MetallicA е
хеви метал група формирана во
октомври 1981.
Со 57 милиони албуми продадени само во САД
[1] и 35 милиони албуми продадени надвор од САД
[2][3], групата има продадено над 90 милиони албуми, што ја прави една од најкомерцијално-успешните хеви метал изведувачи во историјата. MetallicA моментално се наоѓа на 18тото место на
RIAA топ-листата на најпродавани изведувачи во САД.
По изградувањето на лојално следбеништво преку помагањето во развивањето на модерниот хеви метал, особено
треш металот (MetallicA е најуспешна од „големата четворка“ на треш металот, во која спаѓаат
Megadeth,
Slayer, и
Anthrax) во средните 1980-ти, групата ја рашири својата публика во раните 1990-ти.
Во
2003 MetallicA го издаале нивниот долго-одлаган осми студиски албум, насловен
St. Anger. Иако албумот го поларизирал критичкото и јавното мислење, нивната турнеја
Madly in Anger with the World од 2004 била успех
[4], како и документарниот филм
Some Kind of Monster поврзан со снимањето на истоимениот албум.
MetallicA е составена од пејачот и ритам-гитарист James Hetfield, соло-гитаристот Kirk Hammet, тапанарот Lars Ulrich, и басистот Robert Trujillo