КОЧАНИ-градот на оризот
еве јас нешто зза мојот роден крај -Кочани
Кочани е
град во источниот дел на
Република Македонија со 28 330 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.
Градот Кочани се наоѓа на 120 km одалеченост од главниот град
Скопје, поточно ја завзема северната страна на
Кочанска Котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанската Река. Градот има јужна поставеност во однос на 2252 метри високите
Осоговски Планини, а 8 km јужно од Кочани плодното Кочанско поле завршува и почнува планината
Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина на Кочани е познатиот зимски туристички центар
Пониква.
Низ градот поминува магистралната сообраќајница M-5 која се поврзува со
Штип (30 km) и
Велес (70 km), а потоа излегува на автопатот Е-75 (Скопје-Гевгелија), односно со оваа собраќајница Кочани е поврзан со Централна Македонија. Кочани е крстосница на повеќе регионални сообраќајници со кои е поврзан на исток со
Виница (10 km),
Македонска Каменица (30 km),
Делчево (55 km),
Берово (60 km), бугарска граница (65 km). На запад е поврзан со
Пробиштип (36 km) и Кратово (48 km). Исто така Кочани е поврзан преку железничка пруга со Штип, Велес и Скопје.
Општина Кочани има 38 092 жители) од кои:
Историја
Како и за други населби во
Македонија и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, римска и византиска керамика, питоси и сл.) се пронајдени во реонот на селото
Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. За првпат во пишан документ се споменува во 1337 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделува црквата “Св. Димитрија” на градот.
Според пишувањата на турскиот патописец
Евлија Челебија, при пописот од 1519 год. Кочани било село со едно
муслиманско и 54
христијански семејства и 12 неженети
христијани (Tapu defteri 169, 170). Состојбата битно не се изменила ни во наредните децении. Во пописот од 1573 год. е забележано дека се уште преовладува христијанското население (50 семејства и 50 неженети), бидејќи и во таа година само едно семејство било
муслиманско (Tapu defteri 85, 446-447). Како населено место, Кочани плаќало пазарна такса која во истата година изнесувала 2.201
акче (турска платежна единица од тоа време) (Tapu defteri 437). Интересно е дека едно од двете кочански маала во тој период го носело името Самоков, веројатно по самоковот кој тука работел и на феудалецот му носел годишна рента од 60
акчиња. Според Челебија, во 1660 год. Кочани брои 600 куќи, со околу 3.000 жители, исто колку и
Куманово, на пример.
Кон крајот на 18. и почетокот на 19. век, Кочани броело само 300 куќи и околу 1.200 жители бидејќи целиот регион бил зафатен од колера. Кон крајот на 19. век градот се зголемува за околу 150 куќи, со доселувањето на маџири и крушевски
Власи. Според податоците на В. К'нчов во овој период Кочани броело околу 6.000 жители.
Во областа на политиката активно учествувале и жителите на тогашната општина Кочани, која се наоѓала во состав на
Кралството СХС (Србија, Хрватска и Словенија). Така, на изборите за тогашната Уставотворна скупштина што се одржале на 28. ноември 1920 год. е регистрирано дека во Кочани имало вкупно 930 избирачи, а во целата Кочанска околија нивниот број изнесувал 5.678. На изборите во 1927 год. бројот на избирачите се зголемил на 1.173, а во 1935 год. на 1.387.
Во однос на занаетчиството, забележано е дека во 1918 год. во Кочани имало вкупно 140 занаетчии, во 1934 год. нивниот број изнесувал 215, а до почетокот на Втората светска војна имало 369 занаетчиски дуќани.
[4]
Статистичките податоци од 1965 год. говорат за зголемување на бројот на жителите на околу 13.000, а денеска Кочани е општински и регионален центар со околу 30.000 жители.
Географија
Кочани е сместен на северната страна од
Кочанска Котлина, на местото каде што Кочанска Река ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е Кочанско поле, додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора.
Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од
Скопје), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од
Гринич. Надморската височина на која се наоѓа се движи меѓу 320 и 400 м.
Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5 степени Целзиусови, што значи дека е иста со онаа во
Струмица, а повисока од онаа во
Скопје или
Прилеп. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4 степени Целзиусови. Се јавуваат екстремно високи и ниски температури. Така на 22. август 1952 год. е забележана температура од 39,8 степени Целзиусови, а на 26. јануари 1963 год. живата во термометарот се спуштила на - 22,6 степени Целзиусови.
[5]
Образование
Основното обрзование во Кочани се изведува во четири основни училишта во градот (
“Никола Карев“,
“Св. Кирил и Методиј“,
“Раде Кратовче“ и
“Малина Попиванова“) и едно во населбата Оризари (
“К. П. Мисирков“). Средното образование е застапено во двете средни училишта - гимназијата
“Љупчо Сантов“ (каде има и економски паралелки) и електро-машинското училиште
“Ѓошо Викентиев“. Во Кочани се наоѓа и Правен факултет којшто работи во состав на
Универзитетот Гоце Делчев - Штип.
Збратимени градови
Личности
еве линк од веб страната на кочани
http://www.kocani.gov.mk/linkovi/uvod_mk.htm
Ајде кочанчани, дополнете нешто:helou: