Библиски Пророштва

  • Креатор на темата Креатор на темата Чорбаџија
  • Време на започнување Време на започнување
Neo пријателе, нема еден доказ дека Библијата е дотерувана туку милиони докази,но, за тоа ако си расположен можеме да отвореме посебна тема. Тука јас на СИТЕ ДОБРИ БИБЛИСКИ ПОЗНАВАЧИ им дадов само една единствена Библиска контрадикција,на која не можеа , а верувај НЕ МОЖАТ НИТУ СЕГА, ниту некогаш да дадат објаснување,сем потврдно да ја климнат главата и да речат: "да, тоа навистина е контрадикција.!"

А што се однесува до Кур,анот, да, тој е токму онаков каков што за прв пат му бил објавен на Мухаммед а.с., тој ќе остане таков и денес, и утре, и се така до Судниот Ден,бидејќи него го чува Оној кој и го објавил,а тоа е Возвишениот Аллах џ.ш.

Но, да не ве оптеретувам повеќе со оф топици. Вие продолжете си со вашите Библиски пророштва. :)

Не се согласувам дека библијата е преправана . Тоа ти е како мене да ми дадеш книга на кинески или арапски и јас да менувам нешто а појма немам ни од тие јазици ни писма ништо..Па зарем нема првиот писмен Кинез или Арап да примети дека нешто некој менувал . Сигурно нее менувана библија ..па зарем религиозни би оставиле нешто против нив па сега да им ја трескам од глава .Може за се да ги обвиниме НО НЕ И ДЕКА ЈА МЕНУВАЛЕ......тоа нее вистина

Сум пропуштил нешто , за каква контрдикторност зборуваш .Кој е примерот баш сакам да го видам .
Не за друго оти библија е преполна со привидни контрадикторности . Како мозаик е . Ако секое парче не се стави каде му е местото се добива сосема друга неточна слика .
 
лажниот Бог

Лажниот Бог , Лажниот Учител , Лажниот Пророк , Ѕвер

Откровение 19 ...ред 19 до ред 21

Потоа го видов Ѕверот и ЗЕМНИТЕ ЦАРЕВИ и нивните војски - СОБРАНИ да војуваат против Оној Кој седи на коњот и против Неговата ВОЈСКА . А Ѕверот беше фатен заедно со ЛАЖНИОТ ПРОРОК кој правеше чудотворни знаци пред него СО КОЈ ГИ ЗАВЕДЕ (ИЗЛАЖА) оние кој го примија белегот на ѕверот и кој се клањаа на неговата икона (суета ..пари имоти капитал ) : и обајцата беа фрлени живи во огнено езеро што гори со сулфур . Другите пак беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот и сите птици се наситија со нивното месо ..
.
.
.

ОЧИГЛЕДНО .....ЈАСНО .............

Ѕвер = религии + капиталисти + властољупци
овие Суетата ја прогласија за верување духовност побожност и константно генерираат крвнички ѕверски меѓучовечки односи .

Лажен Бог .........ги уценуваат луѓето за прост биолошки опстанок за кој се бара слепа послушност кон религии , капиталисти и нивна држава како апарат за насилство .
 
А Нострадамус е исто пророк од Бога пратен или е фолирант ?
 
Нострадамус е од Бога допуштен, како и обично, за да ги излаже, ако може, и одбраните. А пошто типот е прилично читан и цитиран, тоа значи дека е доста успешен во лажењето.
 
Нострадамус е од Бога допуштен, како и обично, за да ги излаже, ако може, и одбраните. А пошто типот е прилично читан и цитиран, тоа значи дека е доста успешен во лажењето.

A то што неговите прорштва (велат) се остваруваат ? Дали е то знак дека сепак бог му потшепнувал по некое пророштво?
 
Нострадамус е од Бога допуштен, како и обично, за да ги излаже, ако може, и одбраните. А пошто типот е прилично читан и цитиран, тоа значи дека е доста успешен во лажењето.

:pos2::pos2:Од кога бе семоќниот ги користи методите на Луци?
Изгледа дека теоријата да тие двајца се добри пријатели и се заебаваат со нас и си прават вицеви како ќе им се прдне е се поточна и поточна.:vozbud::kesa:
 
Vone, очигледно е дека не ги разликуваш категориите „Божја промисла„ и „Божјо допуштање„ па се впушташ во коментирање туѓи постови. И дај, конечно, удостој ме со барем еден твој, каков-таков пост, во кој ќе нема исмејување. Исмејувањето во принцип, знаичи немање што да се каже, па тоа немање се компензира со измејување кон другите.
 
Јас колку што знам постоеа пророци кои можеа да ја проречат иднината покрај Нострадамус, тука е и баба Ванѓа и Клеопатра. То не се некои само извикани ликови, тоа се пророци во чии прорштва веруваа голем број на луѓе. Можеби Господ навистина ги обдарил со моќ да ја гледаат судбината и иднината, како доказ дека навистина постои, пошто сите горенаведени пророци се христијани.
 
Хммммм...А може и лукавиот ги обдарил со способност за пророкување, ама по принципот „..ја ќе го биде, ја нема да го биде...„
Разликата меѓу Божјите пророци и самоповикание (од демонот опседнати) е таа што Божјите се пророкуваат со 100%-на точност. Овие самоповиканиве, чат-пат...
 
Ај наведи на пример од Клеопатра пророштва кои не се обистиниле, или од баба Ванѓа или од Нострадамус.
Од друга страна Исус рекол дека многумина тогаш што биле околу него ќе го доживеат неговото слегување, па ете нишо од тоа. Дали тој пример со Исус може да се стави во категорија чат - пат погодувања?
 
Хммммм...
Не ги „следам„ пророштвата ниту од Клепатра, ниту од Ванѓа, ниту од Нострадамус. Ако ти е познато некое од нив, на кое неможам во моментов да се досетам, наведи го па ќе споредиме. Пред некои 15-тина години, на МТВ имаше цел документарец за „прорштвата„ од Ностардамус, а самиот наратор на документарецот наведе цел куп негови будалаштини, кои трбало да се случат токму во тој преиод (рани 90-ти) ама ништо од тоа не бидна.

А она кое Христос го ветува-го исполнува. Нормално ,за оние кои во Него веруваат. За другите, Исус е само обична историска личност.
 
Од друга страна Исус рекол дека многумина тогаш што биле околу него ќе го доживеат неговото слегување, па ете нишо од тоа. Дали тој пример со Исус може да се стави во категорија чат - пат погодувања?

Исус нема кажано такво пророштва.
Веројатно мислиш на ова пророштво:

"И им рече: „Вистина ви велам - има некои меѓу овие, кои стојат тука, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат Божјото Царство дојдено во сила." (Исус во Марко 9:1, Библијата)

Но ова пророштво не се однесува на Христовото доаѓање, туку на доаѓањето на Божјото царство во сила. Тоа пророштво се оствари уште во времето на апостолите. Со слегувањето на Светиот Дух и формирањето на Црквата Божјото царство слезе меѓу христијаните и тие го видоа, а ја видоа и силата кога Светиот Дух им даде власт да истеруваат демони, да лечат болни, да оживуваат мртви, смело да го проповедаат евангелието итн.
 
Уште ќе се замарате со тие пророштва во библијата кои никаде ги нема, наместо да прочитате нешто ново, како на пример Јуда е самиот Христ кој го распнале и воскреснал. Зашто бил предавник од прв степен затоа го виделе повторно.Земјата не го примала шетал ко проколнат. Не е тоа Христ, Исус врска нема што му припишувате.
 
Ништо не му припишуваме затоа што во секој случај се било претходно напишано!

Јуда=Христос:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:

Кои луѓе човекот сака да ги види повторно на светов, оние што правеле добри или лоши дела?

Ова некоја нова теорија на Евреите да не е ?:wink:
 
Уште ќе се замарате со тие пророштва во библијата кои никаде ги нема, наместо да прочитате нешто ново, како на пример Јуда е самиот Христ кој го распнале и воскреснал. Зашто бил предавник од прв степен затоа го виделе повторно.Земјата не го примала шетал ко проколнат. Не е тоа Христ, Исус врска нема што му припишувате.

:pos2:

" Јуда е Христос, а земјата не го прима затоа што е проколнат предавник, па заради тоа неговото присуство е повторно забележано....и тн. "

ако он е предавник, кого го предал?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom