Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
став изграден по добри консултации со нашите експерти по меѓународно право ( кои ги имаме доволно)
Некако политичарите ми делуваат како усрани голуби, а само до некни беа полни со себе демек немаме гајле се е спремно, НАТО само нас не чека итн. Сега наеднаш накиснати, па незнам референдум, па ова па она, значи ни плеснале шамар за тоа што малку повеќе се курчевме. Дека ќе ни го менуваат името ако сакаме да влеземе во НАТО е повеќе од јасно, па ние сега си калкулираме кое од новите имиња повеќе би ни одговарало „Независна„ или „Демократска„ оти другите се апсолутно неприфатливи и навредливи. Но ако не изиграме паметно и пак глумиме фактор „Х„ може да не најде кокошкина срамота, па после место во НАТО ќе бараме прием во КЗК (косовски заштитен корпус). Значи не е време за собирање на ситни политички поени и да се делиме на оние со „тврд веќе познат став„ и на „некои неодговорни политичари„ . Потребен е широк политички консензус по тоа прашање, заеднички став изграден по добри консултации со нашите експерти по меѓународно право ( кои ги имаме доволно) и одлука која ќе ја донесе Собранието со поединечно и јавно гласање (колку да нема глумење по тоа кој колкав патриот бил). Референдумот е неприфатлив од повеќе причини: можност за бојкот од албанскиот блок, можност за манипулации, неможност да се срочи такво прашање со толку детали на кое ќе може да се одговори со ЗА и ПРОТИВ и сл.
...
На сите треба да ни биде совршено јасно дека тој поранешен дел од Македонија засекогаш ќе остане во Грција и никогаш нема да биде дел од Република Македонија.., Истото важи и за Пирин и за Пустец.....
...
кои експерти?
Тупурковски?
Камбовски?
Шкариќ?
Фрчковски?
па ние сега си калкулираме кое од новите имиња повеќе би ни одговарало „Независна„ или „Демократска„ оти другите се апсолутно неприфатливи и навредливи.
Го слушав Грујо на вести , убаво се изјасни човекот ...
Во очите му се виде мило што излеговме на протестот ...
Паметен е тој , само како политичар несмее да зазема агресивен став :
ако некој помислува на поинаква опција од партиите , тогаш јас ќе се залагам за референдум ...
Значи дека тој не помислува за промена на името...