- Член од
- 14 јули 2005
- Мислења
- 1.428
- Поени од реакции
- 43
Не се впуштај во дискусија,ама дај објасни ми го ова.Сериозно ме интересира што значи,без никаква иронија...:smir:
Првата реченица, “Светлината засвети во темнината, но темнината не ја позна“ е од првото поглавје на Евангелието по Јован, поточно 1:5. Во понатамошниот текст следи објаснение - “имаше еден човек од бога пратен, Јован Крстител, кој дојде да сведочи за Светлината“.
Втората реченица “Не фрлајте ја светињата на кучињата, не фрлајте ги бисерите пред свињи. Зашто ќе ги изгазат под нозете и потоа ќе се свртат кон вас и ќе ве растргнат“ е од Евангелието по Матеј, 6:7. Објаснението на што мисли Исус кога зборува за бисерите го има на повеќе места во Новиот Завет. Ви беседата на Гората Исус вели:
“Не собирајте богатства на земјата, кадешѕо молец ги јаде и крадци ги крадат, туку собирајте богатства на небото, кадешто ниту молец може да ги изеде, ниту рѓосуваат, ниту крадец може да ги украде. Зашто, кадешто ви е богатството, таму ви се и срцата ваши“.
(Матеј 6:19-21)
Во старо време бисерот бил исто што и дијамантот денес - скапоцена вредност. Исус постојано го нагласува тоа дека духовното е повредно од материјалното, и затоа бисерите ги споредува со највисоките духовни вредности:
“Царството Божје е како трговец кој барал убави бисери, и кога најде бисер што вреди, продаде се што имаше и го купи“
(Матеј 13:45-46)
Опомената на Христос е јасна: Ако им зборувате за највисоки духовни вредности на луѓа кои не се во состојба да ги разберат тие вредности, ризикувате да се свртат против вас и да ве растргнат .