Се согласувам со пост број 1 и само би додал дека за да имате успех кај некоја девојка, треба добро да ја разберете нејзината психа...Треба добро да ги најдете сите „контролни точки“ (тоа се оние делови...оние начини на размислување) кои ја прават да биде несигурна и да ги експлоатирате до максимум, правејќи шега на нејзина сметка. Значи, не навреда, туку шега:wink:. Знаете, онака добронамерно. Тие шеги ја „разоружуваат“ и верувајте дека следното нешто што ќе го кажете после тоа го прифаќаат како апсолутна вистина. Друго нешто што би препорачал е секогаш вие да бидете мажот во врската, т.е. вие да бидете тие кои ја водат играта. А и дозволите на жената да превземе контрола, тогаш ништо од бизнисот.
Првото и основно правило кое треба да го знаете пред да и се пуштите на некоја е дека женскиот мозок работи далеку поразлично од машкиот. Ние не можеме да ги сфатиме како размислуваат, па најдобро се успева кај нив доколку тие не можат да не сфатат нас. Жените сакаат мистерија и возбуда. Никогаш не им откривајте целосно детали за себе. Оставете ги да погодуваат...оставете тие да бидат желни да дознаат нешто повеќе за вас, а потоа таа желба искористете ја во своја полза. Се што треба да направите е да го добиете нивното внимание и да се однесувате на начин кој ќе биде непредвидлив за нив, а потоа пуштете магијата самата да си работи:smir: