Од кој производител беше куленот ???
п.с додади ги Шеровски.

МИК Св. Николе.
Ајде значи да одиме,
Повеќето пилешки производи(стекови, пилешки гради, пилешка шунка) ги земам од Промес. Освен добар избор на пилешко, имаат и добар избор на свежо месо.
МИК Св. Николе имаат добар кулен, добра чајна, добра мартадела. И печеницата им беше добра, но сега поради зголемена побарувачка, гледаат што побрзо да ја пласираат на пазарот па затоа, веќе не е тоа што беше. Не е доволно подготвена, само ја чадат и ја пуштаат во продажба, затоа после два-три дена, се забележува како печеницата буквално се ''цеди''.
МИС Глобус, па од кога памтам за себе... конзумирам нивни производи. Пораснав со нивната шунка. Секогаш имаат добар избор на салами, и можам да речам дека се едни од најдобрите преработувачи на месо во регионов.
Солета, уф. Имаат закон виршли, добра печеница и неповторлива сланина. Јас не ги конзумирам толку, али затоа стариот...
п.с.
Жива, Римес и Екстра Меин не заслужуваат место во мојот фрижидер. Ако ви се добри фалете ги, јас за тоа време идам да си напраам ладен сендвич, огладнев од толку објаснување.
п.п.с.
Паштети, месни нарезак и сл не јадам. И виршлите ги избегавам. Убаво ти кажал другар ти. Убаво. Да не им намалувам продажба, иначе ќе ти постирав тука рецепт/''моќнапезентација''(

) за паштета, со слики со се`.
п.п.п.п....с.
Шеро ми е другар, али не му праам реклама за безпари.
