Знам мнооооогу луѓе што отишле да работат на брод и искуствата се различни. Пред се шетаат многу што е убаво, но во глобала тие тоа го гледаат од брод, а за забава надвор од бродот многу малку. Значи ако некој сака да си иде да не си замислува дека цело време ќе шета секаде, туку само ако има слободен ден еднаш неделно (а може тогаш ќе си на сред море а не на пристаниште во некој град).
Треба да се има и малку среќа за што ќе се погоди да работиш и повеќето работи се премногу напорни, а ако одиш прва година посебно. Обично тие што одат втор, трет ... пат имаат подобри работни места.
И мислам убаво е да се работи, мене не би ми било проблем за дека сум на брод и слично, но тоа не знам дали ќе издржам. Знам девојчиња што биле и сите така се потсмевнуваат па убаво беше знаеш пари си имам. Али кога ќе кажат чистеле по 15 саати на ден или знам како келнерка што работела и нејзина должност било да носи огромни послужавници па еве неколку години си има сериозни проблеми со грбот и кичмата. Така што тоа не е за мене никако.
Момците најчесто се келнери, во кујна работат, чистачи и сл. знам и еден што работеше на брод во подрум кај машините што го движат бродот и кажува не видов сонце цели 6-8 месеци.
Е сега за пари има се заштедува доволно. Али да се размисли дали вреди до толку да се измачуваш. Некои викаат да, некои не. Јас не би!