Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.406
- Поени од реакции
- 5.971
Не цитирам целосно за да не биде постот предолг.Jas pak ke kazham...
Napred Lozari! Konecno i titulata kaj nas.
Тимот на Струмица играше под голем притисок, промашија многу слободни фрлања на крај и направија грешки, ама мора да признаете дека беа подобри. Не е дека не можеја да го задржат резултатот, го држеа резултатот цело време. Имавте среќа, имавте поголема поддршка (нормално, се игра на домашен терен).
Фени шутираше тројки на секој напад точно, исфорсиравте и погодивте неколку од тие, тренерот на нашите ги советуваше да не одат на 3 по никоја цена.
Лани во Битола пак неправедно Вардар Осигурување ни го зеде купот пред нос, изнервирани кошаркарите не отидоа да си ги земат сребрените медали, заради тоа и оставија црна дамка во сопствената кошаркарска историја.
Било како било. Само прочитав коментар погоре кој губи има право да се лути и да плаче, ние не плачеме, спортски ви ја честитаме победата, ама знаеме кој е вистинскиот победник.
Не забележав баш најдобро ама слушнав коментари дека Самарџиев правел чекори кога ја погоди тројката, плус имаше уште неколку секунди време а кога се случи тоа тие рипнаа да се радуваат. Не велам дека Струмица за тие неколку секунди ќе направеше чудо, ама во кошарката не се знае ништо до последен момент.
На крајот паднавме и психички уште еднаш ќе кажам заради огромниот притисок. Знам која нервоза е, тоа се неверојатно стресни моменти за нив.
Ние обожавателите и навивачите ќе ги бодриме до крај, барем да успеат да бидат шампиони во сезоната како и лани.