Този договор веке не е во сила.
ВОЕНИОТ ИСТОРИЧАР - ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ ПРЕДУПРЕДУВА
Бук*решкиот договор не е валиден
Договорот со кој е поделена етничката територија на Македонија е склучен надвор од меѓународните правила, смета Ванче Стојчев
Бук*решкиот договор, со кој во 1913 година е поделена етничката територија на Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија, е неправеден договор, кој е склучен надвор од меѓународните правила, смета Ванче Стојчев, воен историчар. - Таа неправда опстана до денеска и покрај тоа што уште тогаш беше предвидено ревидирање на договорот. Тогашните односи меѓу светските сили, избувнувањето на Првата светска војна и подоцнежните настани придонесоа договорот, кој е извор на најголемите македонски страдања, да остане во сила досега - истакнува Стојчев. Метју Нимиц, посредник во македонско-грчкиот спор за името, во неодамнешното интервју за „Гласот на Америка“ рече дека „македонското прашање можеби е присутно речиси стотина години, можеби уште од договорот во Бук*решт во 1913 година“. Бук*решкиот договор од 10 август 1913 година го потпишале завојуваните страни во Втората балканска војна - Србија, Црна Гора, Романија и Грцијаод една, и Бугарија, од друга страна. Во војната Бугарија доживеала пораз по кој сојузниците извршиле поделба на териториите, кои дотогаш биле под турска власт. Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно егејскиот, со површина од 34.356 квадратни километри, го добила Грција, вардарскиот дел со површина од 25.342 квадратни километри, го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 квадратни километри и' бил даден на Бугарија и Албанија добила 1.115 квадратни километри во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 800 квадратни километри со 303.000 жители. Со овој мировен договор Македонија се третирала како „слободна територија, која била ослободена од посочените земји“. - Уште кога беше потпишан, Договорот беше меѓународно неисправен. Тој беше склучен присилно, војната се' уште не беше завршена, а на собирот во Бук*решт немаше претставници на Турција, под чиј суверенитет тогаш се наоѓаше Македонија. Србија , Грција и Бугарија извршија реокупација на македонските територии. Значи, тие не беа ослободени, туку беше извршен геноцид, насилни иселувања, анектирање - посочува Стојчев.Тој објаснува дека во периодот по Втората балканска војна од територијата на Егејска Македонија само до почетокот на Првата светска војна биле присилно иселени околу 300.000 Македонци, а до крајот на 1949 година уште околу 200.000.- Тие луѓе и нивните потомци имаат право на личните имоти во Егејска Македонија и овој факт е сигурно во коренот на грчкото противење за уставното име на нашата држава - вели Ванче Стојчев.