- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
ДПА се пишмани, се врати во Владата
Демократската партија на Албанците на денешното Централно собрание одлучи повторно да се врати во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија соопштија дека одлуката доаѓа по средба меѓу Мендух Тачи и премиерот Никола Груевски, која се одржа денеска. Единствено поранешниот вицепремиер, Имер Алиу, нема да се варти во Владата, како што соопштуваат од ДПА, поради морални причини.
“Партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДПА постигна согласност во рок од 10 дена да формираат работни групи кои ќе разговараат за наоѓање закон за употреба на јазиците согласно постојниот Устав и постоечките законски прописи, како и Охридскиот рамковен договор. Ќе разговараат за наоѓање решение за прашањата поврзани со жртвите од конфликтот согласно постојните закони, за наоѓање решение за законот за употреба на знамињата согласно постојниот Устав и се согласија во рок од 10 дена да се донесе акционен план за спроведување на правичната застапеност на етничките заедници, кои не се мнозинство во Македонија. Понатака двете партии се согласија дека четирите хашки случаи треба да бидат решени од државните институции согласно Уставот и постоечките закони во земјава, ќе ја реафирмираат поддршката на владината прогарама и понатаму ќе се заложат за нејзино целосно спроведување“, изјави Ветон Ибраими, портпарол на ДПА.
Љубов ли е ова или панаѓур ? Скар-скар...Ај сега смир-смир...Блазе си ни... Само која ли ќе биде цената на оваа возобновена љубов ? Што мислите Вие ?
Едит: Со кои постоечки закони за жртвите на конфликтот ? Ќе им исплатат обесштетувања, па ке им ги бараат парите назад со камата, како на нашите бранители ?