Протести на средношколците во Струга

naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
Сега само што се вратив од пред Нико Нестор, заврши состанокот (од 12 часот, до 3) и сепак професорите ништо не сакаа да кажат, а од претседателите никој не видов.

Часовите за денес ке ги работиме сабота, трите дена со тепачките уште три саботи, денот на дрвото исто сабота.. уште утре да одиме на протести и останавме уште една недела + нашкола..
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Еве како изгледаа денешните протести и состанокот
















 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
648
Поени од реакции
7
tamu kaj so e albanskoto zname e opstinata ili toa e kancelarija na dpa,dui??
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
хм, не разумем.
Ај добро средношколците сакаат да учат во различни смени од различни причини, не навлегувам.
Ами, добро бе мајката им туши ли умот на професорите та и кој и да е да го решаваат проблемот со сепарација на учениците? или неможат да понесат одговорноста, што им се случува на училиште, па ај вака да си ја отргнат вината и да се оградат од проблемите ???
Не викам дека во моментов е подобро да одат заедно на школо па да се испозаколат, ама да ги делиш учениците во различни смени, т.е. да ја делиш младината албанци и македонци, казете ми што ке биде кога ке излезат од средно? хух...Федерализација на праг.
Па дајте ако тоа е работата, што ке тргаме маки и и привидно ке решаваме проблеми, дај нека Црн Дрим и онака е природна граница, нека го поделат градот, никој на никој нема да му смета.
На школо се оди за да се учи, ако некој има поинаква замисла, ајт сиктер и готово, па кој сака да се тепа нека се тепа на улица.Училиштетот е за ученици.
Туку, си викам може е и така, ама којзнае што ги учат во самото училиште. Не се децата криви криви се професорите ама ај..
Само Да е жив форумот а и ние,да се сретиме по 5-10 години, па да си казиме дека сега и нокниот живот е поделен, до 12 излегуваат едните од 12 другите, за да нема тепачки и нетрпеливост се разбира.
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
59
Поени од реакции
1
Прво да кажам дека протестот навистина изгледа масовен и мирен. Независно какви се сакањата на учениците, така се протестира! Поздрав!

Не викам дека во моментов е подобро да одат заедно на школо па да се испозаколат, ама да ги делиш учениците во различни смени, т.е. да ја делиш младината албанци и македонци, казете ми што ке биде кога ке излезат од средно? хух...Федерализација на праг.
Па дајте ако тоа е работата, што ке тргаме маки и и привидно ке решаваме проблеми, дај нека Црн Дрим и онака е природна граница, нека го поделат градот, никој на никој нема да му смета.
На школо се оди за да се учи, ако некој има поинаква замисла, ајт сиктер и готово, па кој сака да се тепа нека се тепа на улица.Училиштетот е за ученици.
Нешто слично сакав да напишам и jас, али се воздржав, сепак сум од Бугариjа и сум далеку од конкретните настани. Од една страна, ако нема како да се спречат вакви насилства во иднина, подобро е да нема физичка блискост меѓу поагресивните групи. Од друга страна, тие млади луѓе, Македонци и Албанци, мора да живеат заеднички, мора да комуницираат, бидеjки мирните етнички односи во државата, па и самата држава, се градат со интеграциjа, не со сепарациjа. :back:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Дали мислите дека со поделбите на етнички смени, нема да дојде до поделба на етнички училишта, па етнички општини, градови.....и кантони....федерализација ?!
Не сакам да толкувате дека немам разбирање за тоа што се случува по средните училишта низ цела држава, напротив, сосема сочувствувам... Само јас не верувам дека сите тие настани се случајни, туку дека постојат во Македонија луѓе кои ги провоцираат, стимулираат и поттикнуваат ваквите немили насатани. Учениците несвесно стануваат нивни инструменти. Мислам дека треба да се најде решение за овие проблеми во духот на толеранцијата, разбирање низ перманентни дијалози кои ќе ги водат учениците заедно со наставниците и своите родители. Моменталното заобиколување на проблемите наспроти соочување со истите и нивното решавање на општо добро е погрешна практика која не треба да стане опција.Ова е само мое мислење, а им порачувам на учениците без разлика на нивната етничка припадност да не дозволуваат некој да ги манипулира...
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
класика алал нека им е на шипциве...

класични методи на етничко чистење..удри на децата уплаши ги родителите
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
59
Поени од реакции
1
Тоталната сепарациjа како решение на етничките проблеми? Стената, коjа дели Израел од палестинските територии, видете црвената линиjа:



Еве како изгледа стената:






 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
класика алал нека им е на шипциве...

класични методи на етничко чистење..удри на децата уплаши ги родителите
Истиот метод што го применуваа на Косово доаѓа и кај нас :(
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Истиот метод што го применуваа на Косово доаѓа и кај нас :(
На Косово им успеа. Дури и ние им аплаудираме за успехот. Зошто би го менувале коњот со кој победуваат?

Уште малку фали па да ни стане привлечен предлогот на Љубче, така сликовито прикажан од нашиот соговорник BraneM.
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
210
Поени од реакции
3
dobro ilustrirano od BraneM so vakvi protesti za razdeluvanje prvo na skolite a utre mozebi i vo gradot ke se pravi nekoj vtor Erusalim.ova se slcuci i pred nekolku god koga jas bev vo Niko Nestor i gi i znam dobro koj moze gi pravat ovie incidenti se nadevam deka roditelite na ucenicite makedoncin nema da bidat vlijani od tie, i od nekoi radikalnite parti i nema da prifatat razdeluvanje, toa e za losoto na site sto struzani.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
На Косово им успеа. Дури и ние им аплаудираме за успехот. Зошто би го менувале коњот со кој победуваат?
Коњот си го јаваат веќе повеќе од пола век. Се жалат како пички дека се обесправени, а во исто време прават "тивко" етничко чистење. Само дали ќе им се даде шанса понатаму да си фураат филм. Се плашам дека ако продолжи вака, и нас ќе не снајде Косовско сценарио.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom