Не верувам во љубов?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сте го кажале ли некогаш ова?
Не верувам во љубов...
Зашто и која била причината за тоа?
Дали ве повредиле, сте се разочарале од некого или едноставно не сте нашле никој, па сте помислиле дека нема љубов?
Дали се уште стоите на зборот дека не постои љубов т.е дека не верувате или го сменивте мислењето?

А ако не сте го искусиле, што мислите зашто се случува оваа појава? Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?

И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат, мислејќи е љубов, па кога ќе се разочараат, викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Сте го кажале ли некогаш ова?
Не верувам во љубов...
Зашто и која била причината за тоа?
Дали ве повредиле,сте се разочарале од некого или едноставно не сте нашле никој, па сте помислиле дека нема љубов?
Дали се уште стоите на зборот дека не постои љубов т.е дека не верувате или го сменивте мислењето?

А ако не сте го искусиле,што мислите зашто се случува оваа појава? Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?

И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
неколку пати ми се има случено да го кажам тоа,најчесто откако ќе бидам разочарана и сл.мислам дека навистина е ретка онаа вистинска и чиста љубов,љубов без корист и повредување.
и да,мислам дека има врска со годините нашето мислење за постоењето на љубовта.можда не сум доволно стара и компетентна(ама пошто младината е напредна,нели:)),ама мислам дека со текот на годините нашата верба за постоење на љубов е се помала.
но сепак,верувам во љубов.ретка е и тешко да се најде,ама во мене постои надеж дека таму некаде постои :pipi:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Сте го кажале ли некогаш ова?
Не верувам во љубов...
Зашто и која била причината за тоа?
Дали ве повредиле,сте се разочарале од некого или едноставно не сте нашле никој, па сте помислиле дека нема љубов?
Дали се уште стоите на зборот дека не постои љубов т.е дека не верувате или го сменивте мислењето?

А ако не сте го искусиле,што мислите зашто се случува оваа појава? Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?

И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
Бев премлада и пренезрела кога велев дека не верувам во љубов, веројатно имав премногу погрешна претстава за тоа што љубовта би требало да биде.Со текот на времето, луѓето со кои што искусив како е да бидеш дел од нешто така чисто и ваше, ме научи да верувам во силата, но и да се пазам од неа кога знам дека ќе боли.

Вербата во љубовта се губи од милион и една причина, страв од разочарување, разочарувањето само по себе, преголемото влијание и заплетканите односи и релации, затоа секогаш на старт ја определувам природата на односот за подоцна да не дојде до збунување.

Сега навистина би било будалесто да не верувам во нешто што ми го менувало животот и ме насочувало на толку различни патишта.Како да не верувам во љубов кога таа беше првобитната причина да почнам да пишувам и да се надградувам сама себе.
:cvet:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Секогаш верувам во љубов, колку и да сум разочарана или депремирана, знам дека постои истата, само од каде и зошто. Секогаш сметам дека пости и никогаш не сум се прашувала дали има или не. :pipi:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Секогаш верувам во љубов, колку и да сум разочарана или депремирана, знам дека постои истата, само од каде и зошто. Секогаш сметам дека пости и никогаш не сум се прашувала дали има или не. :pipi:
Меѓутоа што мислиш зашто има луѓе кои не веруваат во љубов? Во таа насока и ми се движи темата.
Колку пати сум слушнала не верувам во љубов. Од каде таа појава?
Тоа ми беше и поентата на темата.:smir:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.677
Поени од реакции
13.291
Znaci temive koja od koja podobri i podobri...
Vaka... ideme po red
Сте го кажале ли некогаш ова?
"Не верувам во љубов.."
Da ednas odamna koga prviot brod potona, brodot koj mozese da otpatuva daleku no poradi ljubomorata na odredeni licnosto se mavna od limenka i potona vo plitkoto...Sega se smeam na togasnoto mislenje sto go imav izjasneto.

Bidejki odgovoriv vo recenicava na nekolku od prasanjava ke gi preskoknam tie Idemo dalje...

1.Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
2.Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?
Odgovori:
1.Ke da e od ova vtorovo...
2. Mislam deka e od opadnata samodoverba... Moze i razocaruvanje.
И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
Za godinite... Pa ne bi rekol godinite tuku iskustvoto.. Znaci ako ednas ja vratile verbata vo ljubovta polesno ke im bide. Bar jas taka mislam.
 

Black LiLy

Her Majesty, My Queen, HIP-HOP
Член од
5 ноември 2007
Мислења
109
Поени од реакции
3
Сте го кажале ли некогаш ова?
Не верувам во љубов...
Зашто и која била причината за тоа?
Дали ве повредиле,сте се разочарале од некого или едноставно не сте нашле никој, па сте помислиле дека нема љубов?
Дали се уште стоите на зборот дека не постои љубов т.е дека не верувате или го сменивте мислењето?

А ако не сте го искусиле,што мислите зашто се случува оваа појава? Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?

И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
Имаше еден период кога не верував во љубов веројатно бидејќи бев малечка, наивна и премногу очекував од луѓето и кога се разочарав, мислев дека нема љубов. Потоа, со сите болни искуства пораснав и сфатив дека ако немало љубов, немало ни да постојам. Си ги сакам мама и тато и бато, многу луѓе сакам...Секако дека постои љубов...Единствено, јас не верувам во луѓето. А љубовта постои. Ако човек знае да ја манифестира правилно, ако знае да ја насочи на вистинската личност...Можеби тоа е првото нешто што ме тера да се гадам од помислата дека постојат луѓе кои лажат дека љубат вистински. Единствени луѓе на светот и пошироко кои можат и знаат да сакаат вистински се нашите родители. Се другото е заљубување, страст... Единствено за нив и за брат ми би го дала и сопствениот живот и ниеден друг недостаток на љубов (мислам на момче - врска и сл.) не може да ме направи несреќна...
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Сте го кажале ли некогаш ова?
Не верувам во љубов...
Зашто и која била причината за тоа?
Дали ве повредиле,сте се разочарале од некого или едноставно не сте нашле никој, па сте помислиле дека нема љубов?
Дали се уште стоите на зборот дека не постои љубов т.е дека не верувате или го сменивте мислењето?

А ако не сте го искусиле,што мислите зашто се случува оваа појава? Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?

И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
Кај секој се има случено да се посомнева во моќта и воопшто во љубовта.Цел живот колку верувам толку не верувам од причина што секогаш сум била повредувана.Меѓутоа повеќе не сум верувала.И да мислам дека има врска со годините.Колку човекот станува повозрасен толку повеќе губи надеж дека ќе ја најде љубов.За младите е полесно затоа што за нив љубовта претставува прекрасно чувство на среќа пропратено со извесни несогласувања.А љубовта според мене е нешто повеќе од тоа.Љубовта е компромисот,погледот на задоволство додека партнерот те гледа со поглед преку кој се чита дека сака да е со тебе цел живот.Љубовта е довербата која ја гради врската.И да не должам многу.Верувам дека има некој за секого само треба да го најде.А тоа ќе се случи кога најмалку ќе очекува.
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Сум го рекла тоа , не верувам во љубов , неколку пати , во еден период во мојот живот кога бев разочарана на тоа поле .. Поради тоа разочарување тешко ми беше да го сменам мислењето шо го имав , дека не верував , ама ете со вистинската личност се сменија многу работи , воедно и мојот став.

Мислат дека сите во одреден период на животот , сме го рекле или помислеле тоа ..
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Никогаш не сум помислила дека не постои љубовта. Тоа ми е исто како да негирам дека постои сонцето или дека Земјата е тркалезна, што е токму така, нали. Но тоа не значи дека сум имала совршени врски, дека не ме повредил никој, дека не сум повредила никој, дека никогаш не сум била разочарана, дека не сум губела ... тоа е тој трнливиот пат кој се поминува за да се стигне до вистинската љубов. Мислам дека повеќе шанси да стигнат до целта имаат тие кои цврсто веруваат и кои се секогаш позитивно настроени во врска со тоа.:zaljuben:
Една од причините што има луѓе кои не веруваат во љубовта е тоа, а има уште многу. Би одговорила како повеќето ... сите негативни работи кои некому му се случиле, има голема веројатност да ја намалат вербата во љубовта. Има врска со годините, но и нема. Како што може на мало дете да му се случи тешко разочарување, така може и на возрасен човек, но би рекла дека почесто е кај помладите. Поограничено гледаат на работите, па поголеми се шансите неповторливо да се разочараат и така да го поминат целиот живот.
Има и една друга причина за неверување во љубов ... врска од 15 години која завршува со брак. Таквите врски најчесто преминуваат во навика, па кога ќе се освести човек, веќе има создадено цело семејство и е ставен пред сврешен чин. Често луѓето од таквите примери го признаваат тоа, затоа и сум сигурна дека е така. Знаат да кажат дека навиката е тоа што ги држи заедно и неможат да се замислат веќе еден без друг, но сепак нема љубов меѓу нив бидејќи им се лоши секоја вечер кога треба да легнат заедно во ист кревет.
Ех, кој ли може да ги наведе сите примери, кои е жалосно што ги има. Жалосно е до кое ниво е стигната недовербата во љубовта, а мене ми е мило што не го знам тоа чувство ... :pipi:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Меѓутоа што мислиш зашто има чуѓе кои не веруваат во љубов?Во таа насока и ми се движи темата.
Колку пати сум слушнала не верувам во љубов.Од каде таа појава?
Тоа ми беше и поентата на темата.:smir:
Па да постојат такви луѓе кои не веруваат во љубов, ама зашто хмм зашто се премногу повредени, разочарани и сметаат дека не постои истата, дека тоа е само илузија и нестварност. Ја изедначуваат љубовта со страдање кое сами си го одбираат. Тие луѓе мислат дека немаат сили да сакаат повторно и да се препуштат на љубовта, не веруваат во неа. Од толкаво разочарување, претопоставувам тие забораваат како било кога сакале среќно. Ама мислам дека тоа им е периодично мислење, зашто тие истите пак ќе излезат и пак ќе пронајдат некого со кого би сакале да поделат убави моменти. Едноставно немаат сили да веруваат во љубовта за која сметаат дека ги предала и немаат сили да веруваат во неа. Од одреден страв дека ако се заљубат пак ќе бидат повредени, ама љубовта е прекрасна, колку и да боли треба да се верува во неа. Обично ако подолг период некој не верува во љубовта таа особа се затвара во себе и се интересира за други работи пр. спорт, тв, книги и слично. Фактички бега од истата, а треба да се соочи за да пак може да сака со целото срце а не со страв.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па редно е да дадам и мое мислење на темава.

Вака, имам речено “Веќе не верувам во љубов“, но тогаш бев скршена од болка и едноставно бесот и разочарувањето збореа место мене. Ми се случуваше еден период нон- стоп бев во солзи, немав веќе причина да се смеам затоа што љубовта која ја чувствував ми беше постојано исмејувана, постојано бев повредувана, веќе не знаев ни дали имам волја да верувам во љубов.
Потсвесно знаев дека љубовта е она што ме тера да продолжам, да се борам, љубовта е секогаш она што ме инспирира да продолжам понатаму. Сепак, сметав дека ако се правам на три и пол и ако наводно се откажам од љубов ќе престанам да бидам повредувана. За емотивец како мене и вљубеник во љубовта, едноставно е невозможно да престанам или да се откажам од љубов. Може само да глумам лудило, но да не верувам во љубов - никогаш.
Целата моја сила всушност ја барам во љубовта, па не е логично да се откажам од неа.

За оние кои велат дека се откажуваат од љубов... ги разбирам... но, сепак не верувам дека не веруваат во неа, туку не сакаат да бидат повредувани и стравот едноставно ги надвладува па затоа и се плашат да не се изгорат. Но, сепак сметам дека кога ќе наиде човек на особата која искрено ќе го сака и почитува, тогаш сите оние работи како неверување во љубов, заклучување на срцето и стравови исчезнуваат, затоа што самиот човек увидува дека љубовта е тука и дека таа не може да се занемарува.

Некогаш сметам дека во прашање е и самодовербата.
Луѓе кои имаат ниска самодоверба или ја немаат воопшто, обично не ни погледнуваат околу нив.Се затвараат во себеси и со тоа што ќе негираат љубов, мислат дека ќе се затиштат од понатамошно дотолчување на самодовербата. Не веруваат дека некој би ги сакал, па оттука попрво би избрале да не веруваат во љубов отколку да пробаат воопшто.

А што се однесува до годините и јас сум неодредена. Баш ја слушав онаа песната од Џибони и Оливер Драгојевич и има еден стих кој вели...“старим ја, а у љубав вјере немам“. Баш размислував за овој стих, но се уште не можам да си дадам објаснување колку имаат годините улога во вербата во љубовта. Можеби за неколку години ќе имам цврсто изградено мислење за тоа колку годините имаат врска, сега се уште се двоумам.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Eдно време, на сите мој најблиски, им велев да веруваат, дека постои љубов, дека еден ден , ке бидат среќно заљубени со своите партнери , дека љубовта не е чуство кое само повредува и си оди, дека секој го доживува во својот живот, еднаш или повеќе ...


Помина мн, време од тогаш , ако денеска би се запрашал јас самиот, дали постои љубов : би одговорил, дека не знам, не сум ја осетил на своја кожа и сум дигнал раце од неа.... Можеби во некое др, време повторно ке речам дека некогаш постоела и сум бил среќен
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Pa vaka deka ne veruvam vo ljubovta imam kazano ednas odamna! Mislam deka toa ne bev ja tuku razocaruvanjeto, bolkata, lutinata i vo odreden moment neznaenjeto sto drugo da kazam i napravam. Toa bese pregolemo razocaruvanje za mene, dovebata bese skrsena, ne veruvav deka nekogas pak ke mozam da sakam nekoj tolku cisto i nevino. Zatoa sto togas toa mi bese ljubovta na mojot zivot. Megjutoa so vreme sozreav i svativ deka ne bilo se taka crno kako sto mi izgledalo nekogas. Da mi trebase poveke vreme da prebolam i da mozam da prodolzam ponatamu. No sega znam deka ljubov definitivno postoi i deka treba da se trudam za taa ljubov da opstane i da bidam srekjna.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
сум имала кажано неколку пати дека не верувам во љубов...или поточно 3 пати(кога бев крајно разочарана од спротивниот пол)си велев-ма каква љубов, тоа е минлива работа, нема љубов за цел живот, веќе никогаш нема да размислувам со срцето-разумот ке го победи, nevermore, nevermore...

Сега ми е сменето мислењето и (за жал) срцето пак ми е на прво место, ме води, но сепак не верувам дека постои љубов за цел живот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom