C
Cool Hand Luke
Гостин
Не осаменост кога човек е поради сила на околностите осамен, туку луѓе што се осамени во самите себеси и кога се во друштво. Луѓе што често можат да се видат како сами скитаат. Психолозите укажуваат на лошо детство, родители, трауми, поради кои психата на личноста се повлекла во себеси да се одбрани. Осаменоста може да крие незрел, но и супериорен човек, кој свесно не сака да се вклопи во друштво а може. Постојат и егоманични осаменици, наизглед најживи и најекстровертни а всушност имаат само добра маска со која се кријат, од страв се разбира, и многу често ги малтретираат своите повлечени “собраќа“ со иста цел како претходниот случај, типично медиокритетски.
Да не знаете некое вакво “фрикче“? Да не сте и самите таков? Тогаш би можеле да се дружиме, само ќе си молчиме и ќе се смешкаме и смееме до утре сабајле
П.С. Важно е за секоја личност барем дел од животот да го помине во осаменост, важно за самозапознавање, како и за запознавање на светот.
Светот и животот можеш вистински да ги запознаеш и искусиш
само сам, - Херман Хесе ли беше?