Фан Клуб: ФК Турново

  • Креатор на темата Креатор на темата Galactikos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Ајде нешто да прокоментираме и за Турново екипа од струмичкото село Турново, моментално лидер во втора лига и со сериозни шанси за влез во прва, нема некоја посебна историја, ама се надевам дека допрва ќе ја крои. Моментално има убава низа од 9 натпревари без пораз. следна утакмица со Алумина на гости мислам дека е во сабота.
 
FKTurnovo.gif

Еве го аблемот на Турново. Имаат добра екипа оваа сезона, Роберт Христовски им е командант во одбраната, има играно во Беласица кога се бореа за шампионска титула, а исто така има играно и во Беласица (Петрич), во полусезонава се засилија со Оливер Попчановски од Охрид и Столе Димовски, супер голман кој дојде од Маџари Солидарност. Тука е и Драган Георгиев, моментално најголемиот македонски талент, ама вообичаено, оној комплекс што го носиме во нас, се што е од надвор е подобро од тука што е кај нас во Македонија, го става во втор ред (па така кога ќе направи трансфер во странство тогаш сите ќе знаат за него, исто ко Славковски). Кој има слика од стадионот воТурново нека постави. Интересни ми се такви мали стадиончиња, кај што некои луѓе ја имаат оставено својата душа, а таков е стадионот на Турново, плус има и трибината им е покриена.
 
еееееееееее мислам дека претеравте :nesvest:

btw .... тоа што пишува дека се во втора лига и големи шанси за прва лига се мисли на цела Македонска лига или некоја регионална таму ??
 
еееееееееее мислам дека претеравте :nesvest:

btw .... тоа што пишува дека се во втора лига и големи шанси за прва лига се мисли на цела Македонска лига или некоја регионална таму ??
На цела македонска лига,и мислам има големи шанси идната сезона да го гледаме турново на градски против работнички и вардар
поздрав и со срека
 
FKTurnovo.gif

Кој има слика од стадионот воТурново нека постави. Интересни ми се такви мали стадиончиња, кај што некои луѓе ја имаат оставено својата душа, а таков е стадионот на Турново, плус има и трибината им е покриена.
Абе јајго декај Турново и игралишто на 1-2км од нас ама ме мрзе да го сликувум сеа...:smir:
:gorda:
 
Ќе биде интересно и Турново и Беласица во Прва лига :vozbud:
Освен ако Орцето не се откаже, како многу пати досега, од амбициите за влез во Прва лига, некаде оваа време отприлика...
 
Е тка е струмикс..тва е времето ке зима бодове па на крајо ке заеба нема да флезе само проблеми ке права но јас знам оти таа сезона сака да флезе у 1 лига. имат засилувања добри како попчановски,димовски,клечкароски,постолов,талески,ване пандев.Инаку денеска со алумина тепале 0-2!
 
Победа, ја победија Алумина на гости со 2-0, следна утакмица дома со Тетекс.
 
сигурно вај година сакал да флева, а иначе досаден беше Орцето последните години кога екипата стартуваше со јаки амбиции , а во вториот дел прааше распродажба на бодовите
 
1. Стојан Димовски Голман 19.09.1982
2. Васко Николов Голман 21.04.1985
3. Иван Стоилов Голман 15.05.1986
4. Митко Јованов Лев Бочен 18.05.1978
5. Роберт Христовски Десен Бочен 27.11.1978
6. Ване Пандев Штопер 27.11.1982
7. Александар Крстев Штопер 13.01.1983
8. Лазар Караколев Лев Бочен 30.03.1985
9. Оливер Попчановски Заден Везен 26.06.1982
10. Лазаровски Роберт Заден Везен 19.09.1990
11. Александар Теникиџиев Десни Везни 13.03.1986
12. Драган Горгиев Шпиц 16.12.1990
13. Николче Клечкаровски Преден Везен 17.05.1983
14. Илија Танчев Десен Везен 12.07.1988
15. Митко Тимов Заден Везен 09.01.1987
16. Даниел Ковачев Шпиц 03.03.1990
17. Зоран Талевски Десен Бочен 16.08.1984
18. Илчо Тасев полу шпиц 06.11.1985
19. Љупчо Стоилов Заден Везен 22.01.1975
20. Борче Постолов Шпиц 30.04.1981
21. Митко Мавров Заден Везен 15.04.1991
22. Драган Паунов Десен Везен 22.08.1990
23. Александар Трајковски Десен Бочен 17.02.1990
24. Томица Петров Штопер 16.07.1990
25. Љупчо Пенев Десни везни 09.11.1990

Еве го составот на Турново, во пролетниот дел од сезона 2007/08
 
Орцето си полни џебот пари, а за Турново го боли мочалото. Ама по се изгледа сака оваа година да се испроба во 1 лига, има многу добри играчи и мислам дека ќе може да се бори за добар пласман и во 1 лига ако не се разџитка саа на крајот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom