Веќе два дена единствена тема што ја читам на форумов е оваа... искрено сум изненаден од единственоста на МЛАДИТЕ и истовремено сум многу горд заради тоа ... би сакал да сум таму да споделам со сите вас она што за мене е најважно т.е МОЕТО ИМЕ, ИМЕТО НА МОЈАТА ДРЖАВА името кое го има на мојот пасош кој гордо го носам секаде...имајте убав ден утре испаднете во огромен број а ние од дијаспората ќе ја шириме вистината за Македонија на оние кој што сакаат да ја знаат а верувајте има многу кој се грешно информирани но има исто така многу кој знаат која е Македонија и кој е Александар Македонски и со која држава тој владеел.
Вие таму направете го тоа што сакате да го правите, а гледам сега за сега супер ви оди. Ние од тука можеме само морално да ве подржеме и да разгласиме на тие што сеуште не се информирани за тоа што ќе се случува утре, а после денешниов ден неверувам дека има такви.
Имате поздрав и искрени желби за остварување на примарната цел како што е и наведено во сите соопштенија а тоа е МИРЕН ПРОТЕСТ а јас верувам дека останатото е сигурно т.е ИМЕТО никогаш нема да си го смениме, исто така имате подршка од сите македонци на кој им кажав за ова тука во Копенхаген, информирани се и тие преку веб серверите и сателитските програми на мтв и а1 телевизија.
И на крај ГОРД сум што мојата генерација (+-2,3 год) е толку обединета во едно, во она што за кое никогаш несмееме да направиме компромис со никого а тоа е ИМЕТО тоа е ИДЕНТИТЕТОТ кое од време на пердика 1. па до ден денешен е истото, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Со среќа дечки и со ум пред се. Бидете демократични направете демократски чекор, мирен протест е дел од демократијата и правата и слободите на секој човек.