Па и јас таму бев, се враќав од школо, впатем и албанци и македонци и полиција истото ќе ти го потврдат. Симни се некој пат до Битпазар и прашај ги они што ја чуваат робата на пазар ( пандури ) и прашај ги, прашај ги и старите тезгаџии на пазар истото ќе ти го кажат. Тркни до П.Ц. Битпазар и прашај го командирот ( Албанец е, нема да те лаже ) истото ке ти го каже. Ако уште не ти се верува можеш да тркнеш и до универзитецка библјотека ( тука ти е во близина ), побарај по весниците од тоа време, на имињата на загинатите (вкупно 4) нема ни едно дете на возраст од 10 до 14 години. Целата ситуација тогаш ја предизвикаа двајца наркомани кои проширија дека го утепале детето, а оно само бегајки од полиција се сопнало и паднало па после пренесено во амбулантата. Едниот од наркоманите е мртов од овердоуз, се надевам дека и другиот е веќе во мртов.