А има и индиции дека ова е договорено меѓу Грујо и Тачи. Ако е така тогаш овие двајца ја играат најдобрата политичка игра која било кога била изиграна на Балканов, а и пошироко со што буквално ќе го издриблаат целиот свет!
Да елаборирам:
- Еден од главните (наши) аргументи против грчкото вето за влезот во НАТО е стабилноста во регионот и Македонија,
- “Криза“ во владината коалиција е последно што и треба на Македонија, а и регионот,
- Одеднаш ДПА излегува со некакво ултимативно барање, поточно листа од барања и најавува излез од владата,
- Сите од “меѓународната“ одеднаш заборавија на “проблемот“ со името и се сконцентрираа кон овој “дестабилизирачки“ проблем во Македонија,
- Цел притисок се пренасочува кон Грција (како што претпоставувам ќе видиме во следниве недели), а Македонија е буквално бутната во НАТО
- Запаметете драги мои ДПА не ни помисли да излезе од влада во 2001, па не гледам зашто би го сторила истото и сега.
Е сега, дали е сево ова само мое wishfull thinking, или по нашки “гладна кокошка просо сонува“, живи били па видели шо викаат српчињата. Ако не... ќе се тепаме еби му мајката. Јас сум спремен! И тоа многу!