Абе Римз, не виде ли дека напишав “можда“ и “мислам“, значи многу неодредено и ама баш никого не убедувам :wink:.
Инаку Тоските воопшто не се мирољубиви, не знам од каде тоа го извади? Арванитите се Тоски и ја имаат на свои плеќи изнесено борбата за ослободување на денешна Грција која поправилно требаше да се вика Арванија а Егејскиот дел да си биде посебна држава.
Ќе дојде и тој ден кога Грција само својот двор ќе си го вика како сака.
Арванитите многу ги ценам за нивните борбени способности и вистинска штета што сите си ја променија националната свест, го изгубија јазикот и денес се поголеми Грци од Грците!
Ова е една голема жална вистина, бидејќи Грција можеби по пример на Американците или обратно, водела и се уште тера политика на "позитивна асимилација" ... само разликата е што во Грција асимилацијата се спровела јазично и национално или депортација... Има многу докази за протерувањето на албанците и македонците од нивните родни краишта... Деновиве прочитав во весник дека сега веќе грчките научници,историчари јавно говорат за прогонувањето )
Тука јас би те прашал, зашто Гегите толку масовно го прифаќаат исламот а Тоските си останале воглавно православни исто како Македонците. Нели се еден ист народ?
Размисли и ти за ова па одговори ми.
Тоските биле под влијание на Грција, ја зачувале верата но го изгубиле етничкиот идентитет... Арванитите ја предводеле војната против турците, во почетокот на 19век ја воделе Грција,11 премиери на Грција во 19век биле Арванити.
Гегите прво биле под влијание на римјаните па затоа биле католици. Под арапско и турско влијание го прифаќаат исламот но не го губат идентитетот.
Скендер Бег, Али Паша Тепелена, Абдул Бег Фрашери, Исмаил Бег Ќемали ... го прифатиле исламот но ја создале етничката Албанска држава...
Значи верската поделба водела кон државност на албанците муслимани и асимилација на православните албанци... А тоа дали сме ист народ ?... Помини накај РЕКА, ДУФ (гостиварско) и види на кој јазик зборуваат старите православни и на кој јазик им зборуваат децата и немој да се зачудиш ако некоја стара баба ти каже aj mirsevjen biri dadës ...
Се разликуваат според ова испитување објавено во Оксфорд Журнал, кое е потишано и од Албанец и има меѓународна верификација.
Друго вакво не знам а ако имаш покажи ми.
Вреди да се прочита бидејќи Албанците се неколку пати спомнати во текстот иако не се главна тема на испитувањето. Посебно погледни ја генетската табела на крајот (после референците).
Каде да го прочитаме ова ?
Да те потсетам дека ако на Арванит му кажеш дека е Албанец го смета за голема навреда!
Исто така и на Шкретите,Гостиварско особено на младиве ако им кажеш дека се албанци се навредуваат а бабите и дедовците им говорат албански... Сум чул дека внуците на Јосиф Багери преселени во Скопје мислам се декларираат како Македонци... Жалосно