Кога човек нема многу обврски возењето велосипед е многу убава работа. Најубави спортови според мене за телото и духот се возењето велосипед и пливањето. Најубавата работа е кога ќе ги ставиш слушалките на уши и ич к.. не те боли за тоа што македонија нема море. Си се возикаш по град или населба и си гледаш п....а.
Се сеќавам на нашата лудорија од млади години кога возевме со другарот од Скопје до Извор и назад,....ете тоа беше вистински маратон. Сега не би имал храброст да започнам таква лудорија. И десет километри на овие години ми се многу а не пак 70x2=140 километри..... ееејј за еден ден!!!! Тоа беа години, тоа беше сила која извираше од нашите тела. Друагрот потоа возеше до Крива Паланка, јас немав храброст за таков предизвик. И ден денес се сеќаваме на тие лудории.
Една од добрите особини кога вежбате со возењето велосипед е тоа што можете да го менувате ритамот на возење, можете да одмарате некаде попат (под некоја ладовинка, во некое кафанче), можете да слушате радио возејќи, можете да возите во друштво, рекреативно или да спортувате. Најубавиот потег што е измислен во последниве години е изнајмувањето велосипед во градот. Кога човек сака да заврши некоја работа набрзина а едвај може да се снајде во сообраќалната гужва. велосипедот е идеално решение. БРАВО за таквиот потег!