CafeDelMar
Luminance
Нема да можам да дојдам зошто немаат поминато 4 месеци од последниот пат кога дарував,брзо беше.Жалам.
Во некоја наредна прилика,а до тогаш во трансфузиологија.
Во некоја наредна прилика,а до тогаш во трансфузиологија.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Day Off ќе свират океј се дечките ќе поминеме едно неделно попладне заедно
блеахП.С.CafeDelMar мислам дека после 3 месеци можеш да даруваш крв
.Не е дека имам 17, туку зашто сум слаба и едвај за мене иам.![]()
Јас дарував на 17 и 18 години во средно, иако задолжително е да се има над 18 години.
Никој нема да ви побара лична карта таму... Ако се осеќате способни и силни, дарувајте. Може да имате и 25 години, ама да ви се врти од помислата на крв. Годините не се пресудни. Ќе има луѓе од црвениот крст и од заводот за трансфузиологија.
Евентот е веќе додаден на нивната официјална страница.
Погледнете го и „крвометарот“. Резервите на крв од групата Б- се многу ниски. Исто така има голема потреба од дарување крв од групите: A-, AB-, B+ (мојата група) и О-. Задоволителни се оние од групите А+, АБ+ и О+.
Ќе ви бидат корисни и следниве информации:
За да станете крводарител треба да ги исполните следните задолжителни услови:
• Да бидете здрав и да сте на возраст од 18 до 65 години.
• Пред дарувањето потребно е да пополните прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат на Вашето здравје, прележани болести и животни навики. Неопходно е искрено да одговорите на поставените прашања, бидејќи на тој начин го штитите сопственото здравје, но и здравјето на тој што ја прима Вашата крв.
• По пополнувањето на прашалникот се пристапува кон боцкање на прст за да се земе крв и да се исконтролира нивото на хемоглобин во крвта.
• После следи разговор со лекарот, koj го разгледува прашалникот што сте го пополниле, Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на Вашето срце. Со сето ова се проверува Вашето здравје, бидејќи крв може да даде само здрав човек.
По извршениот преглед лекарот треба да даде согласност за да дарувате крв.
• Доколку е се во ред, се пристапува кон актот на дарување крв што се изведува во лежечка положба. За крводарување се користат тројни или четворни кеси, а се дарува само во едната кеса, додека во останатите две односно три се приготвуваат крвни продукти. Сетот за дарување е стерилен и за една употреба, што значи не постои начин да се заразите. Нашиот персонал е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. При дарувањето нема да ја чувствувате иглата додека Ви е во вена. Најдобро би било додека трае дарувањето да разговарате со нашиот персонал или да размислувате за нешто за Вас пријатно, а ние ќе се потрудиме да Ви биде што поудобно. По дарувањето полежете 5-10 минути. Потоа следи освежување со кафе, сок и лесен оброк.
• После дарувањето на крв можете да се вратите на вашите секојдневни обврски и работи. Но сепак запаметете неколку совети:
- Не треба да пушите цигара 30 минути до 2 часа после дарувањето на крв, не треба да конзумирате алкохол најмалку 8 до 12 часа, особено не ако сте гладни.
- Завојот на местото на убодот не го вадете 2 часа.
- Во наредните 8 часа да не се излагате на тежок физички напор, а некои опасни или специфични професии (рудари, градежни работници, пилоти, лица кои ракуваат со огнено оружје и слично, бараат да се воздржите од истие во текот на 48 часа. Истото се однесува и на екстремните спортови или боречки вештини.
- Доколку почувствувате мачнина, седнете или легнете, тоа е минливо и нема да имате последици.
- Пијте повеќе течности во првите 4 часа, или до крајот на денот.
- Ако во тек на наредните 3 дена се разболете, јавете се во нашата служба. Тоа сигурно не ви е последица од дарувањето но може нам да ни користи во проценката на безбедноста на продуктите кои сме ги изработиле од Вашта крв односно може да се укаже дека истата не е погодна за трансфузија .
Според законот за работни односи на Република Македонија, член 150, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.
Да ме си задоцнила? Од 12 часот беше акцијата, може завршила.zs nikoj nema na plostad??????