Библиски Пророштва

Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
:pos2:

" Јуда е Христос, а земјата не го прима затоа што е проколнат предавник, па заради тоа неговото присуство е повторно забележано....и тн. "

ако он е предавник, кого го предал?

Оф ништо не разбираш. Јуда добил лик на Исус заради неговото предавство затоа беше казнет.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Kako moze vo biblijata da imma prorostva koga tamu pisuva deka svetot nastanal bez sonce :pos2: Dali i toa e prorostvo? Zemjata e ploca? :pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Kako moze vo biblijata da imma prorostva koga tamu pisuva deka svetot nastanal bez sonce :pos2: Dali i toa e prorostvo? Zemjata e ploca? :pos2:
Имено и точно е дека светот настанал без сонце. Дури и теоријата за почетно ништо и стварање на димензиите просторвреме одат во прилог на Создател на се.

А за светот како плоча, има дел каде се спомнува дека земјата е топка
Исаија 40:22
Тој престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него. Како завеса ги простре небесата, ги оптегна како шатор за живеење.
уште далеку пред филозофите и математичари да дадат теорија дека земјата е плоча и лежи на желки.

Гравитациското поле
Јов 26.7
Тој го оптегнува Северот врз празнината, Тој ја држи земјата, необесена на ништо.
Крвта како најважна биолошка одлика
Левит 17.11
Зашто животот на телото е во крвта. Таа крв ви ја дадов вам за жртвеникот, за да ги покривате од грев вашите души, зашто оваа крв прави покривање на гревот за душата.’
Не се пророштва, но се во контекст на прашањето на Бладе кој прашува како може. Може, како што одредени делови од Библијата кажуваат за нешто што дури и многу понатаму во времето се мислело од големите филозофи, мислители и научници дека е поинаку -земјата како топка, крвта како основа за живот...
 
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Не може никаква теорија да има кога растенијата изникнале без сонце, каква теорија ќе има? Бог оставил се природно да се развива, а за да се развива природно мора да има сонце. Иначе ќе го создадел светот за 1 миг, а не 6 дена.
За земјата дека е плоча има објаснување а тоа дека старите народи верувале така, а некои верувале пак дека ја носат китови.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Не спориме дека дел од растителниот свет мора да користи сонце за да расте. Затоа пред да се создаде живиот свет, била создадена светлината.
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.
Само што светот не е само нашата планета, светот е универзумот или мултиверзумот (зависно кои теории се во игра).
Светот всушност никој и не знае каков е точно, каде надалеку се простира и како настанал, дури и со најголеми желби на науката и нејзините достигнувања сеуште сме на почетокот на овие сознанија.

Колку трае "космичкиот ден" или "универзалниот ден"? Немам слушнато з таква мерка, а можеби постои...можеби не, рано е за нашите ограничени мозоци и можности за перцепција да спознаеме се што точно се случува.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
"Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага."
(Исаија 53:9, Библијата)


Само во овој стих има 4 пророштва за Исус:

1. Исус беше погубен меѓу злочинците.

"Тогаш распнаа со Него двајца разбојници: едниот оддесно, а едниот одлево." (Матеј 27:38)

2. Неговиот гроб беше при богатите.

"А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик; тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено. И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својот нов гроб"
(Матеј 27:57-60)

3. Исус не направил неправда.

"И, ние сме праведно осудени, зашто го примаме заслуженото од тоа што сме сториле. Но, Овој (Исус) не направил никакво зло." (Лука 23:41)

4. Исус не изустил лага.

Посочетете некоја лага на Исус и ќе го побиете ова пророштво ;)


Значи само во овој еден стих од 53-тото поглавје од пророкот Исаија наоѓаме 4 пророштва кои што се исполниле во библискиот Исус, а камо ли пак да ги анализираме и другите стихови, а камо ли пак другите поглавја на Исаија? А камо ли пак другите пророци?

Повторно останува да виси прашањето до муслиманите: Како е можно христијаните од првите векови да се вратиле десетина века назад во времето на старозаветните пророци и да ги прилагодиле нивните пророштва согласно нивната вера во распнатиот и воскреснатиот Исус Христос?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Посочетете некоја лага на Исус и ќе го побиете ова пророштво ;)
Славен да е Бог! Секако дека Исус, Божјиот Пратеник,с.а.в.с. никогаш ништо не излажал за разлика од оние кои што лажеле во негово име и ги испревртувале неговите зборови.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Славен да е Бог! Секако дека Исус, Божјиот Пратеник,с.а.в.с. никогаш ништо не излажал за разлика од оние кои што лажеле во негово име и ги испревртувале неговите зборови.
Велиш некои лажеле и ги извртеле Неговите зборови. Дирекно прашање до тебе:

Како успеале тие што ги извртеле Исусовите зборови да се вратат во минатото и да ги извртат старозаветните пророштва кои исто така пророкувале дека Исус ќе биде распнат за нашите гревови и дека ќе воскресне?
Вие муслиманите велите дека Исус всушност не бил распнат и не воскреснал и дека тоа е измислица на христијаните. Но како успеале христијаните да се вратат 7-8 века наназад во минатото и да ги променат и прилагодат старозаветните пророштва согласно нивните лаги?

Еве едно пророштво од старозаветниот библиски пророк Исаија кој инспириран од Бог пророкувал 8 века пред Исус да се роди:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги вложи на Него беззаконијата на сите нас. [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.[/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"
(Исаија 53:4-9, Библијата, 8 век пред Христос)
[/FONT]

Ајде сега одиме збор по збор објаснување на ова пророшво, за да се уверите дека тоа недвосмислено се однесува на Исус Христос и само на Него:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]1. Според Библијата болестите се последица на гревот. Христос лекуваше илјадници болни со изреката "Гревовите ти се опростени". На тој начин тој ги понесе гревовите и болестите на луѓето врз Себе, заковувајќи ги потоа на Голготскиот крст.[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]2. Христос е прободен на Голготскиот Крст[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]3. Изразот "Казната за нашиот мир падна врз Него" е всушнсот евангелието - радосната вест, дека Христос беше жртвуван за нашите гревови, дека казната што ние ја заслужувавме Тој доброволно ја зеде врз себе - љубовта на Бог која воедно ја задоволува и совршената Божја правда.[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]4. Нашите безаконија/гревовите беа вложени (ставени) врз Него - Христос.

[/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]5. Кога Исус го мачеа, Тој оставаше (не даде отпор)[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]6. Кога го испрашуваа Тој не ја отвори Својата уста (не одговараше)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
"И (Ирод) Му поставуваше многу прашања, но Тој (Исус) не му одговори ништо." (Лука 23:9)
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш?" (Јован 19:10)[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]7. Со сила и суд се ослободија од Него (Пилат и народот му судеа)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам и дека имам власт да Те ослободам?" (Јован 19:10)
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!”" (Марко 14:15)[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]8. Умре за гревовите на Неговиот народ (христијаните)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
"Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот." (Јован 3:16)
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!" (Јован 1:29)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови." (1 Јованово 4:10)[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]9. Беше распнат меѓу двајца злочинци (разбојници)[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
"И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него." (Матеј 15:27)
[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]10. Беше погребан меѓу богатите (во гробот на богатиот Јосиф од Ариматеја)

[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик; тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено. И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа. И навали голем камен на гробната врата и си отиде." (Матеј 27:57-60)[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]11. Исус не направил ни една неправда во Својот живот.[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]12. Исус не изусти ни една лага во Својот живот.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
"А главните свештеници и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат, и не најдоа, иако дојдоа многу лажни сведоци." (Матеј 26:59-60)
[/FONT]
 
A

ateist

Гостин
Кога го испрашуваа Тој не ја отвори Својата уста (не одговараше)

"И (Ирод) Му поставуваше многу прашања, но Тој (Исус) не му одговори ништо." Лука 23:9
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш?" Јован 19:10
обична бедна лага !

еве :

Јован: 18:37 Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус ОДГОВОРИ „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.”

ЕТЕ ДЕКА ОДГОВАРАЛ !

Чорбаџи појма немаш бе па барем прво провери пред нешто да напишеш .

целото кажување ти е купишта лаги и изислици ти одиш на варијанта на масовна лага така да човек неможе да постигне да ти ги докаже сите лаги .
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
обична бедна лага !

еве :

Јован: 18:37 Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус ОДГОВОРИ „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.”

ЕТЕ ДЕКА ОДГОВАРАЛ !

Чорбаџи појма немаш бе па барем прво провери пред нешто да напишеш .

целото кажување ти е купишта лаги и изислици ти одиш на варијанта на масовна лага така да човек неможе да постигне да ти ги докаже сите лаги .
Како вадиш работи од контекст тоа е чудо
Јован: 19:11
Исус му одговори: „Да не ти беше дадена од Бога, ти немаше да имаш никаква власт над Мене. Затоа, оној што Ме предаде е виновен за поголем грев.“
 
A

ateist

Гостин
Кога Исус го мачеа, Тој оставаше (не даде отпор)
А дали тоа го направил оти бил мазохист ?
Оти така сакал ?

ГЛУПОСТ !

Тоа било од немај каде БИЛ САМ немал ни што да прави .

Но затоа кажал дека во други околкности ако му била и војската ДЕКА ЌЕ БИЛО КРВ ДО КОЛЕНА .

еве :

Јован: 18:36 Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите ВОИНИ БИ СЕ БОРЕЛЕ да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.”

Не давал отпор оти и немал што да прави .
Но затоа кажал дека во други услови и те како знае да биде крволочен и безмислосен - немилосрден

еве :

Матеј 7

21 ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.

22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’

23 И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас НЕ СУМ ВЕ ПОЗНАВАЛ ; одете си од Мене вие, кои правите БЕЗЗАКОНИЕ !’

какво беззаконие ?
кој шири беззаконие ?

еве :

Осија: 12:11 Галад е навистина БЕЗЗАКОНИЕ , сама СУЕТА ;

А ете Протестант Ислам Православ Католик проповедаат и шират СУЕТА - БЕЗАКОНИЕ

Матеј 25
40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’

41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!


не се претставил како попустлив туку за крвниците ......крвнички
око за око заб за заб .

Како вадиш работи од контекст тоа е чудо
Јован: 19:11
Исус му одговори: „Да не ти беше дадена од Бога, ти немаше да имаш никаква власт над Мене. Затоа, оној што Ме предаде е виновен за поголем грев.“
ахахахахахаах
абе тенџерко

хахахаха :pos:

па човекот гарантираше дека Исус не одговарал
а ете и ти САМО ДОПОТВРДИ тоа што јас го велам ДЕКА ОДГОВАРАЛ :pos:

е баш ти благодарам

:pop: :pop: :pop: :pop: :pop: :pop:
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Според овие две евангелија тој на прво не му одговара на свештеникот, но на Пилат му одговара во сите 4 евангелија:
Според Марко:

60 Тогаш првосвештеникот стана на средина и Го праша Исуса, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”

61 А Тој молчеше и ништо не одговори. Првосвештеникот Го праша пак: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?”

62 А Исус рече: „Јас Сум. И вие ќе Го видите Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како иде со небесните облаци.”

63 Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Зошто ни се потребни веќе сведоци?

64 Чувте богохулство! Како ви се гледа?” А тие сите Го осудија дека заслужува смрт.

Матеј:

62 Тогаш првосвештеникот стана и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”

63 А Исус молчеше. Првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш дали си Ти Христос, Божјиот Син?”

64 Исус му кажа: „Ти рече! Но, Јас ви велам: отсега ќе Го гледате Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.”
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во пророштвото, изразот "не ја отвори својата уста" во контекстот значи дека Исус не зборувал во Своја одбрана додека го судеа, а не дека буквално не ја отворил Својата уста, или пак дека не зборел други работи.
Во евангелијата предходно читаме како Исус со надчовечка мудрост им одговарал на сите оние што пробувале да му наместат некоја стапица, лажно да го обвинат, да се подбиваат со Него и сл. Но кога дошол часот на темнината Исус да биде предаден на грешниците, мачен и распнат за нашите гревови, Исус не давал никаков отпор, не зборувал во Своја одбрана, не повикал 12 легии ангели во Своја одбрана како што напомнал (а можел!), не изрече осуда или проклетство против оние кои го распнаа (туку напротив рекол: "Татко прости им, не знаат што прават")
Ете на тоа се однесува изразот "не ја отвори Својата уста". Кој чита нека разбере.

Тоа што некој ќе најде некоја несоодветна запирка во моите коментари на пророштвото, или пак непрецизно или нецелосно објаснување, тоа воопшто не го тангира и самото пророштво, ниту пак ја дискредитира неговата прецизност во пророкувањето на Исус Христос, Неговото судење, мачење, распнување и смрт за нашите гревови. А како што кажав тоа е пророкувано 7-8 века пред да се роди Исус Христос и целосно се согласува со извештајот на евангелистите кои муслиманите ги обвинуваат дека ги режирале/испревртеле случките и настаните околу Исус.
Но пак ќе го поставам прашањето: Ако евангелистите ги испревртеле Исусовите зборови и настаните поврзани со Неговото распнување и воскресение, тогаш како успеале да се вратат 7-8 века назад во минатото и да ги променат и прилагодат старозаветните пророштва согласно нивните лаги?
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
ахахахахахаах
абе тенџерко

хахахаха :pos:

па човекот гарантираше дека Исус не одговарал
а ете и ти САМО ДОПОТВРДИ тоа што јас го велам ДЕКА ОДГОВАРАЛ :pos:

е баш ти благодарам

:pop: :pop: :pop: :pop: :pop: :pop:
Значи , пак си тераш ти и си испревртуеш све како ти одговара.
На некого можеш да му земеш а не можеш да му дадеш , се потврди по 10000-ти пат.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Еве уште едно пророштво поврзано со Христовото распнување. Пророштвото е претскажано од Давид кој живеел околу 1000 години пред Христовото раѓање:

"Боже мој, Боже мој, зошто ме остави? Далеку си од моето спасение, од зборовите на моето офкање... Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат, ги растегат усните, мавтаат со главата и велат: „Тој се надева на Господа, нека го избави; нека го спаси, ако го милува!” Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе. Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат. Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека. "
(Псалм 22:1,7,8,16-18, Библијата, околу 1000 години пред Христос)

1. "Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?" - оваа изјава ја кажа Христос додека висеше на крстот: "Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?" (Исус, Марко 15:34, Библијата)

2. "мавтаат со главата и велат: Тој се надева на Господа, нека го избави; нека го спаси, ако го милува!"

"Исто зборуваа првосвештениците, со книжевниците и старешините, потсмевајќи Му се: ”Другите ги спаси, а Самиот Себе не може да се спаси. Тој е Израелев Цар! Нека слезе сега од крстот и ќе Му поверуваме! Тој се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако Го сака, зашто рече: „Божји Син Сум!” " (Матеј 27:41-43, Библијата)

3. "Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат" - Со Христос се потсмеваа при Неговото мачење и распнување.

4. "Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи." - Навистина тогаш Христос беше опкружен од лукав народ. Во наредниве стихови можете да видите што му правеле војниците и слугите:

"А мажите, кои го држеа Исуса, Му се потсмеваа и Го удираа; па, кога Го покрија, Го удираа по образите и Го прашуваа: „Проречи кој Те удри?” И многу други хули рекоа против Него. " (Лука 22:63-65, Библијата)
"И некои почнаа да Го плукаат и да Му го покриваат лицето, да Го удираат со тупаници и да Му велат: „Проречи!” И слугите Го удираа по образите." (Марко 14:65, Библијата)
"исплетоа трнов венец и Му го положија на главата и трска во Неговата десница; па коленичеа пред Него и Му се потсмеваа, велејќи: „Здраво, јудејски Царе!" (Матеј 27:29, Библијата)
"А војниците исплетоа венец од трња, Му го ставија на главата и Го наметнаа со пурпурна облека, и се приближија до Него и велеа: „Здраво, Јудејски Цару!” И го удираа по образите." (Јован 19:2-3, Библијата)

5. "Ги прободија моите раце и моите нозе." - Во некои најдени манускрипти на ова место стои: "ме опколија како лав, моите раце и нозе". Но во повеќето најдени манускрипти од овој псалм стои: "ги прободија моите раце и моите нозе". Грешката е направена при препишување бидејќи еврејскиот збор за "ги прободија" (כארו) и фразата "како лав" (כארי) се многу слични. Но бидејќи не можеме со сигурност да знаеме каде е направена грешката при препишување, не можеме ни со сигурност да тврдиме дека овде се проречени прободувањето на Христовите раце и нозе на крстот.

6. "Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека."

"А војниците, откако Го распнаа Исуса, ги зедоа Неговите облеки и ги разделија на четири дела, по еден дел на секој војник, и долната облека. А долната облека не беше шиена, туку целата исткаена одозгора додолу; си рекоа меѓу себе: „Да не ја кинеме, туку да фрлиме жрепка за неа, кому ќе му падне!”" (Јован 19:23-24, Библијата)

--- надополнето ---

Еве уште едно интересно пророштво:

"во мојата жед ме напоија со киселина." (Псалм 69:21, 1000 години пред Христос)

"По ова Исус, знаејќи дека е свршено сè, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден Сум!” Таму имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста. " (Јован 19:28-29, Библијата)
"Му се потсмеваа и војниците, кои Му се приближуваа и Му даваа киселина;" (Лука:23:36, Библијата)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom