Република Македонија?

Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Не знам дали сте забележале, но се почесто погрешно се употребува нашето име. Веќе и самите се изгубивме во употре*ата на името. Всушност, за името постои кратка и долга форма. Јас не сум некој експерт или стручно лице на оваа тема, но колку што знам долгата форма го означува општествено-политичкото уредување во државата, во нашиот случај република, и се употребува кога земјата се споменува како легален ентитет, а кратката како географски, економски ентитет итн... што значи во туризам, презентирање на земјата, разговори, адреси итн. Затоа мислам дека кога се споменува името во контекст како во вториот случај треба да се пишува само Македонија. Примери на погрешна употре*а има бројни. Земете ги медиумите, политичарите за пример. Кога спомнуваат однос помеѓу Македонија и било која друга земја, Македонија ја пишуваат РМ, а другата земја со скратеното име. На пр. „Имаше средба помеѓу претседателот на Бугарија и претседателот на Република Македонија“. Со ова си го наметнавме терминот Република Македонија како име кое треба да го употребуваме и во кратка и во долга форма. Земете само видете ги адресите на компаниите и ќе видите кога се пишува локацијата многу често стои на пр. адреса ХХХ, Скопје, Република Македонија. Ова е за мене тотално погрешно. Јас немам видено во други земји кога се работи за адреси да пишува на пр. Загреб, Република Хрватска; Љубљана, Република Словенија; да не зборуваме Берлин, Сојузна Република Германија или Виена, Република Австрија.

И сите кои велат дека официјално име е Република Македонија треба да знаат дека и Македонија е официјално име само во кратка форма. Дали ќе речете граѓаните на Македонија, територијата на Македонија, културата на Македонија, па дури и владата на Македонија или претседателот на Македонија нема врска.

Ако ги видите веб страните на германските и австриските институции (влада, министерства итн.) ќе видите дека секаде кога се спомнуваат земјите пишува Австрија и Германија соодветно иако официјалните долги форми на имињата на овие земји се Република Австрија и Сојузна Република Германија. Дали се работи за вести, извештаи или пак информации за самите земји, нема врска, секаде стои Австрија или Германија соодветно. Значи се работи за министерства, државни институции. Со ова сакам да кажам дека ако земји како Австрија и Германија и скоро сите други земји вака ги употребуваат нивните имиња тогаш треба истиот случај да е и кај нас. Но се разбира кај нас тоа не е така. Кај нашите министерства како забранет термин да е името Македонија, па секаде пишува РМ.

Еве неколу примери за погрешната употреба на името:
Ова е од веб-страната на ВМРО-ДПМНЕ: „Република Македонија тре*а да го продолжи дијалогот со Грција во спорот за името..“. Еве го линкот:
http://www.vmro-dpmne.org.mk/Vesti/vest.asp?id=2876.
Писмото до Нимиц испратено од партијата на Македонците во Грција „Виножито“. Овде секаде Македонија се посочува како Република Македонија, а Грција како Грција.
http://www.florina.org/html/2008/letter_to_niemitc_26022008.html
Ова е напис на А1 за македонскиот ден на Меѓународниот саем на книгата во Софија. На паното на тој саем стоеше слоганот „Секогаш до вас, Република Македонија“. Ова е тотално погрешно. Како што кажав претходно кога земјата се споменува во географски, економски, историски контекст тогаш стои кратката форма. Јас никогаш во животот не сум видел „Welcome to the Federative Republic of Brazil“ на пример. Колку глупаво и смешно звучи. Сетете се исто така на рекламата на CNN „Welcome to the Republic of Macedonia“... што да кажам повеќе.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=87028

За тие што не се сложуваат за употребата на кратката и долгата форма на името еве линк од делот од официјалниот портал на Европската Унија за конвенциите за употреба на имињата на земјите во рамките на европските институции, тела и агенции:
http://publications.europa.eu/code/en/en-370100.htm

Мене најповеќе во сето ова ме плаши дека ако еден ден дојдеме во ситуација да бидиме признати меѓународно под нашето уставно име, дека ќе бидеме признаени под уставното име, но тоа да биди и во кратка и долга форма напишано Република Македонија, со што повторно би се направило дистинкција помеѓу нашата земја и грчката провинција Македонија. Ние нема да имаме право да го користиме терминот Македонија и повторно тоа право би му останало само на Грција.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Истото ова и мене ми оди на нерви од многу одамна, толку знаат!
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Zatoa sto nie imame dekalriran REPUBLIKANSKI SISTEM. Zatoa.

A imeto ni e vo dispute.
 
Ra

Член од
15 февруари 2008
Мислења
417
Поени од реакции
5
А како ќе се викаме ако еден ден, во иднина, решиме на референдум да станеме монархија?
Кралство Република Македонија?
Во Словенија, на парите пишува Банка Словеније, а не Банка Републике Словеније...
Тоа е за цигано-атињаните, да се разликува меѓу вистинската Македонија, и сегашната РМ, која е, во главно, бившиот српски окупационен сектор од вистинската Македонија.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не, Кралство Македонија, ако најдеме соодветен никаквец за крал.
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
А како ќе се викаме ако еден ден, во иднина, решиме на референдум да станеме монархија?
Кралство Република Македонија?
Во Словенија, на парите пишува Банка Словеније, а не Банка Републике Словеније...
Тоа е за цигано-атињаните, да се разликува меѓу вистинската Македонија, и сегашната РМ, која е, во главно, бившиот српски окупационен сектор од вистинската Македонија.
Баш така. Имало луѓе кои ме сфаќаат што ми е поентата. Да се направи разлика помеѓу провинцијата Македонија во Грција и државата Македонија. Затоа викам доколку се пишува секаде Република Македонија во целост, и на пример доколку би се договориле нашите секаде во меѓународни организации да пишува Republic of Macedonia во целост, а не Macedonia тоа ќе им оди само во прилог на Грците. Затоа треба прво самите да сфатиме дека не смееме да пишуваме Република Македонија, туку само Македонија, како што е случајот со сите други држави. Ова со банката перфектен пример ти беше. Се работи за државна институција еееј.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Република затоа што тоа ни е политичко уредување.

Македонија си е Македонија, Државата ни е вика Република Македонија, да биде САМО Македонија, треба да се придодадат уште два три дела, па да биде цела.

Ако некој мисли дека со тоа што ќе го нарече Вардарскиот дел на Македонија само Македонија, е патриот, тогаш подумајте малку за вашиот патриотизам.

Со тоа ги одрекнувате и Егејска, и Пиринска, и украденото од Србите, и Украденото од Албанците...

Не трчајте ко прлиња...

Република Македонија се наоѓа во ВАРДАРСКИОТ дел , единствениот навистина слободен дел на МАКЕДОН/иа
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10

апсолутно се согласувам....
 
Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Република затоа што тоа ни е политичко уредување.

Македонија си е Македонија, Државата ни е вика Република Македонија, да биде САМО Македонија, треба да се придодадат уште два три дела, па да биде цела.

Ако некој мисли дека со тоа што ќе го нарече Вардарскиот дел на Македонија само Македонија, е патриот, тогаш подумајте малку за вашиот патриотизам.

Со тоа ги одрекнувате и Егејска, и Пиринска, и украденото од Србите, и Украденото од Албанците...

Не трчајте ко прлиња...

Република Македонија се наоѓа во ВАРДАРСКИОТ дел , единствениот навистина слободен дел на МАКЕДОН/иа
За нас...патриоти..да
а за други...со ова..само ќе бидиме содржина на некои брошури..
ама..кој ги ебит =D
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Република затоа што тоа ни е политичко уредување.

Македонија си е Македонија, Државата ни е вика Република Македонија, да биде САМО Македонија, треба да се придодадат уште два три дела, па да биде цела.

Ако некој мисли дека со тоа што ќе го нарече Вардарскиот дел на Македонија само Македонија, е патриот, тогаш подумајте малку за вашиот патриотизам.

Со тоа ги одрекнувате и Егејска, и Пиринска, и украденото од Србите, и Украденото од Албанците...

Не трчајте ко прлиња...

Република Македонија се наоѓа во ВАРДАРСКИОТ дел , единствениот навистина слободен дел на МАКЕДОН/иа
Апсолутно не се согласувам. Баш тука ти е гршката. Јас не се одрекувам ни од Егејска ни од Пиринска. Самиот имам потекло од Егејска Македонија. Денес реалноста е таква. Она што остана од Македонија сме ние. Кога ќе се приклучат другите делови повторно ќе биде само Македонија. Од тоа се плашат Грците. Дека ако ние се викаме во светот само Македонија тогаш, на Македонија би и следувале и останатите делови кои го формираат регионот Македонија. Јас зборувам за погрешна употреба на терминот Република Македонија. Зошто на пример кога фирмите пишуваат адреси пишуваат Град, РМ а не Град, Македонија. Зошто сите политичари цело време од уста не им излегува РМ, РМ, РМ. Никаде во светот не е случај. Затоа наброив еден куп примери за да видите. Без разлика на региони и грци и се, ние имаме формат на име ист како и Грција и Бугарија и Словенија и Австрија. Кратка и долга форма. Ама наште новинари и политичари упорно за нас велат Република Македонија , а за другите Бугарија, Грција, Словенија. Еве повели линк од Cia Factbook за Македонија:
https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mk.html#Govt

Тука можиш ад видиш дека има
conventional long form:
Republic of Macedonia
conventional short form: Macedonia

Значи тотално легитимно е да го користиме само името Македонија. Ако сакаш да правиш дистинкција помеѓу Македониај во целост и дравата Македонија, тогаш вели регионот Македонија кога мислиш како регион, а кога мислиш на државата пиши само Македонија
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
кога се кажи и напиши Република Македонија, јасно е дека се мисли на државата која се наоѓа таму кај шо се наоѓа - во Вардарскиот дел на Историска и Територијална Македонија.

Нормално дека ние не сме републик-Македонци, туку Македонци

нормално дека ќе навиваме „Македонија„

ама не смее да се оди на тоа да се користи терминот Македонија за да се означи Република Македонија, односно САМО нејзиниот Вардарски дел.

Луѓе, историјата е заебана работа. Не се секирајте, се врти тркалото, сме владееле со светот долго, па сме биле робови, денес садачи на дрва, утре којзнае...

А Македонија е вечна.

Ама ЦЕЛА, и тоа украденото :)

И тоа е Македонија.

@ Персеј:

и јас сум Егеец пола, дури и поќе од пола, каква врска има тоа?

Ти со сиот ум мислиш, дека ако ние се викаме самите, и избориме да речиме, и другите да не викаат САМО Македонија, дека автоматски ни следуваат и другите делови?

хмм, не се сложувам...

НАПРОТИВ :)

регионот Македонија има Егејска, Вардарска, Пиринска, одстапеното на Албанија и украденото од Србите...

така да со поистоветување

регион Македонија = Република Македонија, се одкажваш од другите делови.

подумај малку...
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Еве ти илинк за Австрија:

https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/au.html#Govt

Потполно истиот случај. Ама кога се работи за Австрија никаде нема да видиш Република Австрија, дали се работело за медиуми или политичари или туризам.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Ама Австрија нема уште 4 дела кај комшиите!!!
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
кога се кажи и напиши Република Македонија, јасно е дека се мисли на државата која се наоѓа таму кај шо се наоѓа - во Вардарскиот дел на Историска и Територијална Македонија.

Нормално дека ние не сме републик-Македонци, туку Македонци

нормално дека ќе навиваме „Македонија„

ама не смее да се оди на тоа да се користи терминот Македонија за да се означи Република Македонија, односно САМО нејзиниот Вардарски дел.

Луѓе, историјата е заебана работа. Не се секирајте, се врти тркалото, сме владееле со светот долго, па сме биле робови, денес садачи на дрва, утре којзнае...

А Македонија е вечна.

Ама ЦЕЛА, и тоа украденото :)

И тоа е Македонија.
Не сме републик-Македонци ама со толку форсирање на тоа РМ ќе не направат. Еве ти ја листата на членките на НАТО. Во неа ги пишува членките со нивните скратени имиња.

http://www.nato.int/structur/countries.htm

Доколку Македонија би влегла во НАТО со нашето официјално име треба во оваа листа, по теркот на другите земји, да пишува само Македонија. Мене ме плаши доколку се реши на пример спорот во наша полза во вакви организации да не пишуваат Република Македонија, а другите со скратени имиња. Значи употребата на имињата е дефинирана работа. Сигурно во НАТО не ги напишале туку така. Ако решиле да ги пишуваат земјите со скратените имиња, значи знаат што е скратена форма а што долга, затоа истото би требало да важи и за Македонија.
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Ама Австрија нема уште 4 дела кај комшиите!!!
Што има врска тоа??? Оти не сфаќаш дека името на нашата земја е Македонија? Затоа ти ги пуштив линковите од ЦИА. Затоа има conventional long form и conventional short form. Значи Македонија е официјално име, не е нешто измислено. Не е само РМ официјално или уставно како што се пишува секаде, па се прави дека само тоа е правилно да се употребува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom