и во Битола имало протести само со помалку луѓе читајте...
Инцидент поради името во Битола
БИТОЛА - Грчката Канцеларија за врски во Битола од вчера е под засилено полициско обезбедување. Двајца млади битолчани претпладнето само што не предизвикале инцидент. Тие се обиделе да протестираат пред вратите на канцеларијата, поттикнати од новиот предлог на мадијаторот Метју Нимиц за името на државата. Очевидци виделе револтирани битолчани, облечени во црвени маици, со партиски симболи, во рацете го вееле знамето на Виргина и извикувале антигрчки пораки.
Објектот на грчката Канцеларија за врски е сместен во строгиот центар на градот, а во моментот на инцидентот многумина граѓани чекале ред за визи. Обезбедувањето на грчката канцеларија веднаш повикало засилување од битолската полиција. Чуварите на редот ги разбркале потенцијалните демонстранти.
„Млади луѓе почнаа да вреват и да извикуваат антигрчки пораки. Потоа се приближија со развиорено знаме, а на себе носеа црвени маици од последните избори на ВМРО-ДПМНЕ. Најверојатно имаа намера да предизвикаат инцидент, но обезбедувањето реагираше навреме“, раскажува очевидец.
Од СВР во Битола велат дека станува збор за индивидуален случај и дека состојбата е нормализирана. Според полицијата, лицето било оддалечено од зградата на грчката канцеларија и потоа се упатило кон Широк сокак.