- Член од
- 10 март 2008
- Мислења
- 101
- Поени од реакции
- 0
Многу политичари, аналитичари, новинари итн. сакаат да протнат нешто под черџе без никој да го забележи. Значи демек некоја придавка да се додаде на името не задирала во идентитетот. Ако била демократска, го укажувало само уредувањето и не било проблем, ако било северна тоа било само географска одредница, и тоа не е проблем итн. Па ако гледаме според нивната логика и бивша Југословенска Република не е ич проблем. Зошто да биди, па и тоа означува некоја состојба, означува дека сме бивша југословенска република, важно Македонија има во името. Значи ние можеме да си додаваме што сакаме на името и се дури има Македонија во него не е ич проблем бидејќи не задирало во идентитетот. Еве на пример во ЕУ се водиме како бивша Југословенска Република Македонија и во кратка и долга форма, а јазикот се води како македонски, за жителите пишува „од бившата Југословенска Република Македонија“ или македонец. Значи ако се водиме според ваквата логика не некои политичари и експерти, за нас во ЕУ не е нарушен идентитетот бидејќи се водиме под име кое го содржи зборот Македонија, јазикот како македонски, жителите како македонци.
За мене дали ќе било Демократска, Северна, Горна, Нова, Независна е исто како и бивша Југословенска Република. Било каква додавка на името апсолутно го нарушува идентитетот и за мене претставува најтешка навреда. Само ми е криво што многу луѓе нема да го согледаат ова и ќе подлегнат на тешките манипулации и лаги од ваквите луѓе.