Помош за проекти (побарај и помогни на оние кои бараат помош)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anck-Su-Namun
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба помош за:
-Проектна задача во вид на есеј по психологија - Тема: Сон и сонување (најдов на Википедиа ама ми треба уште) Ако има некој книга по Психологија каде пишува нешто повеќе за сон и сонување, колективното несвесно и слично МОЛАМ нека пише:smir:



...и помош за другарка ми-нејзината тема на проектната е Поим и настанување на државата (предметот е Право)
 
Smart ass благодарам многу. Професорката рече за Систем за Автоматско Управување и Регулирањена подвижен објект Ракета или Брод или Авион..Јас неможам да најдам никаде се што наоѓам е сосема различно а треба итно да направам ти благодарам што ми помагаш.Незнам веќе каде да барам за ова многу тешко да најдам матријал се што најдов се 2 страници ништо повеќе .
 
Јас имам мнооогуу повеќе:)


Па и упатства употреба(т.е Manual) ахах за САМ,за тенкој...

ама сега
ај ќе ти пратам по ПП...па ќе го соџвакаш добро и....убаво е објаснето мислам..овај не е упатство...тоа ќе те здрка..и забуна ќе ти направи...нешто посимплифицирано.. :toe:

Ама јака ли е професорката:vozbud:
 
Ми треба есеј на тема:
Судирот на природата и културата во македонската култура (поимите "искреност" и "културно однесување" во секојдневната комуникација, печатот и ТВ медиумите).
 
Нешто повеќе на македонски за механизам на биолошка еволуција (природна селекција, гетнетски дрифт, генетска миграција). Се разбира, не Википедија :smir:
 
Ми треба семинарска или есеј за алгоритми ... може за сортирање ... хеширање ... било што .... :pipi:
 
Ми треба помош за:
-Проектна задача во вид на есеј по психологија - Тема: Сон и сонување (најдов на Википедиа ама ми треба уште) Ако има некој книга по Психологија каде пишува нешто повеќе за сон и сонување, колективното несвесно и слично МОЛАМ нека пише:smir:

Сон и спиење

Порано се мислело дека кога спие човек е целосно неактивен и без свест. Денес се знае дека тоа не е точно. Спиењето претставува состојба на многу сложена активност и изменета свесност: внимавање, чувствување , помнење, учење итн.Најновите откритија за промените на свеста што се одвиваат за време на спиењето многу ќе помогнат за разбирање на состојбите на свеста и за времето кога човекот е буден.
Секој човек има потреба од сон. Таа потреба е многу поголема кај децата отколку кај возрасните.Кога подолго време спие, кај човекот доаѓа до промени во неговото однесување : чувство на замор, главоболка, промени во перципирањето, тешкотии во концентрацијата и дезориентација, губење на меморијата, а во извесни случаи се јавуваат и параноидни идеи и халуцинации. Забележано е дека во такви ситуации доаѓа до абнормалности во електричната активност на мозокот.

Електрична активност на мозокот при различни состојби на свеста

Ако електродите од електроенцефалографот се допрат до черепот на мозокот , апаратот ќе забележи дека мозокот е постојано електрично активен. Се забележуваат повеќе видови бранови кои меѓу себе се разликуваат и одразуваат различни состојби на ментална активност на човекот.
Со помош на ЕЕГ техниката забележани се две наполно различни состојби во текот на спиењето : РЕМ состојба и НЕРЕМ состојба (фаза). РЕМ фазата претставува состојба на многу интензивна активност на мозокот и организмот во целина. Во мозокот се јавуваат електрични бранови што се вообичаени за будна состојба и состојба на ментална активност (бета бранови) : се забележува интензивна електрична активност на мускулите, меѓутоа таа активност е спречена и манифестно човекот мирува , како и интензивни брзи движења на очите ( според што оваа фаза го добила и името - rapid eyes movement) ; се јавуваат колебања во пулсот, во крвниот притисок, во длабочината и интензитетот на дишењето итн. Токму поради ваквата активна состојба на организмот, РЕМ фазата на спиењето е наречена уште и фаза на парадоксален сон, зошто човекот е наизглед неактивен, а всушност е многу активен. Во НЕРЕМ фазата сите овие промени отсуствуваат и таа претставува состојба на голема неактивност.

Сонување

Многу често во спиењето луѓето сонуваат. Во соништата нема реалност и логика, се губи чувството за време и простор, се рушат моралните норми. Секогаш сонот е мошне чуден, понекогаш прекрасен, понекогаш страшен, но честопати тежок и невозможен за објаснување. Зошто се сонува и што означува сонот?
Испитувањата покажуваат дека се сонува најчесто во РЕМ фазата на спиењето и дека сонувањето е одраз токму на многу интензивни активности што во таа фаза се одвиваат во мозокот. Содржината на сонот не е случајна, особено според Фројд, кој напишал цела анализа на соништата , во која вели дека секој сон покрај тоа што има свое откриено, има и прикриено значење.
Прикриеното значење е она што на прв поглед не е видливо, а што од психолошки аспект е особено важно. Според Фројд , тоа ги открива човековите несвесни идеи и желби што тој ги потиснал и што не смее да ги задоволи поради општествените забрани, ( во голем број сексуални симболи во соништата ја изразуваат човековата потисната сексуалност ). Швајцарскиот психијатар Јунг пак, тврди дека симболите во соновите го одразуваат сегашниот живот и животот во иднината и дека потекнуваат од "колективното несвесно". Според Јунг симболите во соновите го означуваат она што човекот би можел да биде, а според Фројд - она што човекот е.

Психологија за здравствена струка од Лилјана Милева

Се надевам дека ќе ти послужи :smir:
 
Ми треба помош за проектна на тема:
Пребарување на интернет

Фала однапред....
 
Протоколи за пренос и комуникација
HTTP, FTP

Ако на некој му се наваѓа материјал за ова нека ми прати.
Благодарам однапред.
 
Проект по Урбана Култура на тема "Спортски Обложувалници"?:toe:
 
Да не има некој при рака некоја проектна по математика.. На тема „Тригонометриска форма на комплексен бро“.
 
Материјал за проект на тема Неутронски Ѕвезди - Пулсари
Ако знае некој каде можам да најдам книга или пак некој линк на интернет ама на македонски.
Благодарам однапред
 
Нешто на тема Улогата на менаџерите во организациското структурирање?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom