Христо, овој муабет се има правено многу пати (дури и на форумов, барај теми од почетоците на постоењево на форумов) и се има објаснато многу убаво.
Ама ај ќе ти објаснам во кратки црти и тебе, па да цепаме натаму со муабетов.
Германија ја викаме сите германија. Цел свет. Ама, тие се викаат дојчи. Народот е дојч, земјата се вика дојчленд... Но во сите односи и во други јазици се Германија-Germany-Gjermani....
Значи нашиот случај не е единствен во светот. Знаев и други примери ама пусти години па сум ги заборавил, ама ако е важно ќе се потсетам.
Заклучок: Албанците ве ословуваат како Македонци, земјата СЕКОГАШ ја ословуваат како Македонија... што сакате повише?
Ние Албанците од секогаш сме барале во други јазици освен албанскиот да не нарекуваат - Албанци а јас и TonInter ќе продолжиме да си се викаме Shqiptarл меѓу нас, и тоа само на АЛБАНСКИ. На македонски кога се заебаваме некогаш си се викаме албанци.
Јасно?
Edit: Реков трн, последниве недели цепам по албански форуми и ПРЕМНОГУ ретки се случаите некој да ве ослови како било што освен македонци и земјата Македонија, во споредба со она како се нарекуваат албанците на овој форум (токму овој, не одиме понатаму). Ако сакаш споредба, дај ми ги сите поста од последниве 3 дена на БИЛО КОЈ албански форум каде македонците не се нарекувале македонци или земјата не се нарекувала македонија а јас ќе ти дадам само и исклучиво од овој форум. Ќе те тепам да знаеш