Журналистика

  • Креатор на темата Креатор на темата venera001
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Возраст
50
Веб-сајт
venera-vk.blogspot.com i http
Која е улогата на новинарите во креирањето на општествено-политичкиот живот во државата и кои се последиците од нејзината злоупотреба?
Дали кај нас медиумите, новинарите се објективни, дали ја почитуваат етиката или само „трчаат“ по сензации не водејќи сметка притоа за последиците?
И дали книжевниот опус на новинарите може да се споредува како посебен литературен вид?
 
Улогата на новинарите во креирањето на општествено - политичкиот живот барем јас мислам дека е огромна. Не почитуваат ништо и злоупотребуваат све за да имаат добра вест. Најголема омраза меѓу народот кај нас има баш поради нив ... еве пример што секогаш го кажувам ... кога живеев во Скопје од вестите мислев дека тука во Струга луѓе по улица се убиваат ... кога си дојдов, ми беше параноја по улица да шетам сама ... помина некое време, ми помина тој филинг и вести повеќе не гледам! 8)
 
venera001 напиша:
Која е улогата на новинарите во креирањето на општествено-политичкиот живот во државата и кои се последиците од нејзината злоупотреба?
Дали кај нас медиумите, новинарите се објективни, дали ја почитуваат етиката или само „трчаат“ по сензации не водејќи сметка притоа за последиците?
И дали книжевниот опус на новинарите може да се споредува како посебен литературен вид?

Велат дека само лоша вест е добра вест во новинарските кругови. Кај нас е тоа претерано сериозно сфатено. Патем, е докажано дека и на народот не му е до читање на вести туку на читање на ѓубре од видот на афери и скандали кои никако немаат судска завршница. Воедно може да се констатира дека и поголемиот дел од пропагандата (психолошките операции) кај нас оди преку медиумите за информирање.
А дали водат сметка за последиците... По мое искуство можам да кажам дека многу мал број од нив го имаат интелектуалниот капацитет за таквото нешто. Со искажаново мислам дека одговорив и на прашањето за способноста од творење на квалитетна литература.

Најбитно од се` изгледа е фактот што со постојаното повторување на црнилата кај нас медиумите влијаат врз креирањето на општествено-политичкиот живот, а богами и економскиот живот, преку апатизирање на населението (шема Страв).

Нормално, чест за исклучоците кои се во многу мал број во однос на оние другите.
 
Има и случаи кога буквално од ништо сакаат да направат вест.
Скотови!

Ви текнува пред некој ден на главната сторија во Вест?
„Маја лижела сладолед во Охрид!“
:evil:
 
Зајко! напиша:
Има и случаи кога буквално од ништо сакаат да направат вест.
Скотови!

Ви текнува пред некој ден на главната сторија во Вест?
„Маја лижела сладолед во Охрид!“
:evil:

ако Вест продолжи така, некој ден ке го замени М Експрес
 
Acid напиша:
Има и случаи кога буквално од ништо сакаат да направат вест.
Скотови!

Ви текнува пред некој ден на главната сторија во Вест?
„Маја лижела сладолед во Охрид!“

:evil:

Се извинувам ќе избегам од темава со едно преголемо смеење дека неможам да се воздржам :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
Ејсид, имаш пиво за ова!!! :lol: :lol: :lol:
 
Кај нас нема новинари - има само трачари, сензационалисти и шкрабала кои уживаат да наметнуваат свое мислење.
Вести избегнувам да гледам затоа што има повеќе „новинарски“ коментари отколку известувања. Да не спомнувам што повеќето се и партиски определени, па пишуваат нарачани коментари.
 
Не е вест кога куче ќе касне човек, туку кога човек ќе касне куче.
 
Имам впечаток дека поголем дел од новинарите во Македонија имаат афинитети да бидат политичари. Наместо да си ја работат својата работе, т.е. навремено и објективно информирање , тие гушат со излагање на сопствени политички ставови, видувања и предвидувања.
 
Која е улогата на новинарите во креирањето на општествено-политичкиот живот во државата и кои се последиците од нејзината злоупотреба?
Дали кај нас медиумите, новинарите се објективни, дали ја почитуваат етиката или само „трчаат“ по сензации не водејќи сметка притоа за последиците?
И дали книжевниот опус на новинарите може да се споредува како посебен литературен вид?
Улогата на новинарите во општествено - политичкиот живот е да бидат „кучиња чувари" на демократијата, што значи - критизери и плуралисти. Кој видел како се прави весник, никогаш нема да купи... Ако сакате да ја читате вистината за власта, купете „опозициски“ весник, ако сакате да ја читате вистината за опозицијата, купете „владин“. Новинарите треба да се објективни. Кај нас се работи со привидна објективност, што поради несоработката на изворите на информации (портпароли), толку поради хиерархијата на уредник и газда. Малкумина сфаќаат дека текстот од компјутерот на новинарот, оди на компјутерот на помошникот уредник, па потоа кај уредникот, па дури потоа технички се планира. Не ретко се случува од текстот на новинарот, да останало само името на дното од страницата. Јас сум цврст поборник сите новинари да имаат обука за да ги научат правилата на функционирање и на таков начин да се обидат да ја сменат реалноста која е различна од теоријата. Кога сме кај твоето прашање, да, има новинари што ја почитуваат етиката но, има и уредници кои не ја почитуваат. Најголем проблем е што портпароли стануваат новинари ( по примерот на Латас), па се случува да ги коментираат вестите, место уредно да си читаат од „идиотот". Книжевниот опус на новинарите, веќе е класифициран во посебен стил - публицистичкиот.

Новинарка за задача пробала како е да спие со жиголо

Откако американската држава Невада го легализирала 25- годишниот Маркус како прва машка проститутка во САД, новинарка од “Њујорк пост“ одлучила да ги испроба неговите услуги.
Деталите од тоа сексуално искуство новинарката ги поделила со своите читачи, пишувајќи дека таа била всушност била шестата жена со која спиел “познатиот“ жиголо.
Во текстот исто напишала дека тој својата невиност ја изгубил на 23 години, затоа што до легализирањето “ретко која жена го посакувала“.
 
Ако е ова новинарство, јас сум Исус. :pop:

Сериозно, дали е нормално ваков наслов да има, главната страница на еден дневен весник, кој не е назначен со знакче за +18. Не дека децата ќе се пореметат и ќе научат срамотен збор, но, зарем не би требало новинарството да биде сервис на граѓаните? Вакви наслови не ставаат ни еротските списанија на насловна, дури ни “Свет“ и “Крема“ се по внимателни.

Но, гледам дека народот не е загрижен, сите ја читаат статијата. Браво Господа :bravo: Следно е да свртите кај комшиката да и кажете за овој скандалозен настан. Јас веќе го правам тоа, на сите комшики им пишав, јавно, преку форумов. :pipi:

http://vest.com.mk/?ItemID=B1110F0CC65E3445842FD5C14ACD04E4

VEST напиша:
ЕКСКЛУЗИВНО: СЕ КОМПЛЕТИРААТ КОЊИТЕ ОД СКОПСКИТЕ СПОМЕНИЦИ

Мадињата стигнаа

ВЕСТ ексклузивно дојде до аматерски снимени фотографии од кои за прв пат може да се виде како изгледаат деловите од спомениците што треба да се постават на плоштадот Македонија во Скопје. На една од фотографиите е главата, а на друга мадињата и задникот на еден од коњите за кој се претпоставува дека е или Букефал на Александар Велики или коњот на Карпош.
A067594F7B50894580013FDA8C96B871.jpg
Деловите од спомениците кои се сместени во еден од магацините во кругот на скопската железарница, на големо се составуваат. Според визуелизацијата "Скопје 2014" и претходно објавените модели, може да се заклучи дека станува збор за споменикот на Карпош кој треба да се постави од левата страна на Вардар меѓу Камениот мост и мостот "Око" или пак за споменикот на Александар Велики кој ќе биде централно поставен на Плоштадот. Имено, според македите, самона овие два споменика коњите се со отворена уста и слично изработена грива.
Општина Центар во најголема тајност ги држи спомениците и не сака да каже каде се наоѓаат, ниту дозволува да се сликаат.
 
Улогата на новинарите во креирањето на општествено- политичкиот живот во Македонија, моментално е како аудиција во која некој постојано им подметнува погрешен текст за нивната улога. А тие желни за брзо достигнување на височините на популарноста, често пати забораваат дека, всушност треба да бидат само суфлери кои ќе придонесат, главните актери во оштествениот филм да не имровизираат во секојдневните сцени, нарушувајќи го сценариото кое режисерот го предвидел кога побарал мандат за снимање на филмот пред широкиот аудиториум на потенцијалните гледачи.
 
За сите љубители на колумните

Сајтчето е тазе , www.kolumnist.mk , бидете нежни .Па кој сака да прочита нешто за секојдневните теми за кои другите молчат , или пак имате вие што да кажете ... бујрум !
 
Сајтчето е тазе , www.kolumnist.mk , бидете нежни .Па кој сака да прочита нешто за секојдневните теми за кои другите молчат , или пак имате вие што да кажете ... бујрум !


Mи се свиѓа сајтчето, и колумните се интересни, вреди да се ѕирне.......само не ми е јасно зошто ти ја преместиле темава???
....Колумни и журналистика некако...:toe:
 
Mи се свиѓа сајтчето, и колумните се интересни, вреди да се ѕирне.......само не ми е јасно зошто ти ја преместиле темава???
....Колумни и журналистика некако...:toe:

Затоа што другото решение беше да ја избришам како реклама. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom