Резолуцијата 817 и Времената спогодба

Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
До прецедателот Бранко Црвенковски


Г-дин. Црвенковцки

Ние граѓаните на Република Македонија ве потсетуваме дека :


Ние Македонците нема и несакаме да го промениме името , без разлика со која врста на ултиматум ни се обраќа светот .

Светот е должен да ги почитува човечките права .

Наше право е да бидеме тоа што сме МАКЕДОНЦИ !

ПОЛИТИКАТА Е ВАША ДОБЛЕСТ , НО НИКОЈ НЕСМЕЕ ДА СИ ПОИГРУВА СО НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ .

ЈА ИМАТЕ ЦЕЛОСНАТА ПОДРШКА ДА ГО СОЧУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ИМЕ .

ВОЕДНО ТОА Е И ВАШАТА ОБВРСКА !
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
До Никола Груевски

Г-дине. Груевски вие како премиер на Република Македонија и како свесен за нашиот идентитет имате обврска да ги надминете сите притисоци од нашите соседи и НАТО и да недозволите никаков ултиматум да застане во одбрана на човековите права .
Светот и сите негови институции имаат обврска да го почитуваат законот и да го спроведат .
Должен сте да го сочувате нашето достоинство .

НИЕ ЗА СИТЕ ВО СВЕТОТ СМЕ МАКЕДОНИЈА !
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
До Викторија Нуланд НАТО и СВЕТОТ

Г- ѓо . Нуланд

Вие како познавач на основните човечки права , немате право да барате од Република Македонија да го смени името и идентитетот .
Наместо компромис, треба да ја осудите Грција за нејзита дрскост и газење на правото .
Република Македонија не е виновна што Грција си дозволи со лаги да го исполнува својот народ и иденитет .
Македонците во Грција се злоставувани и на најразличен начин асимилирани од страна на Грција.
Вие тоа многу добро го знаете .
Редно е да ја посеете правдата за која секогаш се борите.
Редно е престанете да барате компромис од нас Македонците и да ја осудите Грција за сите нехумани принципи и дела со кои неправедно ја осудува Република Македонија .

ПА НЕЛИ ВИЕ СЕ ЗАЛАГАТЕ ЗА ПРАВОТО И СЛОБОДИТЕ НА СИТЕ ГРАЃАНИ ВО СВЕТОТ !

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е МИРОЉУБИВА ДРЖАВА И СО ПРАВО БАРА ДА БИДЕ ПОЧИТУВАНА ОД СИТЕ АСПЕКТИ КОИ СЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРАВОТО И ЗАКОНОТ !


И ние Македонците сме луѓе !
И ние Македонците имаме човечки права !
Време е да ја донесете вистинската одлука и да ставите крај на Грчките лажни обвинувања !
Македонците во Грција се лишени од човечките права и слободи. Нивните права се сведени на минимум од кој пониска граница не постои .
Вие сето тоа го знаете , но незнам од кој причини го преќутувате !?
Мое право и право на секој Македонец е да биде Македонец.
МОЈАТА ЗЕМЈА Е МАКЕДОНИЈА!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Во денешен Шпиц, Чашуле вели: „Требаше да се прифати последниот предлог на Нимиц“

Од сите страни ни спремаат!
Сега ќе отворам Шпиц, ама еве што пишува воп Форум, во неделникот каде е главен уредник и каде не му вадат зборови од контекст пишман пискарала како геровски и неговата антимакедонска братија и сурија ќелеши:

Вето за Грција!

Пишува: Слободан ЧАШУЛЕ

Името не се брани на улица, не се докажува со викање, особено не на лош македонски јазик, уште помалку со хулиганство; најмалку со кукање, меѓусебно обвинување дотерано до пизма и прикриена радост дека ќе му се изнаситиме на мајчиниот што ќе го загуби името! Сето тоа ни се случува. Не гледате ли?

Разноразните “експерти”, “интелектуалци”, “новинари” викачи кои постојано само кукаат дека ќе го загубиме името, деновиве исфрлија и пена дека останавме без име и држава, идентитет и нација, а никако не кажуваат што да се прави! Ì се обраќаат на улицата како решение во спортот број еден во Македонија - трката за рејтинг. И тие го турија своето лажиче сосема нарцисоидно, небаре ќе одат на избори.

Би ги прашал: Заговараме ли да ни се случи народ и личен мазохистички оргазам?! Онака милошевиќевски?!

Можам само да кажам дека докрај неодговорно, а уште помалку рационално им парираат на подметнатите провокации на Атина, на тамошниот печат и на воспалените националисти на кои местото не им е во Европската Унија. Моите колеги министри, пратеници, експерти за ЕУ и НАТО, во овие два бастиона на демократијата, на универзалните човекови права и на солидарноста, жалат што во своите редови ги примиле Јунанистанците од југот на Балканот. Тоа постојано и со резигнација, за жал, ми го кажуваат, очекувајќи од нас да бидеме попаметни и да попуштиме.

Така можеби и би можеле да се однесуваме доколку сме рамноправни во вината, кабаетлии и ние и Грците. Ама не сме! : Грција е недемократска земја, не ги почитува придобивките на ЕУ, не е солидарна и не ги споделува со другите безбедносните обврски од НАТО.

Ако некому треба да му се даде вето и да се избрка од обете европски организации на демократските и солидарни држави, тоа е Грција!

Повторно им наседнавме на Грците, а тие постојано ни потклаваат по еден и друг Тројански коњ, имено за да не покренеме ние кампања, со цел да ги допрашаме нашите сојузници во НАТО и ЕУ дали навистина им треба една несаглам држава во однос на универзалните човекови права. И, дали таквата држава не е токму контрадикција на сите вредности и придобивки на обете организации?
Нема пакет на Нимиц, има само отворена рамка со размислување и дополнување како да течат натамошните разговори со Грција за нивниот проблем со нашето име.
Самите разговори се наш максимален компромис на кој Грците не можат да му парираат со ништо. Ние, само од тој агол, имаме доволно причини во името на нашите војници што се борат за демократија и одбрана на Европа во Авганистан, Ирак, Босна, Либан... да бараме да ја суспендираат Грција во НАТО. Дури и да ја избркаат.

Има ли земја на светот како нашата што си дозволува да разговара макар за своето име со друга, и тоа под диктат?

Нема земја што на НАТО му донесла толку главоболки како Грција. Постојано се во воена затегнатост со Турција, уште имаат територијални претензии, а сега се вртат и кон нас и со уште еден сосед создаваат криза. Општат со нас и, што е најстрашно, со НАТО и ЕУ со диктати, уцени и закани.

Ако ја прочитате повелбата на НАТО, ќе видите дека оваа воено-политичка организација имено е создадена за да ги елиминира овие грчки манири од односите меѓу земјите!

Конечно, Грција ќе заслужи да биде не само суспендирана, туку исклучена од НАТО ако со ветото, на кое нема право, ако со своето агресивно држење, закани и диктати кон Македонија, му нанесе, а веќе и му нанесува, сериозна штета на НАТО. Ќе го уништи неговиот темел: солидарноста меѓу државите!

Непримањето на Македонија во НАТО е спротивно на неговата повелба, бидејќи нашата земја ги исполнува сите услови за членство.

Со јасно изразена политичка волја и општ консензус на народите, Македонија сака да биде членка на НАТО. Ние сме далеку подемократска држава од Грција. Негуваме малцински права на ниво повисоко од повелбата за Човекови права на Европа, додека Грција гони Македонци, Турци и Албанци само оти не сакаат да бидат Грци. Учествуваме во сите операции на НАТО со цели 4 отсто од нашите оружени сили, а Грција само со 0,1 отсто!

Конечно, непримањето на Македонија ќе покаже дека НАТО е виц, смешка, бидејќи не само што не е солидарен, туку паѓа на испитот на стратешката одбрана на ЕУ поради Грција која на светот гледа од истиот агол од кој Европа ја мерка нејзиниот најголем непријател фундаментализмот, кого имено го карактеризираат исти шовинистички и исклучиви диктати како и тие на Грција!

Талибанците кои дословно до еден ги истребија Хазарите од Авганистан, или БААС партијата на Садам Хусеин, која со бомби и гас ги “чистеше” Курдите само оти не сакаа да бидат Арапи, како што Македонците, Турците и Албанците ги чистат оти не сакаат да бидат Грци!
Непримањето на Македонија во НАТО ќе биде лоша порака да силите со кои војуваме на фронтот на демократијата против тероризмот. Ќе разберат дека не само што нема единство, туку најважното крило на НАТО, непосредно потпрено на фронтовите во Ирак, Авганистан, Израел, Палестина и Либан, е со дупка во него, а Алијансата потресена однатре, лидерот САД вулгарно дезавиурани!

Македонија ќе биде членка на НАТО со или без Грција. Доволно е да бидеме упорни во афирмирањето на нашите предности - колку и да сме несовршени, подобри сме од Грците.
Ништо повеќе!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
После, кога ќе кажам дека Груевски игра влада со деца, место да земе начитани, речити лица кои знаат како да ја претстават нашата сосила наметната (од Грција и останатите земји во соседството) мака, се јавуваат послушници кои подалеку од носот не гледаат и кенкаат.

Бујрум, читајте го погорниот текст. Кој друг наш бивш или сегашен политичар кажал јасно и гласно дека не треба да се попушти, ама со убави мисли?
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
јасно и гласно и убаво...
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ќе не изподупат на крај.
како се е во ред, економија, ќе има инвестиции, сега ќе има и НАТО, ќе има и ЕУ набргу, само уште една мала остапка,името.
Зошто едно име да биде нешто кое ќе го спречи вашиот народ да ги почувствува благодетите на цивилизацијата.
Замислете. Работа за сите, убави домови, насмеани лица.
Зошто се тоа би го ризикувале поради вашата тврдоглавост?
....
Мислам дека нешто вакво ни местат.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Реков и пак ќе речам. Не се слушаат оние кои знаат, туку самите себе.
не ги гледаат реално нешатата...или не сакаат, намерно.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Гарфилд, гледам дека Чашуле ти е фаворит за министер и нема ништо лошо во тоа. Сите ние имаме симпатии спрема еден или друг.

Написите му се добри но тоа ама баш ништо не значи кога човек е во опозиција, тогаш секој може прекрасно да пишува.

Може да му е извадена изјавата во Шпиц од контекст но неговиот завршен збор е многу јасен така да се плашам дека се тоа негови оригинални изјави:

“Требаше да го прифатиме најновиот предлог на Метју Нимиц и да побараме тој да биде последен. Во услови на криза, недефинирана иднина и наредени порази, НАТО ќе ја принудеше Грција на капитулација. Вака, тврдо заигравме на погрешен такт и сега ќе молиме тоа едното име што ќе ни го наметнат ако не се опаметиме , да не биде толку грдо и ќе кукаме со тоа да престане нашата капитулација која трае 17 години!„

НАТО можеше да ја принуди Грција на капитулација да сакаше ама не сака и оваа реченицца е тотално бесмислена.

Последниот предлог на Нимиц на сите ни е јасно дека беше македонски погреб и затоа и беше одбиен од владата!

Значи Чашуле јасно и гласно кажува дека мислењето на народот не е битно (кој е против промена на име за влез во НАТО), ја обвинува владата за таквиот “погрешен такт“ и однапред прејудицира дека сега ќе ни наметнеле име???

Во едно се слагам со него, нашата капитулација трае 17 години вклучувајќи ги и оние кога тој беше министер!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Вон контекст е текстот. Верувајте ми.

А како може НАТО ја принуди Грција на капитулација пишав на друга тема, да не се повторувам.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
648
Поени од реакции
7
Вон контекст е текстот. Верувајте ми.

А како може НАТО ја принуди Грција на капитулација пишав на друга тема, да не се повторувам.
NATO nema interes da ja prinudi Grcija na kapitulacija



Francija prodolzuva so svojata anti-makedonska pozicija

Кушнер: Потребно е друго име за Македонија

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски за време на посетата на Париз го слушна она што веќе го кажа францускиот шеф на дипломатијата Бернар Кушнер минатата недела во Брисел – дека на Република Македонија „и' е потребно друго име, но двете земји се тие што треба да го изберат“.

Од изјавата на Кушнер се добива впечатокот дека неговата грчка колешка Дора Бакојани успеала да го убеди Париз дека таа покажала конструктивност околу прашањето за името. Но, Париз преку својот популарен министер за надворешни работи вели дека „не е тој што треба да избере за името на земјата“. Двете земји ќе треба да го направат тоа.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не е можно две земји да одлучуваат за името само на едната,може да одлучуваат само за името на двете земји истовремено.Значи доколку некој во иднина побара конструктивност и компромис за името од Македонија тогаш истото тоа треба да го бара и од Грција.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
NATO nema interes da ja prinudi Grcija na kapitulacija



Francija prodolzuva so svojata anti-makedonska pozicija

Кушнер: Потребно е друго име за Македонија

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски за време на посетата на Париз го слушна она што веќе го кажа францускиот шеф на дипломатијата Бернар Кушнер минатата недела во Брисел – дека на Република Македонија „и' е потребно друго име, но двете земји се тие што треба да го изберат“.

ljigav samo kako sto Francuz moze da bide..., ako se pogodi od toa ljigavite....

Од изјавата на Кушнер се добива впечатокот дека неговата грчка колешка Дора Бакојани успеала да го убеди Париз дека таа покажала конструктивност околу прашањето за името. Но, Париз преку својот популарен министер за надворешни работи вели дека „не е тој што треба да избере за името на земјата“. Двете земји ќе треба да го направат тоа.
Kusner e PEDERCINA nevidena, gramziva bitanga koja na decata po Afrika lebot od usta im go zemase, za bludot na Kosovo i pred toa za pljackanjeto po ex-yu da ne zboruvame....
...ne veruvam deka Bakojani se trudela da go ubeduva...verojatno vo pridruzbata imala nekoj grk so afrikansko poteklo :)

ljigav samo kako sto francuz moze da bide ....,ako se pogodi od toa sortata na ljigavite.....
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43



Бакојани не доаѓа кај Кушнер да го убеди. Таа доаѓа кај него да се напои со инспирација.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Грција е обврзана да ја нарекува Македонија – Република Македонија

Томаш Милеј, професор на Правниот факултет на Универзитетот во Келн ги објаснува правните аспекти на спорот со името меѓу Македонија и Грција.
МИА интегрално го пренесува интервјуто на Томаш Милеј за Дојче веле.

Што е посебното значење во спорот со името меѓу Македонија и Грција од правна гледна точка?
- Посебноста на значењето во спорот со името е во правото на народите, односно за обичајното право. Тоа подразбира право да можеш да си избереш име. Но, меѓународно-правно погелднато, за овие прашања не постои напишана регулатива. Според мене, бажно е што кажува традицијата, односно постои обичајно право според кое државите можат да се наеркуваат така како што самите сакаат. Но, едно друго обичајно право вели дека таквото име по правило другите го акцептираат. Барем тоа е така во Европа. Европската историја покажува дека државите се нарекувале според државотворниот народ. Данска според Данците, Литванија според Литванците и така натаму. Тоа треба да си го замислите вака: се работи за обичај кој е поддржан од извесна правна убеденост. Тоа значи дека една држава си вели, јас го правам ова зашто правно сум обврзана на тоа. Сега се поставува прашањето дали овие два обичаја, од една страна слободно да си избереш име, а од друга другиот да го акцептира името што си го озибрала државата, дали таквите обичаи се должат на правно убедување. Јас би одговорил потврдно, затоа што државите во меѓународно-правните односи настапуваат под нивното име. Ако некоја држава не е согласна со тоа и има правни забелешки, тогаш тоа треба и да го соопшти. Но, таква традиција не е позната. Во историјата на меѓународното право имаше само еден случај кога избраното име не беше прифатено. Тоа е случајот со таканаречената Република Германо-Австрија од 1918 година. Тогаш државите протестираа и Репулика Германо –Австрија мораше да се преименува во Република Австрија. Тоа беше поврзано со фактот дека со името Република Германо-Австрија истовремено се прогласуваше членство во Германската република, а во уставот за важечки беа прогласени и територијални претензии кон Чехословачка што тогаш беше и правна програма. Овој случај не се вклопува во случајот на Македонија.

Во практиката 120 држави, меѓу нив и три членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ја признаа земјата под името Македонија. Што значи тоа конкретно за Грција?
- Тоа за Грција не значи ништо. Ако сепак го земеме широко прифатеното мислење дека прашањето за имињата не е меѓународно правно регулирано, тогаш би се случило секоја земја да може да ја нарекува Македонија така како што сака.
Тоа на пример, значи кога САД велат – ја нарекуваме Македонија – Македонија, Република Македонија, тогаш тоа е изјава која важи само во односите меѓу САД и Македонија. Тој факт врз Грција нема никакво влијание. Но, како што веќе кажав, ако тргнеме од тоа дека според народно обичајното право Грција е обврзана Македонија да ја нарекува Република Македонија, тогаш Грција е обврзана тоа и да го направи. Но, во оваа ситуација има една посебност. Во 1995 година Република Македонија потпиша договор со Грција во кој Македонија се согласи за името да преговара со Грција. Оттогаш за Грција не постои таа обврска, зашто народното право е право меѓу државите. Тоа значи дека Македонија можеше да бара од Грција да го прифати името врз основа на обичајното право, но чекорот беше направен и Македонија се откажа од тоа право. Тоа се случи со договорот од 1995 година.

Да замислиме, чисто теоретски, еден пример. Во граничниот појас меѓу Германија и Франција одеднаш постои малцинство и тоа сака да стане слободна држава под името Алзас или Париз. Дали е тоа во ред?
- Во народното право постои една фигура што се вика злоупотреба на правото. Во основа секоја држава има право на слободно дејствување. Тоа значи дека една држава меѓу Франција и Германија може да се нарече Алзас или Париз, или Бангладеш или Индија... Меѓутоа, постојат извесни граници до кои тоа право може да се користи. Тоа се границите на злоупотребата на правото. Правото не смее да се злоупотребува. А, кога може да се зборува за злоупотреба тоа е мошне прецизно определено. Тоа би било случај кога една држава би се нарекла Париз, за намерно да и наштети на Франција и намерно да предизвика конфузија или пак кога постојат големи разлики во интересите. Или пак, да речеме, таа нова држава, што би било ужасно неразумно, да се нарече Бангладеш. Тогаш може да се зборува за злоупотреба на правото.

Во Грција постои мислење дека позицијата на Македонија е толку тврда зашто САД решија Косово да го признаат како независна држава. Што би рекле за тоа?
- Јас досега не видов дека една страна во спорот е особено флексибилна, а дуга особено тврда. Јас повеќе би рекол дека обете страни малку од малку се придвижија кон решение. Грција на пример, најави дека би се согласила со сложено име што би го содржело и поимот Македонија, а Македонија дека би прифатила таква сложенка, но само во односите со Грција. Веќе тоа е еден напредок. Мислам дека големата ескалација во спорот со името е зад нас кога Грција воведе економско ембарго во 1995 година против новата држава што за таа држава значеше големи економски штети. Тогаш косовското прашање се уште не беше актуелно, па затоа и не гледам никаква директна врска.

Но, како тогаш да се реши проблемот?
- Тоа треба да го проценат државите. Како што реков, меѓународното право го создале државите и тие го спроведуваат. Државите би можеле, врз доброволна основа, еден спор да го постават пред некој судски орган со кој ќе се согласат двете држави. Треба да се образложи и надлежноста на меѓународниот суд на Обединетите нации, на Хашкиот трибунал, за да се занимава со правниот апсект на ова прашање. Но, ако тоа не го сакаат, тогаш тие мораат самите да најдат решение. На крајот ќе зависи од тоа која држава е дипломатски повешта, односно, конечно и од тоа која држава има повеќе моќ. Која од државите подобро ќе успее да се пробие со својот став. Тоа е атавистичко сознание, но така е.

Значи тоа е прашање на моќ?
- Да, тоа е прашање на моќ. Но, јас сепак ќе речам дека според народното обичајно право, Грција има обврска наскоро да го прифати тоа име. Зашто Грција со нејзината политика доведе до таква ситуација во која Македонија беше вовлечена во преговори за името. Значи јас би рекол дека иако Македонија тогаш беше во право, дојде до ситуација во која новата држава не можеше да го спроведе правото и во која се проби една држава која, според мене, не беше во право. Притоа воопшто не мислам политички или морално, туку чисто меѓународно-правно.

Значи, може да се каже дека од меѓународно-правен аспект позициите на Грција не се сфатливи.

- Не. Од меѓународно-правен аспект, позициите на Грција не се разбирливи. Ме прашавте и тоа дали во овој случај не станува збор за злоупотреба на народното право. За тоа може да се зборува само во исклучителни ситуации. Тоа значи: овде треба да се докаже дека во овој случај Македонија специјално се нарече Македонија само за да и наштети на Грција. Според мене, тоа не е случај. Ознаката Македонија за словенскиот народ таму е прашање на идентитетот. Тие се чувствуваат како Македонци и затоа се нарекуваат Македонци, а не за да и наштетат на Грција. Изборот на името нема намера некому да наштети, туку е поврзано со идентитетот.

Меѓутоа, 25 насто се Албанци, има Роми и други...
- Но, тоа е државотворниот народ. Во Полска во периодот меѓу двете војни Полјаците беа само 65 насто од населението. Французите велат „насион титулер„. Станува збор за внатрешниот состав на државата, а не за народното право. Прашањето е дали Албанците во Македонија ќе бидат третирани како национално малцинство или како конститувен народ, како што се велеше во уставот на поранешна Југославија. Но, тоа е прашње на внатрешната структура на републиката. Освен тоа, во врска со ова станува збор и за принципот за немешање во внатрешните работи.
Тоа значи дека ако Македонија кон светот настапува како Република Македонија, некој би можел да каже дека интерно постојат групи што тоа го ставаат под прашалник.
Грција нема право тоа да го користи , ниту пак која и да е друга држава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom