DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.804
- Поени од реакции
- 5.581
Полицијата вчера уапсила неколку лица, осомничени дека ковале заговор за атентат врз авторот на контроверзните карикатури на пророкот Мухамед, објавени во данскиот печат.Агенцијата за разузнавање на Данска - Пет соопшти дека апсењата биле спроведени вчера во регионот на Архус, со цел „спречување убиство поврзано со тероризам“. Агенцијата појасни дека приведувањата биле извршени по повеќемесечно следење на осомничените. Пет не соопшти колку лица се уапсени, ниту нивната националност.
Карикатурите објавени во најтиражниот дански весник „Јиландс постен“ во септември 2005 година, предизвикаа негодувања и револт кај целиот муслимански свет. Агенцијата Пет не ја посочи можната цел на заговорот за атентат, но во електронското издание весникот „Јиландс постен“ го наведува токму Курт Вестергард, еден од 12-те автори на спорните карикатури.
Тој беше автор на најконтроверзната од серијата карикатури, на која најсветиот муслимански пророк беше прикажан со турбан во кој има бомба со запален фитил. Вестергард (73) и неговата сопруга Гите веќе неколку месеци живеат со постојано полициско обезбедување.