Eве ги предавниците, се јавија!

Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Многу политичари, аналитичари, новинари итн. сакаат да протнат нешто под черџе без никој да го забележи. Значи демек некоја придавка да се додаде на името не задирала во идентитетот. Ако била демократска, го укажувало само уредувањето и не било проблем, ако било северна тоа било само географска одредница, и тоа не е проблем итн. Па ако гледаме според нивната логика и бивша Југословенска Република не е ич проблем. Зошто да биди, па и тоа означува некоја состојба, означува дека сме бивша југословенска република, важно Македонија има во името. Значи ние можеме да си додаваме што сакаме на името и се дури има Македонија во него не е ич проблем бидејќи не задирало во идентитетот. Еве на пример во ЕУ се водиме како бивша Југословенска Република Македонија и во кратка и долга форма, а јазикот се води како македонски, за жителите пишува „од бившата Југословенска Република Македонија“ или македонец. Значи ако се водиме според ваквата логика не некои политичари и експерти, за нас во ЕУ не е нарушен идентитетот бидејќи се водиме под име кое го содржи зборот Македонија, јазикот како македонски, жителите како македонци.

За мене дали ќе било Демократска, Северна, Горна, Нова, Независна е исто како и бивша Југословенска Република. Било каква додавка на името апсолутно го нарушува идентитетот и за мене претставува најтешка навреда. Само ми е криво што многу луѓе нема да го согледаат ова и ќе подлегнат на тешките манипулации и лаги од ваквите луѓе.
 
Член од
1 февруари 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
Ne mi se veruva,ustvari lazam...MI SE VERUVA!!! kakvi teski kreteni sedat na kozni stolcinja i se polnat so pari prodavajki si ja svojata drzava,svojot identitet,svoeto ime,SVOETO JAS!!! mi se povrakja od niv,da mozam site bi gi ubila,POLEKA NO SIGURNO...
 
Член од
23 март 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Прикачувањето разни додавки пред или по името Македонија, практично и фактички значи промена на името. За ова ниту една политичка опција нема добиено мандат во нашава земја.

Сега се наоѓаме пред едноставен избор: задржување на името или прием во НАТО. И двете понудени опции носат неизвесности за кои сме мнооогу свесни. Заземање на ставот за задржување на името можеби значи економска и политичка неизвесност во поглед на стабилноста, но на тоа некако навикнавме ние Македонците. Приемот пак во НАТО, со додавка во името, носи неизвесност и во поглед на нашиот економски развој и во поглед на политичката стабилност, ама дефинитивно значи губење на националниот идентитет за навек.

Затоа, не би требало да имаме и јас немам дилема, мораме да си го зачуваме нашиот идентитет - Македонија, Македонско, Македонци за навек.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Добредојде професоре! :smir:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Добро дојде и од мене г. Тентов ....
Се надевам дека вашето мислење ќе го размрда народот и дека ќе ја сватат потребата за итна интервенција ...
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Добредојде Професоре. :zver:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Прикачувањето разни додавки пред или по името Македонија, практично и фактички значи промена на името. За ова ниту една политичка опција нема добиено мандат во нашава земја.

Сега се наоѓаме пред едноставен избор: задржување на името или прием во НАТО. И двете понудени опции носат неизвесности за кои сме мнооогу свесни. Заземање на ставот за задржување на името можеби значи економска и политичка неизвесност во поглед на стабилноста, но на тоа некако навикнавме ние Македонците. Приемот пак во НАТО, со додавка во името, носи неизвесност и во поглед на нашиот економски развој и во поглед на политичката стабилност, ама дефинитивно значи губење на националниот идентитет за навек.

Затоа, не би требало да имаме и јас немам дилема, мораме да си го зачуваме нашиот идентитет - Македонија, Македонско, Македонци за навек.
Професоре врска немаш затоа што во емисјата на Миленко зборуваш за едно ао воде зборуваш друго. нели според вас во ќе се случи трета светска војна или силите на злото ќе војуваат со силите на доброто и пред да победат слите на доброто ќе се спушти господ исус христос по втор пат на земјата и ќе ја прекине војната и ќе завладее мир. Епа ако македонија сака да биде со силите на доборот треба да влезе во НАТО. Ако сакаме да бидеме живи и здрави тогаш јасно е дека треба д авлеземе во нато. кое фајде ако не влеземе во нато од името кога не се знае дали ќе преживеам во таа војна? што мислите вие зашто американците ја градат онаа тврдина на кале? Па они нешто знааат, вие мислите на толку многу им до македонија и македонците? се тоа од политичко и стратешко знечење. но за мене е побитно влегувањето во нато од тоа како ќе ме викаат.
Затоа што можеш да смениш име и вера и др. но гените не можеш да ги смениш. А тоа значи дека како и да се вкам јас пак ќе бидам макеоднец а тоа и денес го има како пример со србите кои се потомци на античките македонци. Што значи иако се викаат така они се македонци, само што не се освестени за своето потекло :wink:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Professor Dr. Aristotel Tentov ?????
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Денес Еднооки се кажаа нема потреба повеќе од коментар. Гледајте ја репризата и се ќе ви стане јасно преку добра анимација и добра смешка. На Едооки се надврза и Чомовски со едно малициозно прашање до Тито Петоквски за неговиот грчки зет и поврзаноста со Грција.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Ааа уште една работа кажана од Гоце Делчев:
"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот"

Значи има машки род, среден род, женски род и изрод. Е овие се во последната категорија.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Тие се едни те исти, за жал, несменета багра.

Тогаш предавствата се вршени со кодошење, а сега покрај кодош'лкот што го вршат против својата земја пред стренџерите-ЈАВНО со изјави се жалат против нивната земја пред Комесарите.

Исто така се појавија и како ,,експерти,, за све и свашта. Истите биднаа ,,стручњаци,, ,,независни новинарски пера,, ,,интелектуалци,, и други самотитули. Покрај застарените методи почнаа и нивните методи да мутираат.
 

mnm

Член од
23 март 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
FYROM?

Се вклучив во форумов само заради оваа тема која ја видов на почетната страница случајно. Читам и се чудам.

Знае ли некој овде за што станува збор и кое име ќе се менува (доколку се менува)?!

Очевидно е дека или не знае или намерно се шири дезинформација и пропаганда.

Како што сите знаеме името под кое сме примени во Обединетите Нации е Former Yugoslav Republic of Macedonia. Во сите меѓународни институции сме примени под тоа име, па дури и на Евровизија настапуваме како FYR Macedonia.

Тоа е името кое ТРЕБА да се промени. Само на закоравени југоносталгичари повеќе им се допаѓа името Бивша Југословенска Република Македонија. Или пак можеби некои работат на тоа Македонија да ја втурнат во некаква Нова Југославија па затоа не сакаат да се промени тоа име.

Секое друго име е 100 пати подобро од БЈРМ! Освен за југоносталгичарите.

Кој е предавникот и што предава?!
Го предава името FYROM (БЈРМ)?
Изгледа некои повеќе сакаат да бидат БаЈРаМ-ци, отколку Македонци.

Доста ни е од лажен патриотизам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom