Трогателна приказна за голготата на мала Скопјанка!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Betty Boop јасно ми е дека постојат вакави кампањи.

Се започнува во кругот на семејството, да. Но овие кампањи и предавања треба да се воведат и во училиштата, реално и таму се поминува голем дел од времето. Да постојат предавања и во училиштата но никој не прашува за нивната посетеност.

Муабетот беше дека треба да се прават напори за тие предавања и кампањи да бидат помасовни, да има што повеќе личности кои ќе се информираат за овие појави и однесувања во општеството.
 
Значи од муабетов се испостави дека не е само проблем до институциите, туку и до несериозноста на луѓето кон проблемот. Не ми е целта да бранам институции, мене ми фали заинтересираност и од луѓето. Податокот што ми го кажа за непосетеноста на таквите предавања по школите (претпоставувам се работи за средни училишта) укажува на фактот дека не постои доволна свесност кај младите кои се најпотенцирана група да станат жртви на трговија со луѓе.
 
Не ми е ниту на мене целата да бранам или да напаѓам некого.
Неизаинтересираноста е главниот проблем кај младите. Да податоците се од соработка со средни училишта, каде главниот проблем беше како да се објасни целиот пристап бидејќи тука надвладеаа тврдоглавоста и онаа верба дека "на мене нема да ми се случи тоа".

Колку е вината во младите, толку и во институциите. Можеби и тие треба да започнат поагресивни кампањи, повеќе да се залагаат за да се дознае за овие проблеми. Можеби треба да пуштат повеќе документарци и спотови на телевизија..нивно е да одлучат.
 
Кога ќе дојде работата до Центрите за социјална работа песната е отсвирена или во превод штетата е направена пошто центрите не креираат политики туку работат на последиците од девијантните појави. Други институции имаат надлежност да спречат вакви појави.

Центрите за социјална работа не требале да дозволат како прво дете кое е „жртва„ на такви родители да остане само на улица.

Значи меѓудругото обврска на ваквите центри е да обезбеди социјална заштита на децата кои се малолетни а се без родителска грижа.

Од друга страна, покрај ова сигурно малку повеќе ако работат на терен и излезат од своите канцеларии и еднаш се прошетаат кај МТВ ќе најдат уште многу девојки кои се жртви на еден ваков „бизнис„.
 
Пак ќе повторам дека вработените во Центрите за социјална заштита НЕМААТ надлежност да прошетаат покрај МТВ и да бараат девојки. Нив треба да ги откријат и приведат други институции.
Центрите за социјална работа можат да го згрижат лицето кое е жртва на трговија со луѓе, да го сместат привремено и да работат на негова ресоцијализација.
Обврската за пружање социјална заштита на деца без родителска грижа стои.
 
А,според тебе чива обврска е тоа? На весниците-и тоа кога нема да остане ништо од таа личност?
 
Ме прашуваш чија е обврската за откривање и приведување??? Сериозно ова???
 
Откривање е едно, а приведување е друго.

Откривање е со цел да се спречи работата и да не се дозволи да стигне до она се случило на крај, и има за цел да и помогне не жртвата.тоа чива работа?

А приведување и санкционирање е друго- тоа има за цел да ги казни сторителите и секако втората цел е да и помогне на жртвата, но индиректно.
 
Да не се претвори темата во дискусија на двајца ќе прекинам овде, само претходно да ти кажам дека си измешал поими и надлежности.

Она што ти го викаш откривање значи превенција или да се спречи настанување на појавата. Тоа Е работа на центрите преку разни форми од типот кампањи и слични на нив активности.

За нешто да се открие претходно треба да е скриено, значи да постои, да се одвива, да се случува... и во контескт на ова спомнуваш жртва. Ако има жртва има настан, во овој случај жртва на трговија со луѓе, нешто што е општествено недозволено и следствено на ова следи казна. Оттука, откривањето и санкцијата НЕ СЕ работа на центрите, туку на полицијата.
Значи, вработени од Центар за социјална работа не одат на терен да следат луѓе кои се жртви на ваков тип трговија, туку работат со нив откако некој претходно ги открил и спровел.
 
Па виде некаде дека сум кажал дека санкцијата е во рацете на Центрите? Тие не се МВР за да казнуваат.

За да не ја тераме темава до бесконечност ќе ти кажам читај ги мислењата добро, не ги извртувај работите и горе-доле пак дојде на мојот став за Центрите за социјални работи.
 
Па таа мајка и... курва.. јас неа би ја згазила.. јас да сум на место на девојчето боље би се убила одколку да бегам од дома...
 
Па виде некаде дека сум кажал дека санкцијата е во рацете на Центрите? Тие не се МВР за да казнуваат.

За да не ја тераме темава до бесконечност ќе ти кажам читај ги мислењата добро, не ги извртувај работите и горе-доле пак дојде на мојот став за Центрите за социјални работи.

До нигде не сме дошле, најмалку до потврдување на твојот став.
Имаш недоволни познавања и од терминологија и од надлежности и нема потреба понатака шо да кажеме.

Јас мислењата ги читам подобро од тоа што ти ги пишуваш твоите, па по дома можеш да кажуваш и да делиш совети. Со мене можеш само да се препираш околу ставови.
 
Tragicno ama za zal vo Makedonija ima mnogu vakvi slusai.Imam citano i za drugi slucai.Trogatelno i uzasno.:toe:
 
па не гледате ли дека ги боли таквото што се случува со и во државата секој си гледа само за себе.леле како ми иде да ги задавам со голи раце.па како не им било/е жал бе,и па само 12 години имало девојчето.тоа се тешки психопати дефинитивно.неам зборови..........
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom