Нудизам. Се чувствувате ли пријатно кога сте голи?

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
никогаш не вели никогаш....
неам проблем да се пресоблакам или соблакам пред другарки... некогаш да.. има моменти кога едноставно неможам да се соблечам пред некого.. али главно неам проблем... си го обожавам телото...
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Не сум си одговорила на сопствената тема, срам да ми е.

Моето искуство: откако еднаш се соблеков на плажа, тешко ми е бе да облакам купаќи. Грозно парче ткаенина кое ми држи ладно на јајниците и треба праам облечи-пресоблечи егзибиции после секое влагање во вода. Голото тело е поаеродинамично, и му дава нов шмек на движењето во вода. Слобода, ем уживанција. Уф, шо немам кај да идам ова лето :(

Бабовците и дедовците нудисти се реалност по нудистички плажи, како што се и фамилиите со по 3-4 деца, сите пиштол голи, освен тинејџерите на кои им е срам од првите знаци на својата сексуалност. Цело време сме бомбардирани со голи, згодни, млади и ретуширани тела; нема лошо да ни дојде еден риалити флеш - еве вака ќе изгледаме ние за 30, 40, 50 години, и ќе треба да си се прифатиме и сакаме такви какви што сме. На распиштолените нудисти тоа некако им успева.

И уште еден совет за идните нудисти (и топлес девојки): не ги изложувајте веднаш на јако сонце деловите од телото навикнати на вечен мрак. Ќе го јадете.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Кул е да се шеташ гол на место кај нема никој да ти замери.
Мене ми е особено кеиф бидејќи имам и што да покажам, како убер фраер.
Сега разбирам зошто некој друг не би сакал, засегнат од физичката некомпетентност.
Или девојките поради свиснатоста на цицките, стрии на бутови и млохав гз.
Но јас би рекол има место за сите.
Не може секој да е најубав, а и не е поентата на нудистичка плажа во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Значи не станува збор само за тоа колку си го сакаме телото и колку уживаме неговата голотија да ја сервираме наместо локум со кафето.
Станува збор и со кого сте појдени на нудистичка плажа,за мене моментот така соголена целата и легната на крпа,околу мене зетовците или братучеди и комшии,некако баш па и не ми е пријатен.Наутро седнувам со спремен појадок со цела фамилија ,а после така слободни си се шетаме па може и одбојка да заиграме,од восклик дека сме зближени,па што и да не се растресеме малку.

Значи сепак сум малку резервирана по ова прашање,па дури ни со партнерот не би одела на нудистичка,кога би се случило(што познавајќи се себе си,тешко дека би се случило),сигурно би била сама.
Не станува збор за тоа колку доволно си го сакам телото,туку колку доволно сум спремна моето тело да биде тотално соголено,на место како што е нудистичка плажа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Го сакам моето тело и се чувствувам пријатно кога сум гола. Ама, сама и гола :)

Не ми е незгодно да се пресоблекувам пред другарки, веќе од толку одмори со другарки немам што друго да кажам освен “Наши сме си“ :) Само, не ми е пријатно да се соблечам скроС пред нив. А имам другарки што не било срам да бидат голи пред мене, е тогаш нив не ги фатило срам, а мене да. Порано ми беше незгодно да гледам така гола да ми се шета некоја.. ама отрпнав одамна :)

А не сум таква на пример ко пола девојки што ги знам да вриштам ако некое машко ми ја види пола лева прерамка од десната страна на прслукот. Знам на физичко(и во театар) во гардероба кога се пресоблакавме постојано некоја влегуваше или излегуваше и вратата беше цело време малце подотворена и многу ме нервираше што женските пиштеа нон-стоп “Ааа затвори вратаааа!“ “Лелееее по хулахопки сум!“ “Лелеее ми се виде прслукот!“ Де бре жени ко второ одделение да сме! Ко машкине да не виделе девојче по прслук и по гаќи (а за купачи да не збориме!) Го здоболе некој за прслукот твој :tapp:

Инаку не верувам дека би отишла на нудистичка плажа. Мислам, интересно звучи ама... не сакам таму било кој да го види моето тело. И не сум сигурна дека би сакала да видам било чие тело. Ако се соблечам гола на плажа, тоа ќе биде некаде кај што ќе бидам сама со уште една личност. :pipi:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
12 февруари 2008
Мислења
323
Поени од реакции
4
како помлад во купари дубровник бев на нудистичка плажа но сега не би се соблекол бидејки со мене доаѓаат и моите деца па малце е незгодно
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
како помлад во купари дубровник бев на нудистичка плажа но сега не би се соблекол бидејки со мене доаѓаат и моите деца па малце е незгодно
Зар има подобар начин на децата да им се објасни разликата меѓу половите, отколку да им се покаже?

Инаку, моите родители тврдат дека ме носеле на нудистичка (Ада Бојана) кога сум била мала. Ништо не памтам :toe:
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Единствено место каде би бил сосема гол е дома
Немам потреба да се соблакам сосема гол на плажа...Не ми е пријатно едноставно...
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
И шо ќе им кажеш на децата? Ова е кур а ова е пичка, и курот се става во пичката и така се прават деца, ама прво мора да се исправи курот...па имаш детско потпрашање:
-а тато, тато како се исправа курот? И после шо прајме....?
Те носеле на нудистичка плажа? Уффф.... Стварно?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
ОО, сакам, сакам, сакам...И не ми е срам, барем сега, на овие години(20, кога вријам:))Не сум била никогаш, но сакам да одам. Само да не ме бркне некој деде:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
И шо ќе им кажеш на децата? Ова е кур а ова е пичка, и курот се става во пичката и така се прават деца, ама прво мора да се исправи курот...па имаш детско потпрашање:
-а тато, тато како се исправа курот? И после шо прајме....?
Те носеле на нудистичка плажа? Уффф.... Стварно?
Ако инсистираш да употребуваш дрти ток при воспитување на твоите деца, нема проблем, не ти се мешам :pos: А дали стварно ме носеле или не, ќе треба да препрашам, трауми нешто немам.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
И шо ќе им кажеш на децата? Ова е кур а ова е пичка, и курот се става во пичката и така се прават деца, ама прво мора да се исправи курот...па имаш детско потпрашање:
-а тато, тато како се исправа курот? И после шо прајме....?
Те носеле на нудистичка плажа? Уффф.... Стварно?
Абе лошо е на нудистичка плажа ако на радознали деца им кажеш како се молзи крава.

Абе не дека имам некои големи спреги ама на плажа идам ради бањање, каде за разлика од кај женските со мандалото и двата звонци сум помалку аеродинамичен, башка навикнат сум да ми се на едно место истите три елементи, па така за плажа каде што има спортски активности, не гол од практични причини не ми одговара. Да се разбереме на плажа не идам да се сончам особено не со вака високиве УВ зрачења. Така да гол останува за по дома ама само кога тоа на друг не му смета, и кога е доволно топло за таква активност.
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
А бе, јас за употреба на дрти ток немам проблем ич, да ти кажам право никад! Ама шо знам?!!? Да го ебам, глупо ми е некако гол да се шетам пред децата, и сето тоа поучно да изгледа, макар било тоа и само син ми и шетаме како машко друштво! Немам додуша уште деца ама не верувам дека би,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom