Снимање на предавања

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
Во многу европски држави се почесто се снимаат предавањата и потоа можеш да си ги купиш на CD. Што мислите вие за оваа идеја.Дали е исто да се оди на предавања и да се учи од CD? Јас мислам дека не е исто,пошто на предавање студентот можи да го праша професорот за некое конкретно прашање,некој проблем и веднаш да му се разјасни,а ако се учи од ЦД ја нема таа можност.
И дали на тој начин ќе останат студентите во предавалните или пак сите ќќе си спијат дома и ќе чекаат да излезе ЦД-то па да си го купат?
 
мислиш кај нас и во живо можеш да прашаш некое прашање ? :)

инаку, има решениа за ова...на e-mail постирај го прашањето во врска со предавањето кое си го ислушал и добиваш одговор. Може да има и во текот на неделата одредени live meetings online или offline во кои би се дискутирало тоа на предавањето. Има доста солуции...
 
И дали на тој начин ќе останат студентите во предавалните или пак сите ќќе си спијат дома и ќе чекаат да излезе ЦД-то па да си го купат?

Ако веќе се одлучиш да студираш ќе си одиш на предавања.Сигурно многу повеќе ќе научиш таму.Сепак има интеракција помеѓу професорот и студентите.А за ова горе,со тие cd-а нема жива душа да има на предавање.Ама има лек и за тоа,три минуси и ај шетај,нема заверување семестар,нема право на полагање испити.Па тогаш дали нема да доаѓаш редовно,сакал или не
 
Само од една причина не ми се допаѓа системот на учење од дома... Изолација. Веќе нема луѓе на улица, се` се прави дома, не е нормално. Инаку, современ начин на школување кој нуди слушање часови кои се одвиваат во Осака а ти си во Зајас е одлична можност. Плус, да го видам тој амфитеатар со 300 илјади студенти.
 
Mене ми се допаѓа идеата за снимање на предавања, но не и да не се посетуваат предавања. Значи јас сум за комбинација од двете. Од секогаш сум мислела да си купам диктофон и да си снимам предавања ама никако да изреализирам :)



мислиш кај нас и во живо можеш да прашаш некое прашање ? :)

инаку, има решениа за ова...на e-mail постирај го прашањето во врска со предавањето кое си го ислушал и добиваш одговор. Може да има и во текот на неделата одредени live meetings online или offline во кои би се дискутирало тоа на предавањето. Има доста солуции...


Конкретно за блодираново не се согласувам.Еве веќе една недела имам пратено мејл на двајца професори и уште немам добиено одговор!
 
Конкретно за блодираново не се согласувам.Еве веќе една недела имам пратено мејл на двајца професори и уште немам добиено одговор!
Не те сфаќаат сериозно, па само една годинка имаш... :toe: :pos:
 
Mене ми се допаѓа идеата за снимање на предавања, но не и да не се посетуваат предавања. Значи јас сум за комбинација од двете. Од секогаш сум мислела да си купам диктофон и да си снимам предавања ама никако да изреализирам :)

Конкретно за блодираново не се согласувам.Еве веќе една недела имам пратено мејл на двајца професори и уште немам добиено одговор!

1. Се согласувам со ова, може и да си има редовни предавања а паралелно и да ги има на CD, односно кому како му одговара да ги слуша, така нека прави. Еден Американец ми кажуваше дека кај нив на предавања, вежбите и предавањата што ги слушале, ги пишувале директно на лап-топ а не во тетратка и дека истите ги имале поставено на некој сајт и биле достапни за симнување доколку дента не запишале ништо или воопшто не ни дошле на предавање.

2. Зависи што текст си напишала :pos2: Се шалам, јас им пратив на 2-ца професори од кај мене вклучувајќи ја и Снеки и Шуки и една асистентка на Снеки и и тројцата ми вратија во пристојно време (истиот ден). Сите беа ептен фини и културни освен Шуки.
 
Па поарно да има снимка отколку да нема, како што сум ја ненаспан на предавања одлично би ми дошла.
 
Како прво, треба некој да застане да сними, тоа чини време, пари и авторски права. Кој гарантира дека ке купите цд со снимката оригинал? Се знае еден ке купи 100 души ке го копираат. И да не е така...
Само во Македонија се учи секоја година истото. Има некои професори (кај мене на факс е еден), си ја прати човекот технологијата и развојот, па секоја година (или на 2 години) издава нови предавања. И тука има проблем.... Се на се, далеку сме од предавања кои ке се дистрибуираат преку DVD или WEB.
 
На мојот факултет е така по некои предмети професорот си ги има снимено предавањата и си ги има ставено на неговата веб страна , ако сакаш да го гледаш предавањето и слично.
Многу е практично, и супер е ако пропуштиш некоја лекција или сакаш пак нешто да слушниш.
Снимчите се бесплатни и има пристап до нив секој студент, потоа ако сакаш повеќе да научиш сигурно неможи само преку видено друго е ако плус си присутен на час.
 
Mене ми се допаѓа идеата за снимање на предавања, но не и да не се посетуваат предавања. Значи јас сум за комбинација од двете. Од секогаш сум мислела да си купам диктофон и да си снимам предавања ама никако да изреализирам :)
E oва важи и за мене:) и јас една година то го планирам ама никако пари да соберам,по 2-3000 се, скапи ми се :)оти професорката брзо диктира не се запишва се.

Јас на пр. ко бев на факултет во Германија ни ги сликаа таблите, се што се пишувало па потоа ги имаше на интернет да си ги спуштиш.И секоја година има по нешто ново во предавањата.
 
Од некој квалитетен професор убо е да се има предавањето. Ама има некој џабе дрдорат, ко по економија еден професор, седнал и чита од економијата тантара/пантара. И јас знам за така. Од него предавање - не фала. Во парите за упис,вклучена цена за после секое предавање да се добива цд/двд со предавањето, така секој ќе има оригиналче. Абе далеку сме ние еееее...
 
Кај нас не снимаат со камера на предавања и колоквиуми, ама тоа само го гледаат оние што треба. А подобро е нормално предавање, не на cd.
 
Ма какво цд!? Ништо не е подобро од нормално предавање. Ќе си се сконцентрираш, ќе слушаш, ќе прашаш.....:toe:
 
јас сум ЗА снимање на предавања со камери!
седењето на лекции според мене е губење време
а консултациите кај асистентите се потребни!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom