Ја отварам оваа тема со надеж дека некој постар и поискусен од мене ќе ми објасни за 1995 година(ако не се лажам)
под кои околности го променивме знамето?Дали потпишавме официјална спогодба за промената и дали доколку сакаме можеме пак да си го вратиме старото знаме.Па ако можеме за инат на грците да го вратиме сонцето на Виргина.А не цел живот ние да бидеме тие што попуштаме.
+
=
100ти пост во име на Македонија
Dj_Madness,
Најосновно е да се знае дека постои правило, факт, и тоа не само во меѓучовечките односи туку и во меѓународните односи на државите. Тоа правило гласи:
Ако не можеш нешто твое што е вредно да го зачуваш тогаш ќе го изгубиш!!!
Ние како народ, во тоа време тукушто ги отфрливме сите пранги и се ослободивме од се` што се обидело да не` покори. Значи станавме независни и слободни како народ и како,
конечно држава.
Проблемите веднаш се појавија. Посебено за истакнување беше сквернавењето на нашите симболи знамето и грбот. ВМРО-ДПМНЕ ги користеше како свои симболи на партијата со која си ја означуваше патриотската припадност за разлика од космополитската (про ЈУ) политика на СКМ ПДП, сега познат како СДСМ.
Успехот ВМРО-ДПМНЕ кој го постигна со користење на нашите симболи пречеше во плановите на СДСМ. Со силна пропагандна активност СДСМ успеа да наметне мислење во општеството дека националните симболи се всушност само симболи на „бугарофилите во Македонија“, односно ВМРО-ДПМНЕ.
Немојте да заборавете дека тогаш сеуште се мислеше дека ние како народ не сме биле способни да имаме своја држава.:uvo: Сепак, една олеснителна околност е тоа што генерации македонци поминале низ тешка соц. реалистичка и антимакедонска индоктринација која сеуште ја нарекуваме образование и затоа беше како што беше.
Како и да е, двете силни „политички“ групации во Македонија наместо својата политика да ја водат според своите идеологии тие се свртеа кон тоа што го знаат, колективистичкото. Значи пост соц. реалистичко однесување. Ја засноваа својата „политика“ врз омраза едните спроти другите во жестока и немилосрдна борба кој да завладее со буџетот и да ни го води животот. Ваквото водење на „политиката“ во Македонија создаде услови за да се појават сите негативности кои веќе ги знаеме и тие кои не ги знаеме.
Како и да е, се ослабевме бидејки:
- наместо да се сфатевме како нација со свои интереси се претворивме во комуњари и бугарофили.
- наместо да ја надградувавме нашата економија, валканите пари од грабежот наречен приватизација беа поинтересни.
- наместо да се научиме да живееме како слободни луѓе во демократско општество, преку пропаганда, но и нашата инертност избравме да продолжиме да живееме како овци ама овој пат во различни трла.
- и други работи кои не не` красат како припадници на една нација.
Следствено на напишаново, меѓудругото, преку нашата внатрешна неслога надвор бевме сфатени како несериозни, како мали деца. За многумина, но не доволно, беше несфатливо како ни се смени знамето и како тоа да не се грижиме за своите во окупираните делови на Македонија ама нашата несериознотст и институционална необразованост си го направи своето. Покрај тоа што се побунивме и баравме подршка од останатите во општеството сепак не ја добивме бидејки новата општествена манипулација и резултатот од минатата си го направи своето. Луѓето тогаш, многумина и денес, едноставно не сакаа да застанат во одбрана на... Замислете на некакви партиски симболи на ВМРО-ДПМНЕ. Подобро им било да влезата безимени во ОН отколку да застанат во одбрана на своето.:uvo: Дури и многу членови на ВМРО-ДПМНЕ беа со исто мислење. Треба да се напомене дека и денес од одреден, голем, процент на нашето население се смета дека нашето знаме, сонцето, е всушност партиски знак, а не симбол на една нација. :uvo:
Како народ, сеуште сме, во генерална смисла,
само производи на минати пропагандни дејства. Добро е тоа што во поново време процентот на самосвесни индивидуи постојано е во пораст.