Dr_ViRuS
DarkSide with green light
Абе на А1 главни вести и се контињерите на Пластичарска улица
и да го трујат населението
Осуммина се приведени во ноќешните безредија во Скопје, близу грчкиот конзулат, во кои се повредени девет полицајци, граѓани, а нападнати се и новинарски екипи.
Безредијата ги предизвикаа неколку стотици лица, кои по завршувањето на собирот за заштита на името, се упатија кон грчкиот конзулат во Скопје и фрлаа камења и шишиња, соопшти полицијата.
Во нападите полесно се повредени осум полицајци, а оштетени се четири полициски возила, скршени се и неколку прозорци од станови.
Еден полицаец бил потешко повреден кога се обидел да го легитимира лицето Никола Георгиев - командант Коки (31), осомничен дека ги поттикнувал учесниците да фрлаат предмети.
Полицаецот со потрес на мозокот и други телесни повреди е пренесен во Градската болница во Скопје и е задржан на лекување.
Полицијата против приведените, кои се на возраст меѓу 20 и 30 години, ќе поднесе кривични пријави.
Две лица од Тетово побарале лекарска помош во болница, бидејќи биле физички нападнати од десет непознати лица, кои носеле со себе знамиња и транспаренти.
Според полицијата, претходно на собирот против промена на името на Македонија, на плоштадот „Пела“ во Скопје, присуствувале околу 10.000 граѓани.
Протестот на плоштадот се одвивал во мирна атмосфера, без насилство и инциденти.