ДО ДРЖАВНИОТ И ВЛАДИНИОТ ВРВ НА РМ
Нема вистински Македонец кој би се согласил со про-
мена на уставното име на Република Македонија. Нема
вистински Македонец кој се согласил со референцата
ФИРОМ, срамно наметната на нашата држава во ООН во
почетокот на 90-тите години од минатиот век. И, на крај,
нема Македонец, особено по потекло од Егејскиот дел на
Македонија, кој би се согласил со срамните подметнувања
кои ј ги прави Р Грција на нашата земја, обидувајќи се да
ј ги обезличи нејзиното уставно име, националниот иден-
титет на македонскиот народ и на тој начин да ја уништи
засекогаш древната, старозаветната, новозаветната и со-
времената македонска национална историја. Ние потекну-
ваме од делот на Македонија, Егејскиот, кој со насилната
поделба на Македонија во 1913 г. во Букурешт, го при-
граби Грција и сега тој чин се обидува да го наметне како
правда врз татковината на нашите предци, на нивните
потомци и на нас современите синови и ќерки на маке-
донскиот народ, кои никогаш не сме биле ништо друго
освен Македонци и кои не знаеме за друга татковина
освен за Македонија. Токму затоа во Граѓанската војна од
1948 г. грчкиот режим стори сe за да протера што поголем
број Македонци од своите прадедовски огништа, веро-
јатно за да може денес да тврди дека во Република Грција
нема македонско малцинство, а од друга страна, грчкиот
премиер, Костас Караманлис, обидувајќи се да го акцен-
тира сопствениот страв од кохезирање на Македонците
во неговата држава, во врвните институции на ЕУ, како и
во НАТО, гласно да тврди дека во Грција денес живеат 2,5
милиони Македонци. Како тогаш нема македонско мал-
цинство?!
Ве молиме, почитувани раководители на Р Македонија,
да не отстапувате ниту за милиметар од уставното име, со
што ќе ги одбраните честа и достоинството на маке дон-
скиот народ од древнина, сe до денес и за иднина. А и
нема повозвишена доблест во државните раководители
освен одбраната на честа и достоинството на својот на-
род и држава. Денес сте во позиција на Македонија и на
македонскиот народ да им ја потврдите надежта дека ги
водат вистински македонски синови и ќерки.
Координативен комитет на Здруженијата на
Македонците по потекло од
Егејскиот дел на Македонија
в.д претседател Ташко ЈОВАНОВ