Бранко Героски
Ако покрај Северна и Нова на маса е и предлогот Република Македонија -Скопје, како што сведочи лично премиерот Груевски, тогаш навистина не разбирам што се чека.
Компромисот е тука на дофат.
Нашиот проблем, велат, бил сложен и не можело брзо да се реши.
Тикви шарени!
И Хрватска имаше деликатен проблем со соседите, па видете како постапи нивниот премер. Санадер се откажа од ЗЕРП-от, замина за Брисел, таму го собра кајмакот и се врати дома со крената глава и овенчан со слава.
Целата работа траеше 24 часа. Затоа Хрватска сега ќе стане членка на НАТО, а за две години ќе биде во ЕУ.
Санадер е политичар од европски формат, драги мои. А Грујо?
Грујо допрва учи да направи разлика меѓу национална гордост и селски инает.
Извор.