твој. Единица.
 
Член од
30 јануари 2007
Мислења
274
Поени од реакции
5
Дечково пробува да ебе некого во здрав мозок, или?
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Promenata na imeto, ako dojde do toa mora da se verificara na REFERENDUM.
Ne moze polupismeni pratenici, koi preku lepenje plakati i partiski kniski dosle vo Parlament da odlucuvaat za toa kako ke se vika denesniot narod, kako se vikal narodot pred 50 godini i kako ke se vika narodot po 50-100 godini.
Tie ednostavno, nemaat mandat za toa, izbrani se da ja rakovodat drzavata a ne da kazuvaat kako ke se narekuva i drzavata i narodot vo nea.
Ustavot na Makedonija ne predviduva deka Sobranieto moze da izglasa promena na korenot na samiot Ustav, t.e Ustavnoto Ime i Ustavotvorniot Narod!!!!!!!!!!
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Против е зашто сака да се праша народот за прашања за кои немаат мандат пратениците и воопшто избраниците?

Затоа е против?

Зар е толку срамно да се праша народот за некое прашање?

Посебно толку битно. Незнам можеби на вас на комунистите им е страно и срамно, али демократски е, европски, американски е да се изјасни народот по важни прашања за државата.

Овдека лупеташ небаре ВМРО сака и се заканува со вето за прим во НАТО? Па неми беа Грците тие кои не не сакаат, каква врска има ВМРО, со ветото на Караманлис?
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Да беше СДС? на власт не знам што ќе направеа, еднаш отидовме ФИРОМЦИ сеа не знам што. Многу е лесно да се крека од позадина и да се критикува, од страна е лесно. Ваквите треба да се бесат
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Eve sto ima da kazam, me zabole stojko za svetot, eu i nato sto misli za nas.
Podobro da ne snema koga stoime na noze odkolku da ziveeme na kolenici.

Ps. Sloboda za Brat Ljube i Johan.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Преговори и разговори околу името е на кирчо и сдс идеја.
Нема да има резултат од тие преговори тоа е јасно.
И не го тапете за неконструктивност, исто и Груевски нека не го тапи со референдум.
Името е тоа кое е, не се менува.
Нема никаде, во ниедна ситуација, ниеден пример, каде некој дупел некого за име на држава.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Секоја чест за потегов на ВМРО...не гледам како тука застанале против својот народ и држава?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Остајте го комуњаров нека се испразнит.И нека пуштит некој вода за да не засмрдит цел форум.
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Преку такво ми е од политика морков или стап :tapp:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Убаво е што ВМРО-ДПМНЕ е со цврст став да не се смени името, иако на таквите изјави од далеку се гледаат популистичките мерки и желбата да се остане на власт и по цена не влегување во нато.
Убаво е што СДСМ се залагаат толку мног за влегување во НАТО, иако од далеку се гледаат популистикиот пристап да се бутне вмро од власт за да дојдат они.

Глупаво е што многу луѓе во овој период се прават патриоти и ми ја негираат мојатат иднина и мојот идентитет. Глупаво е што многумина не мислат дека Грција ова го прави затоа што е свесна дека ако сега влеземе во нато а утре во ЕУ-многу полесно ќе можеме да си дојдеме до името Република Македонија. Затоа што ќе бидеме легитимна членка на тие институции.
Многу е глупаво кога ќе слушнам забрадени момчиња како се дерат не ни треба НАТО.
Едноставно многу глупости...многу глупи луѓе на власт и опоцизија, со уште поглупи луѓе што ги подржуваат и ги гласаат.


P.S: Разочаран сум од младинава, но не премногу. Свесен бев дека цецијаштвото им го испи мозокот(што го немаа)...ама па до толку?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom